Свети Кирил

(Пренасочено од Константин Филозоф)
Ова е објавената верзија, проверена на 19 ноември 2024. Има 1 промена во исчекување на проверка.

Свети Кирил Солунски или Константин Филозоф заедно со својот брат Методиј — основоположник на словенската писменост и култура. Покрај тоа тој бил и учител, свештеник и епископ, кој поради неговата мудрост и дејност заедно со брата си биле нарекуваат „Еднакви со Апостолите“.

Статуа на Свети Кирил во Тшебич, Чешка

Животопис

уреди

Константин, кој е познат со своето монашко име Кирил, за разлика од Методиј не тргнал по стапките на својот татко Лав. Тој уште од детски и ученички години својот животен пат го насочил кон совладување на наставните предмети кои подоцна му овозможиле длабоко да навлезе во тајните на повеќе научни дисциплини и да се постави како најучените луѓе на својат епоха. Лав и Марија му овозможиле на талентираниот Константин да се школува во солунските училишта во кои учеле само деца од богати семејства. Но за разлика од нив, кои повеќето од времето го поминувале во лов и слични забави, целосно се посветил на учењето и за кратко време во се ги надминал своите другари. Уште на седумгодишна возраст почнал да се итересира за филозовската наука. Во тоа му помогнало и знаењето на повеќе јазици. Покрај грчкиот јазик, кој како официјален државен јазик добро го совладал во солунските училишта, Константин го совладал и еврејскиот јазик кој го научил од своите другарчиња и солунската чаршија. Последните ученички години за Константин во Солун биле исполнети со голема тага поради смртта на татко му Лав во 841 година. Роднините и пријателите на семејството на Лав и Марија не допуштиле 14-годишниот Константин да не го продолжи школувањето. Тие му овозможиле на талентираниот Константин на 15-годишна возраст да замине во Цариград и да го продолжи школувањето во прочуената Магнаурска школа, која била сместена на византискиот двор и израснала во универзитет. По извршената реформа во оваа школа позначајно место им било дадено на геометријата, астрономијата, аритметиката, музиката и други предмети. Во оваа школа Константин имал среќа да се напојува од знаењето на повеќе познати учени луѓе, меѓу кои предничеле Лав Математичар (Филозоф) и Фотиј, кој подоцна станал и цариградски патријарх. Константин за кратко време длабоко навлегол во тајните на филозофската наука, граматиката и други дисциплини. Истовремено одлично ги совладал и грчкиот, латинскиот, сирискиот и евреискиот јазик.

По завршувањето на студиите на Цариградскиот универзитет во 847 година, Консатнтин бил задржан на служба во Цариград. Станал библиотекар на Цариградската патријаршија, извршувајќи ја истовремено и функцијата секретар на патријархот. Меѓутоа библиотекарско-секретарската должност не му лежела на срце на младиот филозоф Константин. Уште во 847 година тој ја напуштил должноста библиотекар и се засолнил во еден од манастирите близу Цариград. Меѓутоа, византискиот царски двор не сакал да се лиши од услугите на Константина. Тој бил наговорен да се прифати за професор по филозофија на Цариградскиот универзитет. Константин со задоволство ја прифатил професорската служба, зашто своите сестрани знаења можел да ги пренесува на своите студенти. Истовремено можел почесто да дискутира по многу научни прашања со Лав Филозоф, Фотиј и другите учени луѓе. За кратко време Константин стекнал голема популарност кај своите студенти и цариградската учена средина. Нему му бил доделен епитетот „Филозоф“ и станал познат како Константин Филозоф. Наскоро византискиот царски двор почнал да го ангажира и во извршувањето на важни државни мисии.

Првата мисија на Константин Филозоф била извршена меѓу Словените во Македонија во првата половина на IX век. Во науката таа е позната како Брегалничка мисија, зошто главно се одвивала меѓу Словените кои живееле по текот на реката Брегалница. Тие биле дел од племето Струмјани што тогаш ги управувал Методиј. Константин Филозоф како мисионер требало да го помогне својот постар брат во придобивањето на немирните Струмјани на висантиска страна во борба против агресивните Бугари. Повеќегодишната мисионерска дејност на Константин Филозоф меѓу словените по текот на Брегалница била крунисана во 855 година со создавањето на словенската азбука - глаголицата. Ова епохално откритие Константин го постигнал со помошта на својот брат Методиј. Создадената словенска азбука, која најпрво била наменета за словените во Македонија, се состоела од 38 букви, од кои, како што запишал Црноризец Храбар, „едни биле составени по образец на грчките букви, а други пак според словенскиот збор“. Во почетокот генијалниот филолог Константин создал 32 букви, а потоа придодал уште 6. Уште додека дејствувал меѓу Словените по Брегалница, а особено градот Равен, кој исто така лежел на ова река, според податоци од зачуваните читија Константин Филозоф покрстил 54000 непокрстени Словени, а исто така им напишал и книги на словенски јазик.

На тој начин во овој дел на Македонија Константин Филозоф заедно со својот брат Методиј ги поставиле темелите на словенската За животот и дејноста на словенските просветители најголем број податоци добиваме од делата „Панонски легенди“, „Климентовото житие“ од Теофилакт, „Климентовото житие“ од Хоматијан, „О писменех“ од Црноризец Храбар.

Поврзано

уреди