Александрос Зајмис

Александрос Зајмис (грчки: Αλέξανδρος Ζαΐμης) (9 ноември 1855 Атина - 15 септември 1936 бил грчки политичар, премиер на Грција (1897–1899, 1901–1902, 1904–1906) и претседател на Грција (1929–1935). Како син на Трасивулос Зајмис, кој исто така бил премиер на Грција, во политиката влегол на многу млади години. Во 1906 година бил назначен за Висок комесар на Крит. Под притисок на Антантата, тој поднесе оставка во 1917 година од функцијата премиер на Грција.

Александрос Зајмис
Alexandros Zaimis
Четврти Претседател на Втора Грчка Република
На должноста
1929–1935
Претходник Павлос Кундуриотис
Наследник Георгиос Зоитакис
Премиер на Грција
На должноста
4 декември 1926 – 4 јули 1928
Претходник Георгиос Кондилис
Наследник Елевтериос Венизелос
Премиер на Грција
На должноста
5 февруари 1917 – 27 јуни 1917
Претходник Спиридон Ламброс
Наследник Елевтериос Венизелос
Лични податоци
Роден(а) 9 ноември 1855(1855-11-09)
Починал(а) 15 септември 1936(1936-09-15) (возр. 80)
Виена, Австрија

Тој во 1929 година станал четвртиот и последен претседател на Втората Грчка Република, каде на истата функција се задржал до 1935 година, кога била обновена монархијата во земјата. Починал во 1936 година во Виена, Австрија.