Италина „Ида“ Кравања (7 јули 1907 – 10 мај 1979 година), позната под псевдонимот Ита Рина, била словенечка филмска глумица и мис на убавица. Била една од најголемите филмски ѕвезди во Германија и Чехословачка во доцните 1920-тите и почетокот на 1930-тите години. Од својата кратка кариера, Ита Рина се повлекла веднаш по венчавката во 1931 година, кога таа ја сменила и религија од римокатоличка во православна српска и името во Тамара, земајќи го презимето на сопругот Ѓорѓевиќ.

Ита Рина
Ита Рина во 1928 или 1929 година
Роден(а)Италина Лида Кравања
7 јули 1907(1907-07-07)
Дивача, Австроунгарија
Починал(а)10 мај 1979(1979-05-10) (возр. 71)
Будва, СФРЈ
ЗанимањеГлумица
Активен1927–1960

Живот и кариера

уреди

Младост и кариера на модел (1907-1926 година)

уреди

Ита Рина е родена на 7 јули 1907 година, во малиот град Дивача (тогаш во Австроунгарско Царство, подоцна Југославија, денес Словенија), како Италина Лида Кравања. Таа кратко време била нарекува Ида Кравања. Таа била прва ќерка на Јожеф и Марија Кравања, а имала помлада сестра Даница. Набргу по избувнувањето на Првата светска војна, семејството се преселило во Љубљана, каде Ита Рина запишала училиште во 1923 година. Не била добар ученик и го повторила третото одделение на основно училиште. Сепак, нејзиниот сон бил да стане глумица.[1]

Во октомври 1926 година, списанието Словенски народ, организирало избор за мис на убавица, и Рина влегла во конкуренција. Таа била крунисана за Мис на Словенија и требала да отпатува на финалниот избор за Мис на Југославија, кој требал да се одржи на 20 декември 1926 година во Загреб. Но, нејзината мајка не сакала таа да оди во Загреб. По заедничката посета на словенечката делегација, мајка ѝ Марија попуштила. За жал, кога Рита пристигнала во Загреб, жирито веќе ги одбрало трите најубави финалистки. Таа сепак била забележана од страна на Адолф Милер, сопственикот на киното Балканска Палата во Загреб. Тој веднаш ги испратил нејзините фотографии на германскиот филмски продуцент Питер Остермајер.[2] Бидејќи мајка ѝ не сакала да ја пушти да оди во Берлин, Ита Рина побегнала од дома.

Филмски успех (1927-1939 година)

уреди
 
Ита Рина во 1928 или 1929 година.

Ита Рина пристигнала во Берлин во 1927 година. Набргу ја имала првата аудиција, по што почнала да зема часови по глума, дикција, танцување, возење и јавање. Првото деби и било во филмот Што децата кријат од родителите, во режија на Франц Остен, во 1927 година.[2][3] По неколку мали улоги во филмови во 1927 и 1928 година, критичарите конечно ја забележале со улогата во филмот Последна вечера, од 1928 година. Истата година, Ита Рина го сретнала нејзиниот иден сопруг, студентот Миодраг Ѓорѓевиќ. Нејзиниот голем пробив бил следната година, во филмот Еротикон, во режија на Густав Махатиј.[3] Во филмот таа ја играла главната женска улога на младата сензуална Андреа. Големиот успех на филмот, посебно дел од сцените во филмот, ги вознемирило моралните кодески и христијанските организации. Католичкиот свештеник Батлеме, напишал: „...Прво, тие лежат еден до друг, а тогаш еден на друг... Точно е дека покривката ги крие нивните фигури, но таа не ги крие нивните движења... А гледачот може да ја препознае нејзината возбуда, тогаш нејзиниот израз на анксиозност, кој се меша со копнеж, болка и на крајот... и јас поруменив од срам опишувајќи ги сцените“. Ова сепак, бил и најдобариот маркетинг за филмот, на почетокот на нејзината кариера.

Во 1930 година, Рина играла во три филма, од кои најважен е првиот звучен чешки филм Тонка Шибенице. Улогата во овој филм се смета за нејзина најдобра улога. Во 1931 година таа стапила во брак со Миодраг Ѓорѓевиќ, и ја сменила религијата. Била покрстена во Руската православна црква, и го добила името Тамара. Во врска со името таа изјавила: „Сакав да бидам покрстена како Љубица, но рускиот министер не дозволи. Тој ми предложи да ја земам руската варијанта Љубов, но јас одбив. И така ме крстија Тамара.“ Истата година, Рина добила понуда од Холивуд, но нејзиниот сопруг не се сложил, и ѝ дал да избере меѓу кариера и брак. Одбрала да остане со него, откажувајќи се од кариерата. Иако се повлекла од филмската кариера, сè до избувнувањето на Втората светска војна, таа сепак имала неколку улоги. Нејзиниот последен предвоен филм бил криминалистичката драма Централе Рио.

Брак, доцни години и смрт (1940-1979 година)

уреди

Откако се откажала од филмска кариера, таа со сопругот се преселила во Белград. Во 1940 година, го родила синот Милан. По бомбардирањето на Белград во 1941 година, семејството се преселило во Врњачка Бања, каде им се родила ќерката Тијана. Назад во Белград се преселиле по крајот на Втората светска војна, во 1945 година. Иако ѝ биле ветени неколку улоги во југословенски филмови, сите проекти биле откажани. По писмото кое таа го напишала до претседателот Тито, Рина почнала да работи како копродуцент советник во Авала филм. Му се вратила на филмот уште еднаш, во 1960 година во филмот Војна, во режија на Вељко Булајиќ. Таа била нејзината последна улога.

Поради тоа што страдала од астма, таа и нејзиниот сопруг се преселиле во Будва (тогашна Југославија, денес Црна Гора) во 1967 година. Таму, се грижела за нејзиниот сопруг, кој боледувал од склероза. Рина починала на 10 мај 1979 година од астматичен напад. Била погребана неколку дена подоцна во Белград, во присуство на бројни филмски уметници, почитувачи, пријатели и семејството.

Филмографија

уреди
Година Наслов Формат Улога Белешки
1927 Што децата кријат од родителите Филм
Двајца под ѕвездите Филм
1928 Затоа што јас те сакам Филм
Последната вечера Филм Марија
1929 Диви бракови Филм
Еротикон Филм Андреа
Пролетното будење Филм Илсе
Ханба Филм Марта Холанова
1930 Тонка Шибенице Филм Тонка Шибенице
Галгетонови Филм Тонка Шибенице
Тонишка Филм Тонка Шибенице
Кралот на валцот Филм Зајне Тохтер
1933 Животот тече понатаму Филм
Песната на црните планини Филм Јела Груиќ
1935 Животот дал Филм Мари
1937 Коралната принцеза Филм Анка
1939 Централе Рио Филм Чикита Салиери
1960 Војна Филм Мајка

Наводи

уреди
  1. „Ита Рина - Прва југословенска филмска звезда“. Велики Људи (англиски). 2017-05-11. Архивирано од изворникот на 2019-04-19. Посетено на 2019-04-19.
  2. 2,0 2,1 Филмска енциклопедија, Југославенски лексикографски завод. Загреб: Мирослав Крлежа. 1990.
  3. 3,0 3,1 „YU FIPRESCI - Medjunarodna federacija filmskih kriticara“. www.sfipresci.org. Посетено на 2019-04-19.

Надворешни врски

уреди