Дејан Савиќевиќ (роден на 15 септември 1966 година во Титоград (Подгорица, Црна Гора, СФР Југославија) — црногорски поранешен фудбалер кој играл како офанзивен играч за врска. Од 2001 година, тој е претседател на Црногорскиот фудбалски сојуз (ФСЦГ),[4] во неговиот петти мандат на оваа функција.

Дејан Савичевиќ
Дејан Савићевић
Дејан Савичевиќ во 2007 година
Претседател на Фудбалски сојуз на Црна Гора (ФСЦГ)
На должноста
Стапил
7 јули 2001[1]
Претходник Основан позиција
Лични податоци
Роден(а) 15 септември 1966(1966-09-15)(58 г.)[2]
Титоград, СР Црна Гора, Југославија
Партија Независен
ДПС (поврзан)
Занимање
  • фудбалер
  • фудбалскивтренер
  • фудбалски администратор

Association football career
Висина  м
Положба среден ред / напад
Младинска кариера
1979 Будуќност Будуќност
1981–1983 Предлошка:Fb team Titograd
1983–1984 Будуќност Будуќност
Возрасна кариера*
Години Екипа Наст. (Гол.)
1983–1988 Будуќност Будуќност 130 (36)
1988–1992 Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда 72 (23)
1992–1998 Милан Милан 97 (35)
1999 Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда 3 (0)
1999–2001 Рапид Виена Рапид Виена 44 (18)
Вкупно 346 (135)
Меѓународна кариера
1986–1999 СР Југославија[note 1] 56 (19)
Тренерска кариера
2001–2003 Србија и Црна Гора
*Клупски домашни лигашки настапи и голови

Савиќевиќ се сметал за еден од најдобрите играчи во светот во текот на 1990-тите и се смета за еден од најголемите југословенски фудбалери на сите времиња.[5] За време на неговиот престој во Милан, од италијанскиот спортски печат го добил прекарот Il Genio (Генијалец).

Откако ја започнал својата професионална кариера во Будуќност во Југославија, Савиќевиќ се преселил во постабилниот клуб од првата југословенска лига Црвена ѕвезда од Белград во 1988 година, каде што станал истакнат дел од тимот што го освоил Европскиот куп 1990-1991 година и освојувајќи го второто место во 1991 година за Златна топка пред да направи голем трансфер во италијанскиот шампион Милан во 1992 година. Со Милан, меѓу другите трофеи, тој освоил три титули во Серија А и Лигата на шампионите на УЕФА 1993-94. Подоцна се вратил во Црвена ѕвезда на половина сезона во 1999 година, пред да ја заврши кариерата во Рапид Виена во 2001 година.

На меѓународно ниво, тој ја претставувал Југославија на Светските првенства на ФИФА во 1990 и 1998 година и, по повлекувањето од играњето, бил тренер на репрезентацијата на Србија и Црна Гора од 2001 до 2003 година.[6]

По славната професионална играчка кариера која траела 18 сезони, како и краткиот и неуспешен тренерски ангажман во раните 2000-ти, тој се свртел кон административни работи - во текот на летото 2001 година станал претседател на фудбалскиот сојуз на Црна Гора.

Клубска кариера

уреди

Рани години

уреди

Уште како мал Дејан покажувал склоност кон фудбалот и брзо го развил својот талент кон играта. Првиот обид на Савиќевиќ да игра мал фудбал се случил на 13-годишна возраст во есента 1979 година во младинскиот систем на Будуќност под тренерот Драган Шаковиќ.[7]Савиќевиќ започнал да игра фудбал летото 1981 година во младинските тимови на ОФК Титоград. Во тоа време имал неполни 15 години што се смета за доста задоцнет почеток според професионалните фудбалски стандарди. Пред тоа и додека играл за ОФК Титоград, неговата активност со фудбалот се вртела околу отворени турнири на бетонски и земјени површини со димензии помали од оние на официјалното фудбалско игралиште. Бидејќи во Титоград во тоа време овој вид на мал фудбал бил многу популарен, се организирале многу турнири од полупрофесионален карактер во и околу градот. Иако бил премлад, Савиќевиќ играл за тим кој бил составен од играчи од неговата улица (неформалното име било Технохемија добиено по истоимениот спонзор) и тој многу брзо успеал да покаже дека е талентиран играч со одлична техника и контрола на топката.

За време на годишниот престој во ОФК Титоград тој повремено настапувал и со првиот тим, но главно играл во младинскиот состав. На инсистирање од страна на Милутин Фолиќ,[8] тогашниот главен тренер на фудбалскиот клуб Будуќност, во јануари 1983 година на 16-годишна возраст, Савиќевиќ се преселил на спротивната страна од градот во подобриот југословенски прволигашки клуб, Будуќност.

ФК Будуќност

уреди

Од јануари 1983 до летото 1984, покрај неколкуте настапи за првиот тим, младиот Савиќевиќ настапувал за младинскиот состав на Будуќност. Освен тоа, тој редовно настапувл со Младинската репрезентација на Југославија исто како и со младинската селекција на СР Црна Гора (напоредно со идните истакнати професионални фудбалери како на пример Божидар Бандовиќ и Рефик Шабанаѓовиќ) кои се натпреварувале на годишните турнири против селекциите на другите југословенски републики.

Во летото на 1984 година, во подготовките за претстојната сезона во Првата Југословенска Лига, новодојдениот главен тренер Јосип Дуванџиќ го назначил 17-годишниот Савиќевиќ за првотимец на сметка на застарената клупска легенда Анте Мироќевиќ кој во суштина бил принуден да се пензионира бидејќи му била дадена позиција во тренерскиот персонал на клубот. Сезоната излегла катастрофална бидејќи клубот едвај се изборил за опстанок во лигата, додека на Дуванџиќ му бил даден отказ по само шест месеци на чело на клубот. Сепак лично за Савиќевиќ сезоната означувала мал скок напред бидејќи забележал 29 прволигашки настапи, постигнувајќи 6 голови.

Пред почетокот на сезоната 1986/1987, тренерот Милан Живадиновиќ ја презел контролата врз клубот и тимот започнал многу добро, континуирано држејќи чекор, останувајќи во топ трите екипи како што се одвивала сезоната. Во втората половина од сезоната тимот на Будуќност го загубил здивот, завршувајќи на крајот на 7 место во лигата, но Савиќевиќ продолжил да ги зацврстува неговите организациски и голгетерски способности. Тој дебитирал за својата репрезентација во октомври 1986 година против Турција.

Од сезоната 1987/1988, поголеми тимови како што се Црвена Ѕвезда и Партизан почнале да покажуваат заинтересираност за неговите услуги, и Савиќевиќ наскоро достигнал вербален договор за да премине во редовите на Црвена Ѕвезда. До крајот на март 1988 година, исто така и Хајдук Сплит се придружил во трката за неговиот потпис, и според тврдењата на Савиќевиќ, Хајдук Сплит ја понудил најголемата сума на пари од овие три тимови, но играчот сепак одлучил да го испочитува неговиот договор со Црвена Ѕвезда.[9]

ФК Црвена Ѕвезда

уреди

Во времето кога Савиќевиќ се придружил на шампионот од претходната година ФК Црвена Ѕвезда, екипата била предводена од 23-годишниот офанзивен играч од средниот ред Драган Стојковиќ кој веќе бил утврден како лидер на тимот. Клубот дополнително го имал супер талентираниот 19-годишен играч од средниот ред Роберт Просинечки.

По само неколку денови откако потпишал за ФК Црвена Ѕвезда, 21-годишниот Савиќевиќ добил повик да ја отслужи задолжителната воена должност која би го држела надвор од терените за целата првенствена сезона 1988/1989. Тогаш постоелем шпекулации дека времето на повикот за отслужување војска било одмазда од страна на ФК Партизан (воен клуб, наводно со многу врски до високите воени служби[10]) врз играчот во врска со потпишувањето со нивниот најголем соперник. Служејќи во блиската касарна во Топчидер, државните власти му дозволиле да игра на европските натпревари на ФК Црвена Ѕвезда и на репрезентативните натпревари. Уште еден играч кој се приклучил кон клубот истото лето бил Дарко Панчев, 22-годишен напаѓач со огромно голгетерско искуство од ФК Вардар од Скопје, кој исто така заминал во војска веднаш по потпишувањето.[10]

Сезона 1988/1989

уреди

Савиќевиќ, служејќи го воениот рок во тоа време, дебитирал за ФК Црвена Ѕвезда во текот на септември 1988 во натпреварот против ирскиот шампион ФК Дандок во Купот на шампионите, постигнувајќи го својот прв гол за својот клуб во победата од 3-0 во реванш натпреварот. Шест недели подоцна, Савиќевиќ настапил и во епскиот двобој од второто коло против Милан, одигран во три натпревари кон крајот на октомври и почетокот на ноември 1988 година. Тој одиграл важна улога во првиот натпревар на Сан Сиро каде што Црвена Ѕвезда тешко се изборила за нерешен резултат од 1-1 а вредниот гол на гости го постигнал Драган Стојковиќ.[11] Реванш натпреварот во Белград претставувал уште подинамичен откако Савиќевиќ со одличен удар го довел својот тим во водство од 1-0, но германскиот судија Дитер Поли го прекинал и го поништил натпреварот поради густа магла која го опфатила градот. Реванш натпреварот се одиграл веќе наредниот ден, со идентичен резултат од 1-1, водејќи го натпреварот кон пенал завршница, каде што Италијанците победиле со 2-4 откако Савиќевиќ и Митар Мркела не успеале да ги реализираат нивните удари од белата точка.

Опишувајќи го своето време во спортското друштво на ЈНА, Савиќевиќ рекол: „Сите играчи служеа во Белград, што само по себе беше предност бидејќи тоа значеше дека не бевме на некоја оддалечена локација. Понатаму, времето го поминувавме само во касарната наутро, а попладне бевме на тренинг на стадионот, секако бевме привилегирани во споредба со другите војници на ЈНА“.[9]

Сезона 1989/1990

уреди

Првата сериозна сезона на Савиќевиќ со ФК Црвена Ѕвезда била сезоната 1989/1990. За време на подготовките во летото 1989 година, тренерот Бранко Станковиќ бил отпуштен и како замена бил донесен Драгослав Шекуларац. Промената добро му се одразила на Савиќевиќ, бидејќи тој и Драган Стојковиќ никогаш не се согласувале со Станковиќ.

Савиќевиќ помогнал на ФК Црвена Ѕвезда да освои три последователни титули во домашното првенство во сезоните 1989/90, 1990/1991 и 1991/1992, два државни купови во 1990 и 1992 година, исто како и Купот на Шампионите на Европа и Интерконтиненталниот куп, и двата во 1991 година.

Во 1991 година, по европскиот успех на ФК Црвена Ѕвезда, Савиќевиќ се нашол на делба на второто место во гласањето за европски фудбалер на годината (Ballon d’Or). Во изборот на весникот Спорт, тој бил прогласен за најдобар спортист на Југославија.

Милан

уреди

Огромната контрола и визија на Савиќевиќ ги убедиле шампионите на Серија А, Милан, да ги обезбедат неговите услуги за 30 милиони германски марки (9.4 милиони фунти) пред почетокот на сезоната 1992/1993 како дел од 34-те милиони фунти за трансфери кои Силвио Берлускони ги инвестирал во клубот тоа лето. На веќе ѕвездената екипа во текот на истиот трансфер период пристигнале и играчите од светска класа, Жан-Пјер Папен (во тој момент најскап светски трансфер вреден 10 милиони фунти но само за неколку недели, сè додека Јувентус не го купил Џанлука Вијали од Сампдорија за 12 милиони фунти) Звонимир Бобан, Џанлујџи Лентини (уште еден најскап светски трансфер на Берлускони за 13 милиони фунти) и Стефано Еранио.

Сезона 1992/1993

уреди

Така на Дејан му била укажана можност да ги покаже своите способности во лигата кој претставувала финансиски центар на европскиот клупски фудбал – лига каде што настапувале најдобрите фудбалери на светот. Во Серија А дебитирал на гости во Пескара на 13 септември 1992 година, два дена пред неговиот 26 роденден. Тој ден Милан победил со резултат од 4-5 на стадионот Адријатико.

Сепак неговата прва сезона за Милан под водство на тренерот Фабио Капело била прилично скромна, бидејќи настапил само на 10 натпревари во лигата, придонесувајќи 4 голови во успешната одбрана на титулата на Милан. Бидејќи трансферот на Савиќевиќ бил повеќе на Берлускони отколку на Капело, тренерот прилично многу го игнорирал во текот на првата половина од сезоната. Ол-стар тимот на Милан во влијателниот Марко ван Бастен веќе поседувал креативен играч од средниот ред ,кој кога не бил повреден бил приоритетната опција од страна на Капело низ поголемиот дел од сезоната. Дури 30-годишниот Руд Гулит кој сè повеќе станувал маргинална фигура во Милан, под водство на Капело сè уште бил пред Савиќевиќ во изборот на тимот во поголемиот дел од времето. Како резултат на спроведувањето на правилото за тројца странци од страна на УЕФА во тоа време, Савиќевиќ често се наоѓал себеси изоставен од екипата за време на натпреварите бидејќи во прилог на Гулит и Ван вастен, списокот на Милан вклучувал и висококвалитетни странци како Франк Рајкард, Папен и Бобан. Покрај тоа, Капело за својата тактика често претпочитал играчи од средниот ред таканаречени „работници“ како што се Деметрио Албертини и Стефано Еранио отколку скапите креативни странски засилувања.[12] Не земајќи ги предвид супериорните технички способности на Црногорецот, иако ги препознавал неговите таленти, оценката на Капело за Савиќевиќ била дека тој играл „во југословенски стил - тој беше ѕвезда и другите мораа да играт за него“.[13]

Савиќевиќ и Капело брзо развиле непријателски однос, првиот фрустриран од тоа што бил редовно изоставуван од првиот тим а вториот не сакајќи да ја промени победничката формула што го предводел тимот до серија од одиграни натпревари без пораз во лигата од мај 1991 година (низата на одиграни натпревари без пораз завршила по 58 натпревари во март 1993 година против Парма). Во ноември 1992 година, кога го прашале како се справува со изоставувањето на играчите од светска класа како што се Савиќевиќ или Папин, Капело одговорил: „Многу е тешко за сите овие одлични играчи. Во повеќето клубови екипата се состои од 15 до 16 играчи. Ние тука имаме 24 играчи. Тие мора да го сменат својот менталитет исто како што јас сум морал да го сменам мојот. Ова е еден поинаков начин на вршење на должноста. Тоа значи дека тие мора да бидат подготвени да работат напорно дури и кога не се наоѓаат во тимот. Работа, работа, работа. Тоа е единствениот начин. Тоа не е лесно за нив“.[12]

До декември, Савиќевиќ бил толку незадоволен со својот статус во клубот што тој донел одлука да го напушти во зимскиот преоден рок затоа што имало понуди од Олимпик Марсеј и Атлетико Мадрид. Сепак тој решил да остане.[14]

Дури на 24 јануари 1993 година Савиќевиќ го постигнал својот прв гол – гол за победа од пенал во 78 минута од натпреварот на домашен терен против Џенова. Конечно запишувајќи се во списокот на стрелци, Савиќевиќ се охрабрил и две недели подоцна, тој постигнал уште еден гол против нискорангираната Пескара. Неговиот блескав момент во инаку неинтересната деби сезона во Серија А дошол на 7 март 1993 година на домашен терен против Фјорентина кога во второто полувреме ги постигнал двата гола во победата на Милан од 2-0.

Како врв на фрустрирачката сезона, Савиќевиќ не бил вклучен во тимот што Капело го одвел во Минхен да се соочи со Олимпик Марсеј во финалето на Лигата на Шампионите во 1993 година.

На крајот од кампањата, по неговата потпросечна сезона, судбината на Савиќевиќ се одлучувала меѓу челниците на Милан. Капело сакал тој да го напушти тимот, додека Берлускони стоел цврсто на ставот играчот да остане и да добива повеќе можности да игра.[14]

Сезона 1993/1994

уреди

Вон сезоната во летото 1993 година донела неколку промени во играчкиот кадар кои ќе завршат во корист на Савиќевиќ. Неговите главни конкуренти, двајцата играчи од средниот ред со офанзивни задачи Гулит и Ван Бастен си заминале од тимот, првиот фрустриран бидејќи неговата улога во играта на Милан била значително намалена преминал во редовите на Сампдорија, а вториот направил пауза од една година сè со цел да заздрави од повредата на зглобот за која на крајот излегло дека е фатална по неговата кариера. Освен тоа, Франк Рајкард преминал во редовите на Ајакс, со што се ослободило уште повеќе простор. Новите летни странски засилувања Бријан Лаудруп и Флорин Радучоју малку играле под водство на Капело, сето ова ја направило конкуренцијата за трите странски места полесна за останатите странци Савиќевиќ, Бобан и Папен во текот на првиот дел од сезоната.

Од почетокот на новото домашно првенство, Савиќевиќ добил поголема можност да настапува во првиот тим и неговата игра била солидна. Иако често не играл на својата позиција и сè уште не бил редовен првотимец, тој започнал да се прилагодува во клубот. Сепак, следувале повеќе падови во кариерата. Прво, како што започнала групната фаза во Лигата на шампионите кон крајот на ноември 1993 година, Капело го поставил во резервниот состав за првиот натпревар на гости во Андерлехт на што црногорецот бурно реагирал со тоа што одбил да седне на клупата, предизвикувајќи многу напнатост во клубот. Неколку недели подоцна, во средината на декември, спротивставувањето продолжило откако Капело сосема го исфрлил од составот за Интерконтиненталниот куп во Токио против ФК Саун Пауло предводен од тренерот Теле Сантана Да Силва во 1993 година, што довело до уште една жестока расправија помеѓу играчот од средниот ред и тренерот. Овој вид на бунт се исплатил за Савиќевиќ, бидејќи тој станал редовен првотимец сè до крајот на сезоната, оставајќи значителен придонес во освојувањето на титулите во Серија А и Лигата на Шампионите, и покрај тоа што не постигнал ниту еден гол во своите 20 лигашки натпревари.

Формацијата која Капело ја применил во текот на сезоната била исклучително дефанзивна 4-4-2 формација, која резултирала со 36 постигнати и само 15 примени голови на 34 натпревари во лигата. Со декемвриското засилување Марсел Десаи кој веднаш добил статус на редовен првотимец, одбраната дополнително се зацврстила. Сепак за неговата инспиративна и креативна игра, Савиќевиќ бил прогласен за Il Genio (Генијалецот) од страна на претседателот на клубот Берлускони со кого Дејан изградил одличен однос. Всушност, личната поддршка на Берлускони го задржало Савиќевиќ од напуштање на клубот во повеќето моменти кога тој не се согласувал со Капело.

Сепак, таа сезона завршила одлично за Савиќевиќ. Неговиот настап во финалето на Лигата на Шампионите на 18 мај 1994 година на олимпискиот стадион во Атина се покажал дека е најголемиот момент во неговата кариера, и најверојатно една од најдобрите поединечни изведби во натпреварувањето. Тој веќе покажал знаци на подобрување на формата и самодовербата во вториот дел од сезоната во Лигата на Шампионите, постигнувајќи два гола во текот на март, веднаш по зимската пауза во последователните натпревари против Вердер Бремен на домашен терен и на гости (иако голот на Сан Сиро го постигнал по катастрофалната грешка од страна на одбранбениот играч на Вердер). Сепак, и покрај беспрекорното освојување на првото место во групата и лесната победа во полуфиналниот натпревар, Милан се нашол во мал неред чекорејќи кон финалето откако двата централни играчи од одбраната Франко Барези и Алесандро Костакурта, јадрото на дефанзивната формација на Капело, биле суспендирани. Земајќи предвид дека противникот бил амбициозниот тим на Јохан Кројф, ФК Барселона, заедно со Ромарио и Христо Стоичков, Капело одлучил против огнот да се бори со оган со што испратил многу поофанзивно ориентирана формација. Тактичката промена му одговарала на Савиќевиќ, тој му асистирл на Даниеле Масаро за отворање на резултатот, а потоа со полуволеј удар од 35 јарди (околу 30 метри) постигнал ефектен гол за недостижно водство од 3-0. Огромната храброст и техничка брилијантност на голот, одлуката да се оди на добро поставен лоб удар од десниот раб на шеснаесетникот на голманот на Барселона Андони Зубизарета кој бил нешто блиску до линијата во ситуација во која повеќето голмани би излегле понапред и би се одлучиле за силен удар бидејќи во близина немало ниту еден играч од одбраната, му донела многу пофалби и признанија.

Сезона 1994/1995

уреди

И покрај тоа што неговиот настап во финалето на Лигата на Шампионите предизвикал голем публицитет, следната сезона 1994/1995 започнала речиси на ист начин за Савиќевиќ. Претседателот и извршен директор на клубот Адријано Галијани го контактирал во текот на летото 1994 година за да побара информации во врска со намерата на клубот да го купи Давид Жинола од Париз Сен Жермен и Фаустино Асприлја од Парма[15], на кое тој бил против и му рекол дека ќе побара трансфер доколку се случи тоа.[15]

Неговата вредност во клубот пораснала, но бидејќи Капело се вратил на својот вообичаен начин на водење на тимот со тактики и одбрана која доминира врз офанзивна креативност, Савиќевиќ сè уште бил принуден да пропушти некои натпревари (иако конкуренцијата за странски места станала полесна со повратникот Гулит кој за време на средина на сезоната повторно заминал, Бобан и Десаи како конкуренти. Покрај тоа, низ целата сезона Савиќевиќ го следеле непријатни повреди, така што Црногорецот се појавил само на 19 од 34 лигашки натпревари. Сепак тој успеал да постигне 9 лигашки голови (неговата најдобра сезона во однос на постигнати голови во Серија А) вклучувајќи 4 голови на еден натпревар на 14 јануари 1995 година против Бари на стадионот Сан Никола,[16] стадионот каде што ја освоил европската титула со Црвена Ѕвезда и против Арсенал[17]

И покрај тоа што тимот се наоѓал на средината на табелата во Серија А во 1995 година, Савиќевиќ постојано играл добро за Милан на патот кон нивното трето последователно финале во Лигата на Шампионите, што за него кулминирало во спектакуларно полуфинале против Париз Сен Жермен, каде што тој постигнал два гола во реванш натпреварот на Сан Сиро.[18] Пред тоа, во првиот натпревар Савиќевиќ му асистирал на Бобан во судиското продолжение за единствениот гол на натпреварот[19]. Без оглед на неговиот сјаен настап против ПСЖ и неговиот придонес кон тимот во 1995 година, тој не бил дел од тимот кој Капело го одвел до Виена за финалето во Лигата на Шампионите во 1995 година поради „повреда“ иако Савиќевиќ инсистирал дека бил подготвен. Во финалето, многу негативниот и одбранбено ориентиран Милан создал малку шанси и на крајот загубил од тимот на Ајакс предводен од Луис ван Гал со 1-0.

Сезона 1995/1996

уреди

Новите странски играчи Паоло Футре и Џорџ Веа како и потпишувањето на Роберто Баџо ја зголемиле конкуренцијата во средниот ред, но 29 годишниот Савиќевиќ успеал да даде добри резултати во сезоната со 23 настапи во лигата и 6 лигашки голови. Неговите најсјајни моменти се случиле во градското дерби наречено Дерби дела Мадолина каде што тој конечно постигнал гол против градските соперници Интер. Во повеќе прилики Савиќевиќ ги покажал своите неверојатни технички способности и контрола над топката, како на пример кога ги дриблал и танцувал околу одбранбените играчи на Парма, Фернандо Коуто и Лујџи Аполони за да му асистира на Баџо за првиот гол против Парма на Сан Сиро, пред и самиот да постигне гол за конечен резултат од 3-0.[20]

Во неговата кариера на Сан Сиро, Милан освоил 7 трофеи, вклучувајќи 3 скудета (Серија А титули) 1992/1993, 1993/1994, 1995/1996, 1 Куп на рвропските шампиони 1993/1994, и 1 Европски Суперкуп, но бил критикуван во италијанските медиуми за тоа што не секогаш давал се од себе против помалите екипи и на неговите настапи често играл топло-ладно.

Враќање во Црвена Ѕвезда

уреди

Во јануари 1999 година, по шест месеци оддалеченост од играњето конкурентен фудбал, триесет и двегодишниот Савиќевиќ се вратил во својот поранешен клуб Црвена звезда од Белград под водство на главниот тренер Војин Лазаревиќ. Враќајќи се на Маракана, местото на неговите големи успеси во кариерата, клубот бил трет во лигата на зимската пауза, зад Партизан и актуелниот шампион на лигата Обилиќ. Со солидно младо тимско јадро од Горан Друлиќ, Горан Буњевчевиќ и Бранко Бошковиќ, клубот штотуку го продал својот најдобар млад и перспективен играч Перица Огњеновиќ на Реал Мадрид, а истовремено го довел Михајло Пјановиќ од ОФК Белград.[21]

Ветеранот Савиќевиќ, кој веднаш ја добил капитенската лента, го имал своето деби со продолжувањето на лигата по зимската пауза. Неговиот најзабележителен настап се одржал на 20 март 1999 година против ривалот Партизан каде што бил избран за играч на натпреварот.[21]Четири дена подоцна НАТО ја нападнал СР Југославија, принудувајќи ја сезоната на лигата да биде прекината и на крајот предвреме да заврши.[21]

Вкупно, Савиќевиќ забележал три првенствени настапи за време на неговиот втор престој со Црвена Ѕвезда.

Рапид Виена

уреди

Тој ги одиграл последните две сезони со австрискиот Рапид Виена, пред да се пензионира во 2001 година, по постојаните борби со повредите.

Меѓународна кариера

уреди

Репрезентативната кариера на Савиќевиќ која опфаќа 13 години е поделена на два посебни дела, првите шест години под водство на тренерот Ивица Осим кога земјата се нарекувала СФР Југославија и се состоела од шест републики, и последните пет години под водство на тренерот Слободан Сантрач претставувајќи ја СР Југославија која се состоела од Србија и Црна Гора.

Годините под водство на Осим биле обележани со бурниот однос кој го споделувале двајцата,[22][23], со тоа што конзервативниот Осим често се сомневал во талентите на Савиќевиќ, претпочитајќи играчи кои тој сметал дека се позрели и сигурни за местата од офанзивните редови како на пример Златко Вујовиќ, Мехмет Баждаревиќ, Драган Стојковиќ па дури и ветеранот Сафет Сушиќ.

Под водство на Сантрач, без размислување Савиќевиќ бил првотимец, но поради ембаргото на ОН наметнато на СР Југославија и како резултат на спортските санкции, тој пропуштил вкупно две и пол години од репрезентативната кариера. Освен тоа, бидејќи Југославија не продолжила со играње на натпревари до средината на 1996 година, тоа значело дека Савиќевиќ бил спречен од играње на какви било натпревари за репрезентацијата, од кога имал 25 години сè додека наполни речиси 30 години.

Квалификации за ЕП 1988 година

уреди

Савиќевиќ дебитирал за репрезентацијата додека сè уште настапувал за Будуќност, на 29 октомври 1986 година во квалификацискиот натпревар за ЕП 1988 година против Турција во Сплит.[24] Самиот тренер Ивица Осим, кој ја предводел репрезентацијата во неговиот четврти натпревар севкупно (и неговиот прв натпревар како самостоен тренер бидејќи пред тоа ги делел тренерските обврски со Иван Топлак) го ставил талентираниот 20-годишен играч во игра како замена за Харис Шкоро во 53-та минута при водство на Југославија од 2-0 преку двата погодока на Златко Вујовиќ во првото полувреме. Дебитантот Савиќевиќ не трошел време за да остави впечаток затоа што во 73-та минута го постигна голот за 3-0 пред Вујовиќ да постигне хет трик за конечен резултат од 4-0.[25] Сепак, и покрај тоа што Савиќевиќ го постигнал дебитантниот гол, неговата слава била преземена од друг дебитант 22-годишниот Семир Туце кој покажал голема самодоверба играјќи на левата крилна позиција во средината на теренот и поради тоа го имало на насловните страници. Две недели подоцна Осим не го повикал Савиќевиќ за важниот квалификациски натпревар на гости на Вембли против Англија, додека Туце добил повик и влегол во игра како замена во второто полувреме. Југославија загубила со 2-0.

Младиот Савиќевиќ почекал цела година за неговиот втор репрезентативен настап. Во средината на октомври 1987 година, квалификациите за ЕП 1988 биле сè уште во тек со Југославија играјќи против Северна Ирска на стадионот Грбавица во Сараево и тој повторно влегол како замена во второто полувреме на местото на Фадил Вокри. Југославија остварила лесна победа од 3-0, и Англија ја уништила Турција со 8-0 истиот ден, со што сцената била поставена за решавачкиот натпревар помеѓу Југославија и Англија, каде што требало се одлучи кој ќе оди во Германија. Доколку Англија победила или биде нерешено, требало да се квалификува а доколку победила Југославија, и следниот натпревар ја победи Турција на гости , таа требало да се квалификува. Натпреварот се одиграл на 11 ноември 1987 година на преполнетиот стадион од 70,000 гледачи на Маракана во Белград и повторно Савиќевиќ не добил шанса да игра додека Англија ја посрамотила Југославија со 1-4 и се квалификувала на ЕП.

Еден месец подоцна, Осим на 21-годишниот Савиќевиќ му овозможил за првпат да настапи од самиот почеток на останатиот безначаен квалификациски натпревар против Турција во Измир.

Во наредниот период помеѓу двата квалификациски циклуси, Југославија одиграла шест пријателски натпревари од март до септември 1988 година и Савиќевиќ се појавил само на првите два натпревари (цели 90 минути против Велс и Италија кон крајот на март 1988 година) како што неговиот незгоден однос со Осим, кој не бил отпуштен од страна на Југословенската Фудбалска Федерација и покрај тоа што не успеал да се квалификува за ЕП 1988.

Квалификации за СП 1990 година

уреди

Квалификациите за Светското првенство во 1990 година започнале во октомври 1988 година со Савиќевиќ - кој во меѓувреме ја завршил својата преселба во летото 1988 година во Црвена Ѕвезда од Белград и веднаш бил испратен да ја служи задолжителната војска - не бил повикан за првиот натпревар на гости кај Шкотска.

Потоа, еден месец подоцна, можеби изненадувачки знаејќи ја конзервативната природа на тренерот, Осим го довел војникот на ЈНА Савиќевиќ (кој исто така имал одличен настап во натпреварот на Црвена Ѕвезда против Милан во Европскиот куп) како замена во 69. минута за Бора Цветковиќ веднаш откако Франција повела со 1-2 една минута порано на голот на Франк Созе. Замената се исплатила во голема мера бидејќи француските играчи немале одговор за свежите нозе и креативноста на Савиќевиќ во средината на теренот. Дејан прво иницирал југословенско офанзивно движење кое завршило со израмнувањето на Сушиќ, а потоа со двајца играчи кои го чувале обезбедиле перфектен центаршут од левата страна за соиграчот од Црвена звезда, Стојковиќ, да го постигне победничкиот гол во 83. минута кога Југославија забележала голем кам-бек 3–2 победа на стадионот ЈНА во Белград.[26]

Одличниот настап на Савиќевиќ против Франција го стави во добрите книги на Осим, бидејќи добил шанса да го започне следниот квалификациски натпревар на домашен терен против Кипар во декември 1988 година. постигнувајќи хет-трик кога Југославија победила со 4-0 на Маракана. Следниот квалификациски натпревар кон крајот на април 1989 година бил клучен на гостувањето во Франција и Осим решил да не игра со Савиќевиќ, наместо тоа, избрал да продолжи со своите постари редовни играчи напред, како Златко Вујовиќ, Сушиќ и Баждаревиќ, додека Југославија извојувала нерешен резултат на Паркот на принцовите.

Савиќевиќ, исто така, не играл на следниот квалификациски натпревар на гости кај Норвешка, враќајќи се само како играч во второто полувреме за Драган Јаковљевиќ во септември 1989 година на Максимир во Загреб против Шкотска. Со победата од 3–1 над Шкотска, Југославија ги надминала Шкотите на врвот на табелата. Така, со преостанати два меча, Југославија веќе била водечка со десет бода (четири победи и две нерешени), по што следеле Шкотска со десет, а Франција и Норвешка со пет. Во такви околности, конзервативниот Осим не сакал да го менува тимот, што значело дека Савиќевиќ ја добивал својата шанса само на пријателски натпревари. Натпреварот за Југославија се одиграл на Кошево во Сараево против Норвешка во октомври 1989 година, и не е изненадувачки што Савиќевиќ повторно не добил ниту една минута игра. Тимот победил со 1-0, а во комбинација со фактот дека Шкотска била поразена од Франција со 0-3 во Париз, Југославија го освоила првото место во групата, квалификувајќи се за Светското првенство во Италија. Последниот квалификациски натпревар бил на гостувањето кај Кипар, а Савиќевиќ добил шанса да започне заедно со мноштво други млади играчи од домашната лига кои Осим вообичаено не сакал да ги користи во натпреварувачки натпревари како Дарко Панчев, Роберт Просинечки, Бранко Брновиќ и Слободан Маровиќ.

СП 1990

уреди

Упатувајќи кон Светското првенство, се сметало дека шансите на Савиќевиќ да игра поголема репрезентативна улога биле малку зголемени бидејќи Мехмед Баждаревиќ, еден од неговите конкуренти за место во нападот во средниот ред, бил суспендиран од ФИФА поради плукање по турскиот судија Јусуф Намоглу за време на клучниот квалификациски натпревар против Норвешка. Сепак, Савиќевиќ не добил ниту една минута на првите два пријателски натпревари - во март 1990 година во Полска и во мај 1990 година дома против Шпанија - што довело до заклучоци дека повторно нема да биде корисен. Но, тогаш на почетокот на јуни, само седум дена пред воведниот натпревар на Светското првенство, тој требало да ги одигра сите 90 минути на „генералната проба“ на Максимир во Загреб против Холандија, каде оставил голем впечаток.[27] Самата игра, сепак, се нашла на втор план за контроверзите предизвикани од националистичките хрватски навивачи кои ја исвиркале југословенската химна и темелно ги навредувале играчите.

Савиќевиќ го избрал дресот со број 19 за турнирот „од восхит кон неговиот идол од детството Вахид Халилхоџиќ“ кој го носел бројот за Југославија на Светското првенство во фудбал во 1982 година.[28]

На Сан Сиро на 10 јуни 1990 година, истите почетни единаесет што се соочиле со Холандија во последниот пријателски натпревар, исто така, започнале против Западна Германија, вклучувајќи го и Савиќевиќ. Играјќи пред речиси 75.000 фанови (најголемата публика на целото Светско првенство на ФИФА 1990 година), тимот бил издвоен од брзината и силата на германските играчи а Лотар Матеус и Јирген Клинсман направиле предност од 2–0 пред полувремето. Набргу по паузата Давор Јозиќ повлеколедна шанса за Југославија, што претставувало сигнал за селекторот Осим да направи промени со надеж дека ќе предизвика кам-бек. Една минута подоцна тој го повлекол Савиќевиќ, кој бил главно невидлив, имајќи игра за заборав, како и повеќето од југословенскиот тим, и го ставил Драгољуб Брновиќ како дел од двојната замена во средниот ред, во која исто така Просинечки го заменил Сушиќ. Сепак, овој потег не донел многу, бидејќи Матеус дивеел низ југословенската одбрана пред да упати силен удар за нов резултат. Четвртиот германски гол дошол како конечна навреда, бидејќи голманот Ивковиќ направил хаос при лесниот удар на Бреме.

Доколку не се добие ништо од натпреварот во Западна Германија, во голема мера значело дека следниот натпревар во групата против Колумбија бил задолжителен да се победи. Осим направил три измени во стартната постава, а една од нив била Савиќевиќ кој се нашол на клупата во корист на Брновиќ. Југославија напорно се справила со Колумбијците, и на крајот стигнала до победа од 1-0, а Савиќевиќ не добил ниту една минута акција. Помалку или повеќе со истиот состав се соочииле со Обединетите Арапски Емирати во последниот натпревар од групата, што значело дека Савиќевиќ повторно бил вишок на барањата на Осим каде Југославија победила лесно со 4-1.

Во нокаут фазата, Савиќевиќ повторно бил на клупата за резерви на почетокот на натпреварот против Шпанија во измачувачките доцни попладневни горештини на Верона, но ја добил својата шанса на почетокот на вториот дел кога резултатот сè уште бил изедначен на 0-0, влегувајќи во игра на местото на Дарко Панчев. Замената на напаѓач за играч од средниот ред значело дека Осим ја променил формацијата од 3–5–2 на малку поодбранбена 3–6–1 со само Златко Вујовиќ во напад. Набрзо натпреварот го презел Драган Стојковиќ кој постигнал прекрасен гол во 78. минута, но резултатот на крајот од 90. минута бил 1–1, а Савиќевиќ имал сигурен настап. Во судиското продолжение Стојковиќ го постигнал својот втор на мечот на мајсторски изведен слободен удар. Патем, слободниот удар дошол по прекршокот врз Савиќевиќ при едно од неговите напнати трчања низ средниот ред од десно кон лево.

И покрај неговото задоволително прикажување против Шпанците, Савиќевиќ повторно останал клупата за четвртфиналната пресметка против актуелниот светски шампион Аргентина четири дена подоцна. Почнувајќи го натпреварот во формација 4–5–1, Осим го вратил Зоран Вулиќ во составот како дел од одбранбената единица со четири играчи, а младиот Просинечки го заменил повредениот Катанец во средината на теренот, додека Вујовиќ останал сам во нападот од самиот старт. Стоејќи зад плејмејкерот од средниот ред Стојковиќ,[29] Југославија изгледала многу добро во текот на целиот натпревар, дури и кога останале со десет играчи по исфрлањето на Рефик Шабанаџовиќ во 31. минута. Осим не направил никакви замени, па решил да почека 15 минути во вториот дел за да го стави Савиќевиќ наместо Сушиќ. Свежите нозе на Савиќевиќ му ја дале на тимот неопходна инфузија на енергија и уште една цел во средината за Стојковиќ да ја додаде по неговите напнати дриблења, но Савиќевиќ не можел да реализира на ниту едно од нив. Највпечатливото промашување дошло рано во судиското продолжение, бидејќи Стојковиќ маестрално се ослободил по десната страна пред да му даде перфектно додавање на Савиќевиќ кој бил на 5-6 метри од гол линијата. Сам пред голманот Серхио Гојкочеја, Савиќевиќ ја префрлил топката преку пречката. Тоа било една од најдобрите шанси создадени од двете екипи во текот на целиот натпревар. На пенали, Аргентина победила со резултат од 3:2.

ЕП 1992

уреди

Дејан Савиќевиќ бил повикан од фудбалската репрезентација на Југославија за Евро 1992,[30] но нацијата била суспендирана поради Југословенските војни.

СП 1998

уреди

Дејан Савиќевиќ бил избран како дел од националниот тим на Југославија за Светското првенство во фудбал во 1998 година. Тој се појавил во два натпревари, првиот бил натпревар во групна фаза против САД[31] а вториот против Холандија.[32]

Савиќевиќ го пропуштил на Еуро 2000 поради истегнување на бутниот мускул на натпреварот против Штурм Грац.[33]

Статистика

уреди

Клупска

уреди

[34][35]

Клуб Сезона Лига Национален куп[б 1] Европа Останато Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Будуќност 1982–83 Прва лига 2 0 2 0
1983–84 Прва лига 7 1 7 1
1984–85 Прва лига 29 6 29 6
1985–86 Прва лига 32 10 32 10
1986–87 Прва лига 31 9 31 9
1987–88 Прва лига 29 10 29 10
Вкупно 130 36 130 36
Црвена Ѕвезда 1988–89 Прва лига 0 0 0 0 3 1 3 1
1989–90 Прва лига 25 10 7 4 6[б 2] 3 38 17
1990–91 Прва лига 25 8 7 3 7[б 3] 3 39 14
1991–92 Прва лига 22 5 7 2 4[б 3] 2 2[б 4] 0 35 9
Вкупно 72 23 21 9 20 9 2 0 115 41
Милан 1992–93 Серија А 10 4 4 3 3[б 5] 0 17 7
1993–94 Серија А 20 0 3 1 7[б 5] 3 2[б 6] 0 32 4
1994–95 Серија А 19 9 1 0 6[б 5] 2 3[б 7] 0 29 11
1995–96 Серија А 23 6 3 2 3[б 2] 1 29 9
1996–97 Серија А 17 1 2 0 2[б 5] 0 1[б 8] 1 22 2
1997–98 Серија А 8 0 7 1 0 0 15 1
Вкупно 97 20 20 7 21 6 6 1 144 34
ФК Црвена Ѕвезда 1998-1999 Прва лига 3 0 0 0 0 0 3 0
Рапид Виена 1999–2000 Австриска Бундеслига 22 11 0 0 4 1 26 12
2000–01 Австриска Бундеслига 22 7 3 0 3 1 28 8
Вкупно 44 18 3 0 7 2 54 20
Вкупно 346 97 44 16 48 17 8 1 446 131
  1. вклучувајќи Куп на Југославија, Италија, и Австрија
  2. 2,0 2,1 Настапи во УЕФА Куп
  3. 3,0 3,1 Настапи во Европски Куп
  4. Еден настап во УЕФА Суперкуп, еден во Интерконтинентален Куп
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Настапи во Лига на шампионите
  6. Еден настап во УЕФА Супер Куп, еден во Суперкуп на Италија
  7. Два настапи во УЕФА Суперкуп, еден во Интерконтинентален Куп
  8. Настап во Суперкуп на Италија

Репрезентативна

уреди
Настапи и голови по репрезентација и година
Национален тим Година Натпревари Голови
СФР Југославија 1986 1 1
1987 2 0
1988 4 3
1989 5 1
1990 5 0
1991 9 5
1992 1 0
ФР Југославија 1993* 0 0
1994 2 0
1995 3 2
1996 6 4
1997 10 3
1998 4 0
1999 4 0
Total 56 19
  • Забелешка: Југославија била забранета од меѓународниот фудбал во 1993 година, од 1994 година СР Југославија станала наследник на репрезентацијата на СФР Југославија.

Забелешки

уреди
  1. Вклучувајќи 27 натпревари и 10 гола за СФР Југославија.[3]

Наводи

уреди
  1. B92 (7 July 2001). „Savićević predsednik Fudbalskog saveza Crne Gore“ (Serbian). Посетено на 8 August 2023.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. UEFA.com (5 April 2017). „Dejan Savićević | Inside UEFA“. UEFA.com (англиски). Посетено на 19 February 2024.
  3. Предлошка:Reprezentacija
  4. UEFA Magazine – Montenegro's new dawn by Aleksandar Bošković
  5. „10 of the best playmakers of the 90s: Zizou, Laudrup, Baggio, Bergkamp...“. Planet Football (англиски). 15 September 2020. Посетено на 10 December 2020.
  6. Alpuin, Luis Fernando Passo; Mamrud, Roberto; Miladinovich, Misha (20 February 2009). „Yugoslavia (Serbia (and Montenegro)) – Record International Players“. Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation. Посетено на 12 March 2009.
  7. Stanić, Mario (2023). „Episode #15: Dejan Savićević“. (Ne)uspjeh prvaka s Mariom Stanićem. Посетено на 7 May 2020.
  8. Petrović, Neša (23 February 2023). „Dejan Savićević, part 1 Budućnost: "Driblinge sam naučio u blatu livade Đečevića." (time stamp 15:55)“. Top 11. Архивирано од изворникот на 2023-02-24. Посетено на 24 February 2023.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  9. 9,0 9,1 Bio sam drzak, ali nikad ohol Архивирано на 3 март 2016 г.;Vreme, 8 November 2012
  10. 10,0 10,1 Lazić, Petar (26 March 2017). „Savićević: Smešno je rešenje da svi budemo 'Zvezdine zvezde', slali su nas u vojsku da bismo potpisali za Partizan“. HotSport.rs. Посетено на 26 February 2023.
  11. Petrović, Neša (23 February 2023). „Pokušali su da me zavade sa Piksijem! Dejo Savićević za MONDO: Oprostio sam Osimu za Papeta, a onda je spomenuo Arkana“. Mondo.rs. Посетено на 24 February 2023.
  12. 12,0 12,1 The night of glorious triumph that made Capello, The Guardian, 13 December 2007
  13. Henry Winter: England could do with a Dejan Savicevic, president of the Montenegro FA;The Telegraph, 12 October 2010
  14. 14,0 14,1 Interview 2010
  15. 15,0 15,1 Miklja, Igor (9 September 2020). „Sortlight #11: Dejan Savićević“. Starlight. Архивирано од изворникот 21 December 2021. Посетено на 11 June 2021.
  16. Bari-Milan 3:5
  17. Barnes, Simon (9 February 1995). „Milan the masters“. The Times. стр. 48.
  18. Milan-PSG 2:0;UEFA Champions League, 19 April 1995
  19. PSG-Milan 0:1;UEFA Champions League, 5 April 1995
  20. Milan-Parma 3:0;Serie A, 1996
  21. 21,0 21,1 21,2 Marković, Nebojša (20 March 2021). „Večiti derbi pred NATO bombardovanje: Spektakl Zvezde i Partizana '99, Dejov poslednji ples i odbrana "Gazele"!“. Посетено на 20 March 2021.
  22. TEMA „BLICA“: Kako bi izgledala reprezentacija nekadašnje YU škole fudbala: Bivša SFRJ bi u Africi igrala polufinale!, Blic, 21 November 2009 Архивирано на 21 ноември 2009 г.
  23. Poslednji jugoslovenski fudbalski tim
  24. „Yugoslavia v Turkey Qualifier for 1988 UEFA Euro Champs“. Sky Sports. 29 October 1986. Архивирано од изворникот на 9 November 2019. Посетено на 13 April 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  25. Yugoslavia-Turkey 4:0
  26. Savićević inspires late win for Yugoslavia
  27. Yugoslavia-Holland 0:2, June 1990
  28. Tempo issue 1265 (28 May 1990). "Zašto nosim broj 19" (in Serbo-Croatian).
  29. 1990 World Cup Yugoslavia vs Argentine (Dragan Stojkovic) – YouTube
  30. „Pancev también renuncia a la Eurocopa“. Mundo Deportivo (шпански). 25 May 1992. Посетено на 5 June 2019.
  31. Slick slavs save energy for Dutch – 26 June 1998
  32. FIFA – Dejan Savicevic
  33. Serbian Government (10 May 2000). „Savicevic out of Yugoslav team for Euro 2000“ (English). Посетено на 20 February 2024.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  34. Дејан Савичевиќ на WorldFootball.net
  35. „Dejan Savicevic – Carriera – stagioni, presenze, goal“ (италијански). tuttocalciatori.net. Посетено на 16 July 2022.

Надворешни врски

уреди