Петар Ширилов
Петар Ширилов (18 мај 1934, с. Горничево, Леринско, - 5 септември 1988, Скопје) — македонски раскажувач, романописец и литературен критичар. Завршил средно земјоделско училиште во Струмица. Студирал на Филозофски факултет во Скопје. Работел во културната рубрика на Радио Скопје, а потоа како новинар-уредник во весникот „Трудбеник“. Бил член на редакцијата на „Современост“. Член на ДПМ од 1964 година.
Книжевно творештвоУреди
- За детството и светулките (раскази, 1961)
- Заветрина спроти виулицата (роман, 1962)
- Плачат оние планини за мене (роман, 1965)
- Светогорци (роман, 1966)
- Бунт во каменот (раскази, 1966)
- Од болот до метафората (есеи, 1971)
- Црноборје (роман, 1972)
- Историја и револуција (огледи и студии, 1973)
- Мислата и делото на Димитар Митрев (монографија, 1974)
- Земја во дулбија (роман, 1976)
- Света шума (роман, 1978)
- Геометри (раскази, 1988)[1]
НаводиУреди
- ↑ „Биографија на саjтот на Друштвото на писателите на Македонија“. Архивирано од изворникот на 2010-03-06. Посетено на 2009-08-07.