Влада Урошевиќ
Влада Урошевиќ (Скопје, 17 октомври 1934) — македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач. Редовен член на МАНУ од 1997 година.[1]
Влада Урошевиќ | |
---|---|
Портрет на Влада Урошевиќ | |
Занимање | раскажувач, романописец, поет, книжевен и ликовен критичар, преведувач, есеист |
Државјанство | македонско и југословенско |
Период | 1959 - сè уште |
Предмет | поезија и проза за возрасни, книжевна есеистика, сценарија, романса |
Книжевно движење | современа македонска книжевност, модернизам |
Значајни дела | „Невестата на змејот“ и др. |
Значајни награди | „Григор Прличев“,„Рациново признание“, „Браќа Миладиновци“ и др. |
Основни биографски податоци
уредиРоден е во Скопје во 1934 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а во 1988 година станал редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Урошевиќ е член на ДПМ од 1961 година. Исто така, тој е член на МАНУ, како и дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург и член на Македонскиот ПЕН центар.
Книжевно творештво
уредиВлада Урошевиќ е еден од најзначајните претставници на македонскиот модернизам, фокусиран врз истражување на чудесното, фантастичното и надреалното. Покрај со пишување, Урошевиќ се занимавал и со преведување. Така, познати се неговите препеви на песни од руските поети: Пушкин, Лермонтов, Сологуб, Каменски, Хлебников, Мајаковски, Пастернак итн.[2]
Најпознати дела на Урошевиќ се:
- Еден друг град (поезија, 1959)
- Невиделица (поезија, 1962)
- Вкусот на праските (роман, 1965)
- Манекен во пејзажот (поезија, 1967)
- Летен дожд (поезија, 1967)
- Знаци (раскази, 1969)
- Врсници (критики и есеи, 1971)
- Ноќниот пајтон (раскази, 1972)
- Ѕвездена терезија (поезија, 1973)
- Нуркачко ѕвоно (поезија, 1975)
- Сонувачот и празнината (поезија, 1979)
- Мрежа за неуловливото (критики и есеи, 1980)
- Лов на еднорози (раскази, 1983)
- Компасот на сонот (поезија, 1984)
- Нишката на Аријадна (критики и есеи, 1985)
- Хипнополис (поезија, 1986)
- Подземна палата (есеи, 1987)
- Демони и галаксии (студија, 1988)
- Панична планета (поезија, 1989)
- Алдебаран (записи и патописи, 1991)
- Митската оска на светот (критики и есеи, 1993)
- Ризиците на занаетот (поезија, 1993)
- Мојата роднина Емилија (роман, 1994)
- Паники (поезија, 1995)
- Дворскиот поет во апарат за летање (роман, 1996)
- Париски приказни (записи и патописи, 1997)
- Астролаб (критики и есеи, 2000)
- Дива лига (роман, 2000)
- Мане, текел, фарес (поезија, 2002)
- Невестата на змејот (роман-бајка, 2008)
- Седмата страна на коцката (раскази, 2010)
- Размена на пораки (раскази, заедно со Тања Урошевиќ, 2013)
- Тајна мисија (раскази, 2013)
- Маџун (роман, 2018)
- Безразборна лабораторија (поезија, 2019)
- Вистината но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени
Антологии:
- Црниот бик на летото (1963)
- Француска поезија - XX век (1972)
- Црна кула (1976)
- Современа македонска поезија (на српскохрватски, 1978)
- Космос в амбар (на холандски јазик, 1980)
- Кула (на узбечки јазик, 1981)
- Големата авантура: францускиот надреализам (1993)
- Шуми под море (кратката прозна форма во француската литература, 1994)
- Златна книга на француската поезија (1996)
- Седум француски поети (2001)
- Избрани дела (2004)[3].
- Џинџуџе во земјата на афионите (Темплум, 2022)[4]
Награди и признанија
уредиЗа своето творештво, Урошевиќ е добитник на наградите:
- Награда „Браќа Миладиновци“ (1967, 1973 и 1986),
- Награда „Григор Прличев“ (1974 и 1989),
- Награда „Рациново признание“,
- Награда „Кирил Пејчиновиќ“ - Тетоец,
- „Младост“,
- „Нолит“,
- наградата на Турскиот ПЕН „Халид Един Адивар“ (2007),
- „Награда „Стале Попов““ (2006),
- орденот на московската организација на Сојузот на руските писатели „Сергеј Есенин“.[2]
- Награда „Св. Климент Охридски“ (2022)[5]
- роман на годината за 2022 за „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“[6]
- награда „Златен венец“ (2023)[6] [7]
За своите преводи на најзначајните француски поети од XIX и XX век именуван е од француската влада за витез од редот на уметноста и литературата (1987).
Наводи
уреди- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 271 - 272.
- ↑ 2,0 2,1 "Рускиот орден "Сергеј Есенин" за Влада Урошевиќ", Дневник, број 5293, година XVII, петок, 18 октомври 2013, стр. 20.
- ↑ Н. Поповска, Промовирани избрани дела во десет тома на Влада Урошевиќ, Утрински весник, 16 октомври 2006 (пристапено на 6 ноември 2009)
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 55-58.
- ↑ „Доделени државните награди „Св. Климент Охридски" за 2022 година“. Факултети. 8 декември 2022. Посетено на 17 juni 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 6,0 6,1 „Влада Урошевиќ е добитник на „Златен венец" на СВП за 2023“. Либертас. 21.03.2023. Посетено на 22 март 2023. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Златен венец“ за Влада Урошевиќ, „Мостови на Струга“ за Гевин Бредли, Слободен печат, година XI, број 2811, сабота-недела, 25-26 март 2023, стр. 11.
Извори
уреди- Л. Капушевска - Дракулевска, Во лавиринтите на фантастиката: фантастичниот расказ во македонската книжевност, Магор, Скопје, 1998
- В. Јанковски, Огледало за загатката: разговори со Влада Урошевиќ, Сигмапрес, Скопје, 2003