Добре Ј. Тодоровски, (роден 1960 година) — современ македонски писател, раскажувач, романописец, драмски писател. Роден 1960 година, во Бабино, Демирхисарско. Основно образование го завршил во Битола, а средното во Сараево, БиХ. Дипломирал на Биотехничкиот факултет во Битола.

Почетоците на првото Книжевно творештво се врзуваат уште во основно образование, со необјавениот роман за деца „Бакарни огнови“, пишуван 1974 година.

Како вработен во Одбраната, долги години е дописник на армиските гласила („Одбрана“ и „Армиски збор“) каде што покрај бројните написи, објавувени се и 70 хуморески. Истовремено бил хонорарен дописник на повеќе гласила и други весници.

Еден е од членовите возобновувачи на Битолскиот книжевен круг, во 2005 г. здружение на битолските писатели, членови на ДПМ. Прва објавена книга, со која се претставува пред читачката публика е романот „Сивилото на одот“ (1998г.). Пишувајќи претежно проза, во неговото творештво ќе ги забележиме до сега издадените дела:

Дела

уреди

Романи

уреди
  • „Сивилото на Одот“
  • „Над тагата“
  • „Завештание Велјаново“
  • „Прокоба“
  • „Трите смртни пресуди на Павел Шатев“
  • „Последниот монах“
  • „Сестра Касијана“

Збирки раскази

уреди
  • „Дума за душите“
  • „Прикрај“
  • „Со проштение“

Поезија

уреди
  • „Болештини“
  • „Длабоко во мене“.

Драми

уреди
  • „Пак го најде Санде сина си“
  • „Закопана вистина“
  • „Да не ти речам“
  • „Ај, што имам мерак...“,

Монодрами

уреди
  • „Што ми било пишано“
  • „Бориз Баѕернички“
  • „Славе славен да биди“
  • „Што велеше Јовче Гаџо“
  • „Горе - Долу“.

Монографии

уреди
  • „Црнобуки-Црноболки“
  • „Учителот Максим Попоски“ соавтор
  • „Д-р Димитар Котевски“ соавтор

Неговите дела тематски се поврзани со настани од поновата историја, кои говорат за животот на народот/човекот, како белег на неговата опстојба на просторот од пошироката битолската околина. Карактеристично за неговото творештвото е тоа што во своите дела го користи народниот говор од нашето поднебје, со што се зачувуваат неговите локални белези.

За член на Друштвото на писатели на Македонија, избран е во 2000 г. Од 2001 година е член и на Друштвото за наука и уметност Битола, (сега Македонско научно друштво-Битола).

Главен и одговорен уредник на „Прилози“, списание на Македонското научно друштво – Битола. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: „Иселеничко перо“ (2000), награда на Матицата на иселеници на Македонија и „4 ноември“ (2002), „Златна плакета“ на Македонското научно друштво – Битола.