Томе Арсовски (Косовска Митровица, 23 септември 1928 - Скопје, 22 април 2007) — македонски поет, раскажувач, романописец, драмски автор.

Томе Арсовски

Животопис

уреди

Завршил Филолошки факултет во Скопје, на насоката по славистика (руски јазик и литература). Работел над 30 години како драматург во Македонската радио-телевизија. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија, каде членувал од 1959 година. Во еден мандат бил и претседател на Македонската писателска асоцијација.[1]

Творештво

уреди

Арсовски е најпознат како драмски писател — тој е автор на повеќе од 20 драми. Во неговите дела постои широка лепеза на теми и мотиви.[2]

Библиографија

уреди
  • Грст смеа (поезија, 1958)
  • Александра (драма, 1958)
  • Празник на птиците (драмска етида, 1959)
  • Непребол (поема, 1961)
  • Парадоксот на Диоген (драма, 1961)
  • Грст среќа (телевизиска драма, 1962)
  • Матурска вечер (драма, 1964)
  • Стотиот чекор (телевизиска драма, 1964)
  • Обрачи (драма, 1965)
  • Грдиот Нарцис (телевизиска драма, 1964)
  • Бумеранг (комедија, 1969)
  • Чекор до есента (драма, 1969)
  • Коктел за четворица (телевизиска драма, 1970)
  • Парадоксални раскази (раскази, 1972)
  • Залез над езерската земја (телевизиска драмска серија, 1973)
  • Убавината чекори сама (комедија, 1974)
  • Скок преку кожа (драма, 1976)
  • Исповед на таксистот (монодрама, 1979)
  • Излез во случај на опасност (драми, 1989)
  • Благиот допир на љубовта (драма, 1984)
  • Патување во Таџетакомо (роман за деца, 1980)
  • Зена, ќерка на ѕвездите (роман за деца, 1988)
  • Арис или прва љубов (роман за деца, 1989)
  • Климент Охридски (историски роман, 1989)
  • Кристална планета (роман за деца, 1990)
  • Куќа на четири ветра (роман, 1991)
  • Смешни и превртени песни (поезија за деца, 1991)
  • Петтиот ветар (раскази, 1992)
  • Подводен град (роман за деца и млади, 1993)
  • Телефонот е во прекин (роман за млади, 1993)
  • Диско - штурец (поезија за деца, 1993)
  • Супер девојче (роман за млади, 1994)
  • Нешто убаво ми се случува (роман, 1996)
  • Пурпурно поле (поема, 1996)
  • Дедо Мраз и феферони (комедија за деца, 1997)
  • Марко Крале и Феферона (весела сценска игра за деца, 1997)
  • Дарко Фокси спиди Гонсалес (весела сценска игра за деца, 1998)
  • Жената со птичја глава (раскази, 2000)

Награди

уреди

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 30.
  2. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 81.