Меѓународна математичка олимпијада

меѓународен математички натпревар за ученици

Меѓународна математичка олимпијада — меѓународно првенство по математика за ученици на крајот од средното образование. Олимпијадата се одржува секоја година во различна земја.

Знамето на Меѓународната математичка олимпијада.

Историја

уреди

Првата меѓународна математичка олимпијада се одржала во 1959 година во Романија на која учествувале претставници од 7 источноевропски земји (Бугарија, Унгарија, Полска, Германска Демократска Република, Романија, Чехословачка, Советскиот Сојуз и Југославија). Оттогаш, тие се одржуваат секоја година, освен во 1980 година, поради внатрешни несогласувања.[1]

Денес, повеќе од 100 земји од пет континенти земаат учество. Секоја земја испраќа тим од најмногу 6 кандидати (со шеф и заменик на делегацијата, како и можни набљудувачи). Учениците мора да бидат помлади од 20 години и да немаат започнато високо образование, но нема ограничување на бројот на учесници. Настанот е индивидуален, но има (неофицијално) тимско рангирање (види подолу).

Формат на настанот и награди

уреди

Тестот се состои од решавање на задачи во два дена, во две сесии по 4 и пол часа, две серии од три задачи од рамнинска геометрија, аритметика, неравенки или комбинаторика. Нивното решавање бара повеќе расудување отколку софистицирано знаење: решенијата често се кратки и елегантни. На секое решение на проблем му се доделуваат вкупно 7 бода.

Секоја земја, освен земјата организатор, може да предложи проблеми до селекциониот комитет што го основа земјата организатор. Шефовите на делегациите пристигнуваат неколку дена пред учениците и потоа се собираат за да ги изберат 6-те проблеми. Бидејќи ги знаат проблемите пред тестовите, тие се одвоени од учениците до крајот на истите. Учениците пред тестовите ги придружуваат замениците шефови на делегации.

Ученичките трудови заеднички ги оценуваат шефовите на делегациите на таа земја и координаторите избрани од земјата организатор (или шефот на делегацијата кој го предложил проблемот за учениците од земјата организатор). Во случај на несогласување, сите шефови на делегации даваат конечно мислење.

Медалите и признанијата се доделуваат поединечно, според бодовите на учесниците, по следните критериуми:

  • 1/12 од учесниците добиваат златен медал;
  • 2/12 од учесниците добиваат сребрен медал;
  • 3/12 од учесниците добиваат бронзен медал;
  • секој ученик кој не добива никаков медал, но кој добива оценка 7/7 на проблем, добива почесно признание.

Може да се доделат посебни награди за исклучително елегантни решенија. Почести пред 1980 година, оттога се поретки: последните биле доделени во 1988, 1995 и 2005 година.

Процес на селекција

уреди

Процесот на избор на тим во голема мера се разликува од земја до земја. На пример во Соединетите Американски Држави, кандидатите поминуваат низ неколку фази на зголемена тежина : American Mathematics Competitions (AMC), American Invitational Mathematics Examination (AIME) и United States of America Mathematical Olympiad (USAMO).

Во Франција, здружението Animath, поточно Француската математичка олимпијада, организира тест на почетокот на учебната година за однапред да се изберат кандидати кои потоа следат подготовка во текот на целата година. Тимот се одредува преку неколку временски ограничени тестови.

Список на олимпијади

уреди
Година Град Држава 1. 2. 3. Македонија
Држава Бода Држава Бода Држава Бода Пласман Бода
1959 Брашов
Букурешт
Романија   Романија 249   Унгарија 233   Чехословачка 192
1960 Синаја Романија   Чехословачка 257   Унгарија
  Романија
248 -
1961 Веспрем Унгарија   Унгарија 270   Полска 203   Романија 197
1962 Ческе Будјејовице Чехословачка   Унгарија 289   СССР 263   Романија 257
1963 Варшава
Краков
Полска   СССР 271   Унгарија 234   Романија 191
1964 Москва Советски Сојуз   СССР 269   Унгарија 253   Романија 213 - -
1965 Источен Берлин Источна Германија   СССР 281   Унгарија 244   Романија 222
1966 Софија Бугарија   СССР 293   Унгарија 281   Источна Германија 280
1967 Цетиње СФРЈ   СССР 275   Источна Германија 257   Унгарија 251
1968 Москва Советски Сојуз   Источна Германија 304   СССР 298   Унгарија 291
1969 Букурешт Романија   Унгарија 247   Источна Германија 240   СССР 231
1970 Кестхељ Унгарија   Унгарија 233   Источна Германија
  СССР
221
1971 Жилина Чехословачка   Унгарија 255   СССР 205   Источна Германија 142
1972 Торуњ Полска   СССР 270   Унгарија 263   Источна Германија 239 -
1973 Москва Советски Сојуз   СССР 256   Унгарија 215   Источна Германија 189
1974 Ерфурт
Источен Берлин
Источна Германија   СССР 256   САД 243   Унгарија 237
1975 Бургас
Софија
Бугарија   Унгарија 258   Источна Германија 249   САД 247
1976 Лиенц Австрија   СССР 250   Обединето Кралство 214   САД 188
1977 Белград СФРЈ   САД 202   СССР 192   Унгарија
  Обединето Кралство
190
1978 Букурешт Романија   Романија 237   САД 225   Обединето Кралство 201
1979 Лондон Обединето Кралство   СССР 267   Романија 240   Западна Германија 235
1980 - Монголија Откажана
1981 Вашингтон САД   САД 314   Западна Германија 312   Обединето Кралство 301
1982 Будимпешта Унгарија   Западна Германија 145   СССР 137   Источна Германија
  САД
136
1983 Париз Франција   Западна Германија 212   САД 171   Унгарија 170
1984 Прага Чехословачка   СССР 235   Бугарија 203   Романија 199
1985 Јоутса Финска   Романија 201   САД 180   Унгарија 168
1986 Варшава Полска   САД
  СССР
203   Западна Германија 196
1987 Хавана Куба   Романија 250   Западна Германија 248   СССР 235
1988 Канбера Австралија   СССР 217   Кина
  Романија
201
1989 Брауншвајг Западна Германија   Кина 237   Романија 223   СССР 217
1990 Пекинг Кина   Кина 230   СССР 193   САД 174
1991 Сигтуна Шведска   СССР 241   Кина 231   Романија 225
1992 Москва Русија   Кина 240   САД 181   Романија 177
1993 Анкара Турција   Кина 215   Германија 189   Бугарија 178 48.
1994 Хонгконг Хонгконг   САД 252   Кина 229   Русија 224 50.
1995 Норт Јорк (Торонто) Канада   Кина 236   Романија 230   Русија 227 31.
1996 Мумбај Индија   Романија 187   САД 185   Унгарија 167 48.
1997 Мар дел Плата Аргентина   Кина 223   Унгарија 219   Иран 217 46.
1998 Тајпеј Тајван   Иран 211   Бугарија 195   Унгарија
  САД
186 40.
1999 Букурешт Романија   Кина
  Русија
182   Виетнам 177 36.
2000 Теџон Јужна Кореја   Кина 218   Русија 215   САД 184 43.
2001 Вашингтон САД   Кина 225   Русија
  САД
196 43.
2002 Глазгов Шкотска   Кина 212   Русија 204   САД 171 43.
2003 Токио Јапонија   Бугарија 227   Кина 211   САД 188 47.
2004 Атина Грција   Кина 220   САД 212   Русија 205 48.
2005 Мерида Мексико   Кина 235   САД 213   Русија 212 54.
2006 Љубљана Словенија   Кина 214   Русија 174   Јужна Кореја 170 62.
2007 Ханој Виетнам   Русија 184   Кина 181   Виетнам
  Јужна Кореја
168 55.
2008 Мадрид Шпанија   Кина 217   Русија 199   САД 190 59.
2009 Бремен Германија   Кина 221   Јапонија 212   Русија 203 36.
2010 Астана Казахстан   Кина 197   Русија 169   САД 168 58.
2011 Амстердам Холандија   Кина 189   САД 184   Сингапур 179 79.
2012 Мар дел Плата Аргентина   Јужна Кореја 209   Кина 195   САД 194 63.
2013 Санта Марта Колумбија   Кина 208   Јужна Кореја 204   САД 190 74..
2014 Кејптаун ЈАР   Кина 201   САД 193   Тајван 192 67.
2015 Чианг Маи Тајланд   САД 185   Кина 181   Јужна Кореја 156 74.
2016 Хонгконг Кина   САД 214   Јужна Кореја 207   Кина 204 73.
2017 Рио де Жанеиро Бразил   Јужна Кореја 170   Кина 159   Виетнам 155 65.
2018 Клуж-Напока Романија   САД 212   Русија 201   Кина 199 82.
2019 Бат Обединето Кралство   Кина
  САД
227   Јужна Кореја 226 75.
2020 Санкт Петербург Русија   Кина 215   Русија 185   САД 183 72.
2021 Санкт Петербург Русија   Кина 208   Русија 183   Јужна Кореја 172 45.
2022 Осло Норвешка   Кина 252   Јужна Кореја 208   САД 207 39.
2023 Чиба Јапонија   Кина 240   САД 222   Јужна Кореја 215 41.
2024 Бат Обединето Кралство   САД     Кина     Јужна Кореја   46.
2025 Саншајн Коуст Австралија                
2026 Шангај Кина                
2027 - Унгарија                
2028 - Саудиска Арабија                

Забелешки

уреди

Посебен случај

уреди

Македонија на математичката олимпијада

уреди

Од 1993 година Македонија редовно учествува на математичките олимпијади. Најдобар пласман остварила во 1995 година кога го освоила 31. место, а најлош во 2018 со освојување на 82. место.[8]

Во поединечна конкуренција:[9]

  • Дамјан Давков во своите 5 учества од 2020 до 2024 година, освоил 2 златни (2023, 2024) и 2 сребрени медали (2021, 2022) како и 1 почесно признание (2020), со што се наоѓа на 56. место од сите натпреварувачи од почетокот до 2024 година.
  • Бодан Арсовски во своите 5 учества од 2006 до 2010 година освоил 2 сребрени (2009, 2010) и 2 бронзени медали (2007, 2008) како и 1 почесно признание (2006).
  • Никола Спировски во своите 3 учества од 2021 до 2023 година освоил 1 сребрен (2022) и 2 бронзени медали (2021, 2023).
  • Илија Јовчевски во своите 4 учества од 2000 до 2003 година освоил 1 сребрен (2002) и 2 бронзени медали (2000, 2003).
  • Алексиј Тасиќ во своите 3 учества од 2022 до 2024 година освоил 1 сребрен (2023) и 1 бронзен медал (2024) како и 1 почесно признание (2022).
  • Наско Караманов во своите 3 учества од 1993 до 1995 година освоил 1 сребрен (1995) и 1 бронзен медал (1993) како и 1 почесно признание (1994).
  • Светлана Познановиќ во своите 2 учества (1998, 2000) освоила 1 сребрен (2000) медал.

Наводи

уреди
  1. (англиски) Nura D. Turner, « A Historical Sketch of Olympiads: U.S.A. and International », The College Mathematics Journal, Vol. 16, No. 5 (Nov., 1985),  330-335.
  2. « The IMO 2020 organizing Committee informs about the approved postponement of the IMO 2020 event to September 16-26, 2020 due to the covid-19 pandemic. »
  3. « Virtual IMO2020 in St. Petersburg », imof.co, 11 juillet 2020.
  4. Geoff Smith, président du IMO Board, écrit : « There is also a difficulty with IMO2021. This was scheduled to be held in July 2021 in Washington DC. The funding model for this event was so disrupted by the pandemic that it soon became clear that it would be impossible to hold the event, and the USA was forced to withdraw its offer to host IMO2021. »
  5. „Olympiade Internationale de Mathématiques“. Посетено на 2022-08-07.
  6. International Mathematical Olympiad 2010. UK leader's report. Astana, Kazakhstan, compte-rendu de Geoff Smith, chef de la délégation britannique.
  7. „Olympiade Internationale de Mathématiques“. Посетено на 2022-08-07.
  8. „International Mathematical Olympiad - Results“. IMO. Посетено на 27 јули 2024.
  9. „International Mathematical Olympiad - Hall of fame“. IMO. Посетено на 27 јули 2024.

Библиографија

уреди
  • Mohammed Aassila, Olympiades internationales de mathématiques, Paris, Ellipses, 2003 ISBN 2-7298-1526-0.
  • Paul Bourgade, Annales des Olympiades internationales de mathématiques, 1976-2005, Paris, Cassini, 2005 ISBN 2-84225-087-7.
  • Samuel L. Greitzer, International Mathematical Olympiads 1959-1977, The Mathematical Association of America, New Mathematical Library, no 27, 1978 ISBN 0-88385-600-X
  • Pierre Bornsztein; Thomas Budzinski; Vincent Jugé (2021). Olympiades internationales de mathématiques 2006-2021. Enseignement des mathématiques. Paris: Cassini. стр. 368. ISBN 978-2-84225-262-5..

Надворешни врски

уреди