За Македонија заедно

(Пренасочено од За Македонија Заедно)

За Македонија заедно — предизборна коалиција предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Либерално демократската партија. Коалицијата е создадена пред локалните избори во 2000 година и со променлив состав учествува на сите следни парламентарни и локални избори. Во 2008 година оваа коалиција, во изменет состав, настапи на изборите под името СОНЦЕ. Коалиција за Европа.

На почетокот, кога беше формирана за локалните избори во 2000 година тоа беше коалиција помеѓу четири партии: Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Либерално демократската партија, Социјалистичката партија на Македонија и Лигата за демократија.

До парламентарните избори во 2002 година, коалицијата прво ја напушти Лигата за демократија, а потоа и Социјалистичката партија на Македонија. Но, истовремено кон коалицијата се приклучија неколку помали партии, главно претставници на етничките малцинства во Република Македонија. Тоа беа: Демократската партија на Турците, Демократската лига на Бошњаците, Обединетата партија на Ромите, Демократската партија на Србите, Демократскиот сојуз на Власите, Работничко-земјоделската партија, Социјалистичката христијанска партија и Зелената партија на Македонија.

Пред парламентарните избори во 2006 година коалицијата ја напушти Демократската лига на Бошњаците, која потоа коалицира со Демократската унија за интеграција и Партијата за демократски просперитет.

Наводи

уреди

Поврзано

уреди