Бобан Богатиновски
Бобан Богатиновски (Куманово, 1971) — македонски поет и раскажувач[1].
Бобан Богатиновски | ||
Роден | Бобан Богатиновски 1971 Куманово, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | поет и раскажувач. |
Животопис
уредиБогатиновски е роден во Куманово, 1971 година. Автор е на книгите поезија: „Луцидни халуцинации“, „Прекрасен ден за умирање“, „Светлината е посилна“,„Барајќи карпа за молитва“ како и на романите „Соба за разговор“, „Коцкар“, „Монотонија“ и "Лет 555". Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Објавувал во сите позначајни литературни списанија. Застапен е во хронолошките прегледи на помладата македонска поезија. Дел од неговата поезија е препеана и објавена на бугарски, романски, словенечки и англиски јазик. Живее и работи во Куманово.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Биографија“. Магор. Архивирано од изворникот на 2013-12-22. Посетено на 2010-12-21.
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 42.