Лиљана Дирјан
Лилјана Дирјан (Скопје, 1953 - Скопје, 13 декември 2017) — македонска писателка[1] и новинар.
Животопис
уредиДирјан е родена во 1953 година во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет при УКИМ во Скопје. Била на студиски престој во Париз, како стипендист на Француската влада и Фондацијата Губелкијан.
Дирјан била главна уредничка на списанието „Жена“ и на регионалното книжевно списание „Сараевски тетратки“. Таа е една од основачите на Друштвото на независни писатели на Македонија.[2]
Таа му била сопруга на македонскиот поет, есеист, драмски писател, раскажувач и преведувач Богомил Ѓузел.
Починала во Скопје на 13 декември 2017 година.[3]
Библиографија
уредиДирјан е авторка на следниве дела:
- Природна појава (Мисла 1980),
- Жива мера (Наша книга, 1985),
- Пелин поле (Мисла 1989), "Champ d'abisinthe", (на француски јазик), 1996, кај издавачот Est/Quest Internationales, Париз и
- Тешка свила (Матица Македонска 1997).
- Приватни светови (македонски претставник за меѓународната книжевна награда „Балканика“ за 2008 година[4])
- Саѓе врз снегот (2007)
Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[5]
Добитник е на наградите „Студентски збор“ (1980) и „Браќа Миладиновци“ (1985).[6] Нејзините дела се преведени на повеќе јазици и застапена е во бројни антологии на македонската современа поезија.
Значење и влијание
уреди- „Стивнато оро“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[7]
- „Ако некогаш напишам песна“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[8]
- „Последната шега на Лиле Дирјан“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[9]
- „Штрудлата на Лиле Дирјан“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[10]
Наводи
уреди- ↑ Republička zaednica na kulturata (1982). Sovremenost: literatura, umetnost, opštestveni prašanja (32. изд.). Kn-vo "Kočo Racin".
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 358.
- ↑ „Почина македонската поетеса и новинарка Лилјана Дирјан“. Архивирано од изворникот на 2017-12-13. Посетено на 2017-12-13.
- ↑ Иванова, Тина (24 јули 2008). „Лилјана Дирјан - македонски конкурент за наградата „Балканика"“. Утрински Весник. Посетено на 2011-04-11.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 119-122.
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 74.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 396-397.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 432-433.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 493.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 491-492.