Том Харди
Едвард Томас "Том" Харди [1] (роден на 15 септември 1977 г.)[2] — англиски глумец, сценарист и продуцент.
Том Харди | |
---|---|
Харди на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2014 година | |
Роден(а) | Едвард Томас Харди 15 септември 1977 Лондон, Англија |
Живеалиште | Лондон, Англија |
Занимање |
|
Сопружник | Сара Вард (в. 1999; раз. 2004) Шарлот Рајли (в. 2014) |
Партнер | Рејчел Спид (2004–2009) |
Деца | 2 |
Првата филмска улога тој ја добил во акциониот филм Падот на црниот јастреб (2001). Други значајни филмски улоги Харди толкувал во научно-фантастичниот филм Ѕвездени патеки: Немезис (2002), криминалниот филм Рокенрола (2008), биографско-психолошката драма Бронсон (2008), научно-фантастичниот трилер Почеток (2010), спортската драма Војник (2011), шпионскиот филм Мислител, кројач, војник, шпион (2011), криминалната драма Без закон (2012), драмата Опасен повик (2013), криминалната драма Валкана испорака (2014), и во биографскиот вестерн-трилер Повратник (2015), за кој бил номиниран за Оскар за најдобар спореден глумец. Тој исто така го глумел Бејн во суперхеројскиот филм Подемот на мрачниот витез (2012), "Лудиот" Макс Рокатански во пост-апокалиптичниот филм Лудиот Макс: Пат на бесот (2015), и браќата Креј во криминалниот трилер Легенда (2015).
Телевизиски улоги Харди играл во минисериите Браќа по оружје (2001), Кралица девица (2005), Оркански височини (2008), Преземање (2009), како и во британската криминално-историска ТВ серија Пики Блајндерс (2013).
Харди исто така глумел во британски и американски театарски претстави. Тој бил номиниран за наградата Лоренс Оливије во 2003 година за најдобар новајлија за неговата улога на Сканк во претставата Во Арабија сите ние би биле кралеви, а бил награден со наградата Ивнинг Стандард за најдобар новајлија за неговите изведби во Во Арабија сите ние би биле кралеви и за улогата на Лука во Крв. Во 2007 година тој глумел во претставата Човек со убави манири и добил позитивни критики за неговата изведба во претставата Долга црвена патека режирана од Филип Сејмур Хофман во 2010 година.
Личен живот
уредиВо 1999 година, Хари се венчал со Сара Вард, продуцентка, но бракот завршил со развод во 2004 година поради неговата зависност од алкохол и кокаин. Тој има син, Луис Томас (роден во 2008 година),[3] со тогашната девојка Рејчел Спид, асистент режисер, која ја запознал на снимањето на Кралица девица. Тие се разделиле во 2009 година.[4]
Во 2009 година, Харди започнал врска со глумицата Шарлот Рајли, која ја запознал на снимањето на Оркански височини. Парот се верил во 2010 година и се венчал во јули 2014 година.[5][6] Тие имаат две кучиња, двете спасени, од кои едното се појавило со Харди во реклама за промовирање на посвојувањето на миленичиња.[7] Во октомври 2015 година, парот го добил своето прво дете.[8][9]
Во 2010 година, Харди станал амбасадор на „Prince's Trust“, водечка британска младинска хуманитарна организација која спроведува тренинг, личен развој, поддршка при почнување бизнис, менторство и советување.[10] Во 2012 година, тој и Рајли станале покровители на добротвортната истражувачка организација „Bowel Cancer UK“.[11]
Тој има многу тетоважи: неколку племенски тетоважи, знамето на Обединетото Кралство, театарска маска, чавка и две фрази на италијански јазик: „figlio mio bellissimo“ („мојот убав син“) на десната рака, и „padre fiero“ („горд татко“) под клучната коска.[12][13]
Харди се осврнал на Гери Олдман како „најдобриот глумец кој некогаш живеел“,[14] и го опишал Олдман како негов херој, додавајќи „секој [во драмското училиште] се обидувал да го цитира него во сите негови филмови.“[15] Од страна на GQ магазинот Харди бил именуван во 50. најдобро облечени британски мажи за 2015 година.[16]
Филмографија
уредиФилм
уредиГодина | Наслов | Улога | Белешки |
---|---|---|---|
2001 | Падот на црниот јастреб | Ланс Тумбли | |
2002 | Ѕвездени патеки: Немезис | Шинзон | |
2003 | Ден на пресметка | Стро | |
2003 | Точка на И | Том | |
2003 | СД 50 смртоносна доза | Мет | |
2004 | Во пресрет на злосторството | Кларки | |
2006 | Минотаур | Тео | |
2006 | Марија Антоанета | Рамон | |
2006 | Сцени од сексуална природа | Ноел | |
2007 | Поплава | Зак | |
2007 | Пресметка на смртта | Пјер Џексон | |
2007 | Наследство | Татко | |
2008 | Ненадеен удар | Родерс | |
2008 | Рокенрола | Згодниот Боб | |
2008 | Бронсон | Чарлс Бронсон/Мајкл Петерсон | |
2009 | Интимни пријатели | Детектив Мајклс | |
2009 | Совршено | Доктор | Краткометражен филм |
2010 | Почеток | Ејмс | |
2011 | Наредник масакр, мојот постар брат | Дан | Краткометражен филм |
2011 | Мислител, кројач, војник, шпион | Рики Тар | |
2011 | Војник | Томи Риордан Конлон | |
2012 | Ова значи војна | Так Хансен | |
2012 | Подемот на мрачниот витез | Бејн | |
2012 | Без закон | Форест Бондјурант | |
2013 | Опасен повик | Иван Лок | |
2014 | Валкана испорака | Боб Сагиновски | |
2015 | Дете 44 | Лео Демидов | |
2015 | Лудиот Макс: Пат на бесот | Макс Рокатански | |
2015 | Лондонски пат | Марк | |
2015 | Легенда | Роналд Крај и Реџиналд Крај | |
2015 | Повратник | Џон Фицџералд | |
2017 | Денкирк | Фериер, пилот на спитфајер | Постпродукција |
Телевизија
уредиГодина | Наслов | Улога | Белешки |
---|---|---|---|
2001 | Браќа по оружје | Џон Јановек | 3 епизоди |
2005 | Колдиц | Џек Роуз | 2 епизоди |
2005 | Кралица девица | Роберт Дадли | 3 епизоди |
2005 | Ќерката на Гидеон | Ендрју | ТВ филм |
2006 | А за Андромеда | Џон Флеминг | ТВ филм |
2006 | Свини Тод | Метју | ТВ филм |
2007 | Рт на гневот | Џек Донели | 5 епизоди |
2007 | Оливер Твист | Бил Сајкс | 5 епизоди[17] |
2007 | Стјуарт: Живот наназад | Стјуарт Шортер | ТВ филм |
2008 | Оркански височини | Хитклиф | 2 епизоди |
2009 | Преземање | Фреди | 4 епизоди |
2013 | Ловење војни | Себеси | 2 епизоди; исто така извршен продуцент |
2014–сè уште | Пики Блајндерс | Алфи Соломонс | 7 епизоди |
Театар
уредиГодина | Наслов | Улога | Театар |
---|---|---|---|
2003 | Во Арабија сите ние би биле кралеви | Сканк | Театар Хампстед[18] |
2003 | Модернистите | Винсент | Театар Крусибл[19][20] |
2003 | Крв | Лука | Театар Ројал Корт[21] |
2004 | Прослава | Мајкл | Театар Алмеида[22] |
2007 | Човек со убави манири | Доримант | Кралски национален театар[23] |
2010 | Долга црвена патека | Семи | Театар Гудман |
Наводи
уреди- ↑ Hadfield, Tom (25 August 2011). „Tom Hardy timeline“. Telegraph. Архивирано од изворникот на 2019-05-31. Посетено на 15 January 2014.
- ↑ „Tom Hardy biography - Celebrity A-Zs GLAMOUR.com“. Glamour.com UK. Архивирано од изворникот на 2013-06-19. Посетено на 30 June 2013. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Tom Hardy 'wasn't a fan of school'“. Belfast Telegraph. 14 March 2014. Посетено на 3 May 2014.
- ↑ Davies, Serena (11 June 2009). „Interview: Tom Hardy, from East End gangster to romantic hero“. The Daily Telegraph. UK: Telegraph Media Group Limited.
- ↑ Katy Forrester (21 September 2014). „Tom Hardy 'secretly married' fiancée Charlotte in France TWO months ago - they kept that quiet“. Mirror. Посетено на 21 October 2014.
- ↑ Lauren Smith (22 September 2014). „Tom Hardy got married in secret - two months ago“. Glamour. Архивирано од изворникот на 2014-10-21. Посетено на 21 October 2014.
- ↑ Rebecca Macatee, "Tom Hardy Gets a Kiss From His Dog Woodstock in Pro-Adoption Campaign for PETA—See the Pic!" EOnline.com, 28 April 2015.
- ↑ Flint, Hannah. „Tom Hardy and Charlotte Riley welcome their first child“.
- ↑ „Tom Hardy Expecting Second Child!“. Посетено на 3 September 2015.
- ↑ „Hollywood star Tom Hardy has paid a special visit to the capital to meet disadvantaged young people supported by The Prince's Trust“. Архивирано од изворникот на 2015-05-18. Посетено на 16 July 2015.
- ↑ „Actors Tom Hardy and Charlotte Riley become patrons of Bowel Cancer UK“. 13 July 2012. Посетено на 16 July 2015.
- ↑ „Buon compleanno Tom Hardy! 8 cose che (forse) non sapevi di lui“. 15 September 2015. Посетено на 15 May 2016.
- ↑ „Tom Hardy exposed... what do the star's tattoos really mean?“. 14 February 2016. Посетено на 15 May 2016.
- ↑ Stern, Marlow. "Gary Oldman Talks 'Tinker, Tailor, Soldier, Spy,' 'Batman' Retirement". The Daily Beast. 8 December 2011. Retrieved 1 February 2012.
- ↑ „'Tinker, Tailor, Soldier, Spy' Tom Hardy: "Gary Oldman is my hero"“. Digital Spy. 7 October 2015.
- ↑ „50 Best Dressed Men in Britain 2015“. GQ. 5 January 2015. Архивирано од изворникот на 2015-01-07. Посетено на 2016-09-15.
- ↑ „An Oliver for our times“. The Daily Telegraph. 15 December 2007. Посетено на 25 June 2015.
- ↑ Billington, Michael (28 April 2003). „The Guardian: In Arabia, We'd All Be Kings“. Guardian. Посетено на 2 August 2012.
- ↑ „BBC - South Yorkshire Stage - Review: The Modernists“. 13 June 2003.
- ↑ „The Guardian: The Modernists“. 17 June 2003.
- ↑ „Blood at the Royal Court Theatre“. Royal Court Theatre. 2003. Посетено на 3 May 2014.
- ↑ „The Guardian: Festen“. 28 March 2004.
- ↑ „From rehab to Restoration comedy“. The DailyTelegraph. 3 February 2007. Посетено на 20 June 2015.
Надворешни врски
уреди„Том Харди“ на Ризницата ? |
- Tom Hardy на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Tom Hardy на TCM Movie Database
- Tom Hardy — AllMovie (англиски)