Цане Андреевски — поет, раскажувач и писател за деца. Роден е на 10 јули 1930 година во Кратово. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како новинар и уредник во Радио Скопје. Бил член на редакцијата на списанието „Разгледи“. Член на ДПМ од 1957 година.[1][2]

Книжевно творештво

уреди
  • Сончева порака (поезија за деца, 1951)
  • Јаготки (раскази за деца, 1955)
  • Добрина (поезија, 1956)
  • Што има ново (поезија за деца, 1959)
  • Свечености (поезија, 1964)
  • Сребрен поток (поезија, 1969)
  • Планета со петел (поезија за деца, 1976)
  • Македонска љубовна лирика (антологија, 1979)
  • Врски (поезија, 1982)
  • Нашите први учители (повест за деца, 1982)
  • Остануваме на Ножот (повест за деца, 1984)
  • Шинато уво (поезија за деца, 1989)
  • Дарби (приказни за деца, 1990)
  • Разговори со Конески (разговори, 1991)
  • Белата мечка, синиот кит и другите (поезија и проза за деца, 1998)

Награди

уреди

Добитник е на наградите: „Кочо Рацин“ и „РТВ Скопје“ на Струшките вечери на поезијата.

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 26.
  2. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 63. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)