Лазо Каровски
Лазо Каровски — (17 февруари 1927 во Кавадарци — 2 февруари 2000 во Скопје) ― македонски поет, литературен историчар и фолклорист[1]
Животопис
уредиЕден од првите македонски поети по ослободувањето, романописец, детски поет, литературен историчар и фолклорист. По завршувањето на гимназијалното образование во родниот град и во Скопје, дипломирал на Катедрата за југословенски литератури и македонски јазик на Филозофскиот факултет во Скопје, каде што и докторирал со темата „Печалбарството во македонската народна и уметничка литература“[1][2] (Македонски печалбарски песни)[3], во 1973 година. Работел како гимназиски професор во Кавадарци и во Учителската школа во Битола, а потоа предавал на тамошната Педагошка академија.
Тој е еден од најпознатите македонски фолклористи, а истовремено е и познат автор и поет.[4]
Библиографија
уредиКаровски пишуваше и за деца и за возрасни.
Од неговото творештво за деца се издвојуваат следните збирки поезија:[1]
- Овчарче (1946)
- Песната на славејот (1955)
- Митко шета со ракета
Во спомен на дванаесетте младинци од Ваташа убиени од Бугарите во Втората светска војна, ја напишал поемата: Крвава Балада (1947).[1]
Од неговото творештво за возрасни се издвојуваат следните збирки поезија:[1]
- Тиквешка легенда (1948) Преземи во PDF формат Архивирано на 27 септември 2007 г.
- Родината в песни (1951)
- Момина чука (1955)
- Родина
- Стравини (1958)
Од неговото прозно творештво се издвојуваат:[1]
- Патишта (1959)
- Заорок (1971)
- Раскин
Каровски е исто така автор и на романсираните биографии на Климент и Наум Охридски.
Добитник е на бројни награди за литературна дејност.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 678. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ „КАРОВСКИ, Лазо Трајков“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-23.
- ↑ „Биографија – Лазо Каровски“. Македонска поезија. 2020-12-04. Архивирано од изворникот на 2021-01-31.
- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 115 116.