Георг Ом
Георг Симеон Ом (16 март 1789 - 6 јули 1854) бил германски физичар. Го открил односот меѓу струјата и електромоторната сила, во негова чест наречен Омов закон. Тој дал значајни придонеси во акустиката, во оптиката на и во математиката. „Ом“ е единицата мерка за мерење на електричниот отпор во меѓународниот систем на мерки.
Георг Симеон Ом | |
---|---|
Роден(а) | 16 март 1789 Ерланген, Германија |
Починал(а) | 6 јули 1854 Минхен, Германија | (возр. 65)
Живеалиште | Германија |
Националност | Германец |
Полиња | Физика |
Установи | Минхенски универзитет |
Образование | Ерлангенски универзитет |
Докторски ментор | Карл Кристијан фон Лагсдорф |
Познат по | Омов закон Омов акустичен закон |
Поважни награди | Коплиев медал (1841) |
Животопис
уредиДетство и образование
уредиГеорг Симеон Ом се родил во протестантско семејство во Ерланген, кнежевството Бајројт (тогашен дел од Светото Римско Царство), син е на браварот Јохан Волфганг Ом и на Марија Елизабета Бек,ќерка на еден кројач во Ерланген. Иако неговите родители не биле формално образовани, таткото на Ом бил почитуван човек кој самиот се образовал на повисоко ниво и имал можност на неговите синови да им даде одлично образование преку неговите сопствени предавања.[1] Од седумте деца во семејството, само три преживеале до полнолетство: Георг Симеон, неговиот помлад брат Мартин кој подоцна ќе биде многу познат математичар, и неговата сестра Елизабета Барбара. Неговата мајка починала кога тој имал десет години.
Од раното детство, Георг и Мартин учеле од нивниот татко кој ги образовал на високо ниво во областа на математиката, физиката, хемијата и филозофијата. Георг Симеон од единаесет до петнаесет годишна возраст се школувал во Ерлангенската гимназијата каде што тој добил малку знаење од областа на науката што било недоволно во споредба со наставата која Георг и Мартин ја стекнале од сопствениот татко. Оваа одлика направила семејството Оми да имаат сличност со семејството Бернули, како што е наведено од страна на Карл Кристијан фон Лагсдорф, професор на Ерлангенскиот Универзитет.
Работа на универзитетот
уредиТаткото на Георг Ом бил загрижен дека неговиот син ќе ги пропушти образовните можности, па го испратил во Швајцарија. Таму во септември 1806 година Ом станал учител по математика во училиштето во градот Готштад на Нидау .
Карл Кристијан фон Лагсдорф го напуштил Ерлангенскиот Универзитет во почетокот на 1809 година и се вработил во Хајделбершкиот Универзитет, при што и самиот Ом посакал да дојде со него во Хајделберг за одново да ги започне студиите по математика. Меѓутоа Лагсдорф го посоветувал Ом да продолжи самостојно со неговите студии по математика, му предложил да ги прочита делата на Ојлер, Лаплас и Лакроа. Ом наместо да ги послуша неговите совети, тој ја напуштил наставата во Готштат во март 1809 година за да биде приватен учител во Нешател. За две години тој ги извршувал своите должности како учител додека истовремено го продолжил неговото приватно изучување на математиката. Подоцна во април 1811 година тој се вратил на Ерлангенскиот Универзитет.
Наставна кариера
уредиПриватните изучувања го подготвиле за докторатот што го стекнал на Ерлангенскиот Универзитет на 25 октомври 1811 година. Тој веднаш се приклучил на факултетот како професор по математика, но тој го напуштил после три семестри поради немањето на можност за напредок. Тој не можел да опстане со неговата плата како предавач. Баварската влада му понудила место како наставник по математика и физика во училиште со лош квалитет во Бамберг кое Ом го прифатил во јануари 1813 година. Несреќен со неговата работа, Георг почнал да пишува учебник по геометрија како начин да ги покаже своите способности. Училиштето се затворило во февруари 1816 година. Подоцна Баварската влада го испратила во преполното училиште во Бамберг за да помогне со наставата по математика.
После својата работа во Бамберг, Ом го испратил својот завршен ракопис до кралот Вилхелм III од Прусија. Кралот бил задоволен од книгата на Ом, и му понудил на Ом место на језуитската гимназија во Келн на 11 септември 1817 година. Ова училиште имало голема репутација за добро научно образование и од Ом се побарало да предава физика заедно со математика. Во лабораторијата по физика имал добра опрема, тоа му овозможило на Ом да започне со експерименти по физика. Како син на бравар, Ом имал искуство со механички уреди.
Ом во 1827 година го објавил Die galvanische Kette, mathematisch bearbeitet (Галванско коло кое е математички опишано). Училиштето на Ом не ја ценело неговата работа и Ом поднел оставка од неговата позиција. Подоцна тој аплицирал и бил вработен од политехничкото училиште во Ниремберг. Ом стигнал во Нирембершкото политехничко училиште во 1833 година, и во 1852 година тој станал професор за експеримантална физика на Минхенскиот Универзитет.[2]
Во 1849 година Ом го објавил делото Молекуларна физика (Beiträge zur Molecular-Physik). Во предговорот на ова дело тој изјавил дека ќе го напише вториот и третиот том, а се надевал ако Бог му даде доволно денови ќе го напишел и четвртиот том.[3]
Ом починал во Минхен во 1854 година[2] и бил погребан на Старите јужни гробишта. Збирката од неговите семејни писма ќе бидат собрани во една германска книга што покажува дека тој ја користел за потпишување на некои од неговите писма со изразот „Gott befohlen, G S Ohm,“[4] што значи „посветено на Бога“.[5]
Наводи
уреди- ↑ Keithley, Joseph F. (1999). The Story of Electrical and Magnetic Measurements: From 500 BC to the 1940s. John Wiley & Sons
- ↑ 2,0 2,1 Chisholm 1911.
- ↑ Kneller, Karl Alois; Kettle, Thomas Michael (1911). Christianity and the leaders of modern science; a contribution to the history of culture in the nineteenth century. Freiburg im Breisgau, pp. 17–18
- ↑ Georg Simon Ohm (2002), Georg Simon Ohm: nachgelassene Schriften und Dokumente aus seinem Leben : mit Schriftstücken seiner Vorfahren und Briefen seines Bruders Martin. Palm und Enke. p. 216; 219
- ↑ Leopold von Ranke (1966), History of the Reformation in Germany, Volume 2. F. Unger Publishing Company, p. 467
Надворешни врски
уреди- Мисли поврзани со Георг Ом на Викицитат
- Оконор, Џон Џ. и Едмунд Ф. Робертсон. „Георг Ом“ - Архив „Историја на математиката“ на MacTutor (англиски)
- . The American Cyclopædia. 1879.