Војвода од Велингтон
Војводство од Велингтон (англ. Dukedom of Wellington) — наследна војводска во британското благородништво. Води потекло од доаѓа од местото Велингтон во Сомерсет. Првиот човек со оваа титула бил Артур Велсли, Прв војвода од Велингтон (1769–1852), славниот ирец-британски офицер и државник, и кога и ова војводство да се споменува само за себе, речиси секогаш се однесува на овој човек. Најпознат е по тоа што, заедно со Блихер, го поразил Наполеон Бонапарт кај Ватерло.
Историја
уредиТитулите Војвода од Велингтон и Маркиз Доро му биле доделени на Артур Велсли, Првиот маркиз од Велингтон на 11 мај, 1814. Подружните титули на Војводата од Велингтон се: Мазркиз од Велингтон (1812), Маркиз Доро (1814), Ерл од Морнингтон (1760 - но наследна од 1863), Ерл од Велингтон (1812), Виконт Велсли (1760 - наследна од 1863), Виконт Велингтон (1809), Барон Морнингтон (1746 - исто така наследна од 1863), и Барон Доро (1809). Виконството Велсли како и баронството и ерлството од Морнингтон се ирско перство; останатите се Перството на Обединетото Кралство.
Војводата од Велингтон има и странски титули како Принц на Ватерло (Обединето Кралство Холандија на Оранската династија, по бојното поле кое подоцна станува Белгија, 1815), Војвода на Град Родриго (Шпанија, 1812), Војвода на Победата (Португалија 1812) и Маркиз на Торес Вердас (Португалија, 1812) и Гроф на Вимеиро (Португалија, 1811). Овие титули му биле дадени на првиот војвода како победнички титули за неговите заслуги во победносната команда на Полуостровската војна (во Шпанија и Португалија) и Битката кај Ватерло.
Седиштето на семејството се наоѓа во Стратфилд Сај, близу Бејзингстоук, Хемпшир. Апслиската куќа во Лондон е нивното седиште во главниот град, каде живеат, иако истата сега е во сопственост на институцијата Англиско Наследство (English Heritage).
Список на Војводи од Велингтон (1814)
уреди- Артур Велсли, Прв војвода од Велингтон (1769-1852) — трет син на Гарет Велсли, Прв Ерл од Морнингтон
- Артур Ричард Велсли, Втор Војвода од Велингтон (1807-1884)
- Хенри Велсли, Трет војвода од Велингтон (1846-1900)
- Артур Чарлс Велсли, Четврти Војвода од Велингтон (1849-1934)
- Артур Чарлс Велсли, Петти Војвода од Велингтон (1876-1941)
- Хенри Валеријан Џорџ Велсли, Шести Војвода од Велингтон (1912-1943)
- Џералд Велсли, Седми војвода од Велингтон (1885-1972)
- Артур Валеријан Велсли, Осми Војвода од Велингтон (р. 1915)
Моменталниот наследник на титулата е синот на осмиот војвода — Артур Чарлс Валеријан Велсли, Маркиз на Доро (р. August 19 1945).
Неговиот син и наследник е Артур Џералд Велсли, Ерл од Морнингтон (р. 31 јануари 1978).
Лордот Доро избрал да ја користи куртоазната титула „Маркиз на Доро“, иако перството на татко му гласи како „Маркиз Доро“.
Надворешни врски
уреди- Полкот на Војводата од Велингтон (англиски)