Румена Бужаровска
Румена Бужаровска (1981, Скопје) — македонска писателка, книжевна преведувачка и професорка.
Румена Бужаровска Rumena Bužarovska | |
---|---|
Занимање | писателка |
Образование | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје |
Жанр | расказ |
Значајни дела | Мојот маж Не одам никаде Осмица За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот |
Животопис
уредиРодена е во 1981 година во Скопје. Работи како професорка по американска книжевност и преведување на англиската катедра при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Една е од основачките на иницијативата за раскажување женски приказни „ПичПрич“.[1][2]
Творештво
уредиБужаровска е авторка на четири збирки раскази: Чкртки (Или-или, 2007), Осмица Архивирано на 7 јануари 2023 г. (Блесок, 2010), Мојот маж (Или-или, 2014) и Не одам никаде (Или-или, 2018), како и книгичката кратки фикции Спиј (Темплум, 2017). Таа е авторка и на студијата за хуморот во книжевноста За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот[мртва врска] (Блесок, 2012). Заедно со група автори од земјите на поранешна Југославија е соавторка на делото Dnevnik 2020 (Fraktura, 2021). Во 2021 година ја издава детската книга Што виде бубамарата? (Чудна шума) со илустрации на Јана Јакимовска.
Збирките раскази на Бужаровска се објавени на повеќе од 10 јазици.[3] Мојот маж е поставена и како претстава во Скопје (Драмски театар, режија Нела Витошевиќ),[4] Љубљана (Словенско народно гледалишче, режија Ивана Ѓилас),[5] Белград (Југословенско драмско позориште, режија Јована Томиќ)[6] и Будимпешта (Levko Esztella и Száger Zsuzsanna).[7]
Во 2016 година била прогласена за еден од најинтересните нови книжевни ликови во Европа од страна на Literary Europe Live.[2][8] Добитничка е на регионалната награда „ЕдоБудиша“[9] и е стипендистка на меѓународната програма за писатели на Универзитетот во Ајова, САД.[10]
Ги има објавено следните преводи на книжевни дела од англиски на македонски:
- Ладнокрвно убиство – Труман Капоти;
- Животот и времињата на Мајкл К и Срамота – Џ.М. Куци;
- Алиса во светот на огледалото и Алиса во земјата на чудата – Луис Карол;
- Бојата на песот што бега – Ричард Гвин;
- Се мислам да ставам крај – Ијан Рид;
- Тешко ќе најдеш добар човек – Фланери О‘Конор.
Бужаровска е и ко-преведувачка на англиски јазик (заедно со Стив Бредбери) на нејзината збирка Не одам никаде, на англиски јазик I’m Not Going Anywhere (Dalkey Archive Press, 2023).
Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[11]
Наводи
уреди- ↑ „Видеа од настаните „ПичПрич"“.
- ↑ 2,0 2,1 Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 364.
- ↑ „Бужаровска прв македонски автор објавен од францускиот издавач Галимар“. Независен. 2022-09-19. Посетено на 2023-01-07. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Мојот маж, Колаж од расказите на Румена Бужаровска и авторски монолози“. Драмски театар - Скопје. 2020-02-15. Посетено на 2023-01-07.
- ↑ „Rumena Bužarovska, My Husband, Based on short stories published in My Husband and I'm Not Going Anywhere“. Slovensko narodno gledališče
Drama Ljubljana. 2020-10-08. Посетено на 2023-01-07. line feed character во
|publisher=
во положба 29 (help) - ↑ „Румена Бужаровска, Мој муж“. Југословенско драмско позориште. 2021-04-18. Посетено на 2023-01-07.
- ↑ Kormos Lili (2022-12-28). „A társadalmi érzékenyítés nagyon sokat segítene (Rumena Buzsarovszka, Férjem)“. Jelen. Архивирано од изворникот на 2023-01-07. Посетено на 2023-01-07.
- ↑ „New Voices from Europe 2016: Rumena Bužarovska“. Literature Across Frontiers. 2016. Посетено на 2023-01-07. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „Rumena Bužarovska dobitnica Nagrade "Edo Budiša" za 2016. godinu“. Kuća za pisce Hiža od besid. 2016. Посетено на 2023-01-07. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ „The International Writing Program, University of Iowa“. 2016. Посетено на 2023-01-07.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 261-264.
Надворешни врски:
уреди- Philippe Petit, "Mon cher mari", de Rumena Buzarovska: scènes de la vie conjugale en Macédoine, Marienne, 12/09/2022 (француски)
- Elke Heidenreich – der Spitzentitel der Woche, Heidenreichs Spitzentitel, Der Zorn der Frauen, Der Spiegel, 21/03/2021 (германски)
- Alexander Wells, Rumena Buzarovska: “Patriarchy has its local variants”, Exberliner, 13/09/2021 (англиски)
- Daniel Petrick, ‘I’m not nice anymore’: meet the author behind North Macedonia’s #MeToo movement, The Calvert Journal, 9/12/2020 (англиски)
- Rumena Bužarovska, A Doctor in Three Wars, K2.0, 15/7/2022 (англиски)
- Rumena Buzarovska et Brigitte Giraud: les livres à ne pas manquer, L'Express, 29/9/2022 (француски)