Петко Домазетовски
Петко Домазетовски — македонски поет, раскажувач и фолклорист.
Животопис
уредиПетко Домазетовски е роден на 18 октомври 1935 година во с. Јабланица, Струшко. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работи како претседател и главен и одговорен уредник во Друштвото за наука, култура и уметност „Браќа Миладиновци“ - Струга. Покренувач е и главен и одговорен уредник на гласникот на Друштвото „Изворник“ (списание за наука и култура). Член на ДПМ од 1971 година. Добитник е на наградата „Ванчо Николески“ (за песна, Битола)[1],[2].
Творештво
уреди- Каде спие ветерот (поезија, 1966)
- Смирено небо (поезија, 1969)
- Читанка за 5-6 курс за основно образование на возрасните (1978)
- Сонцето е чудно (поезија, 1972)
- Поздрав на пролетта (раскази, 1972)
- Партизански раскази (избор, 1979)
- Планински шепоти (поезија, 1981)
- Патор, патор, ножиња (избор од народна поезија, 1983)
- Игри немирни (поезија, 1985)
- Радосни трепети (поезија, 1990)
- Брези и залези (поезија, 1995)
- Како се буди денот (поезија, 1995)
- Македонско народно литературно богатство (прирачник за ученици од основните училишта, соавтор)
- Сонот на детето (поетска читанка, соавтор, 1996)
- Читанка за ИВ одделение (соавтор, 1999)
- Српски извори за историјата на македонскиот народ (1892-1899), заедно со д-р Глигор Тодоровски, 1999)
- Ѕунат трепетликите (поезија, 1999)
- Галоп на дождот (поезија, 2000)
- Чудна шара Буба Мара (поезија, 2000)
- Народни сказни од Долни Дримкол (2000)
- Седит моме на сребрено столче (народна поезија, 2000)
- Подвиквет ми капидан од горје (народна поезија, 2000)
- Јабланица, Долни Дримкол - Струшко (монографија, 2000)
- Нашите зимски празници (соавтор, 2000)
- Тропнало оро големо (народна поезија, 2000)
- Македонски народни пословици (соавтор, 2000)
- Нашите пролетни празници (соавтор, 2000)
- Нашите зимски и пролетни празници (соавтор, 2000)
- Гора и рамнина (поезија, 2000)
- Читанка на македонски раскази за деца (соавтор, 2000)
- Окупацијата на западна Македонија 1941-1944 (документи, заедно со д-р Глигор Тодоровски, 2000)
Наводи
уредиОваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |