Николај Хајтов е познат бугарски писател, автор на повеќе книги раскази, патописи, есеи, репортажи, театарски дела за возрасни и за деца, на монографии за села и градови, сценарија за филм, радио и телевизија.

Николај Хајтов
Роден/а15 септември 1919(1919-09-15)
Јаворово
Починат/ајуни 30, 2002(2002-06-30) (возр. 82)
Софија
Занимањеписател
НационалностБугарин

Роден е во 1919 година во село Јаворово, Пловдивска околија. По професија е шумарски инженер. Главни мотиви му е планината, шумата и животот на родопските села и Помаците (исламизираните Бугари), како и проблемите на семејството, и во градовите и во селото, традицијата, општествените текови... Посебен белег на неговата проза се ноншалантниот тон на кажување, проткаен со динамика, со духовитост и релјефност на ликовите.

Споменикот на Николај Хајтов во Борисова Градина, Софија