Исаија Серски (околу 1300 - крајот на 14 век), средновековен писател, преведувач и дипломат.[1]

Животопис

уреди

Роден на Косово, како млад човек ја напуштил судската служба и отишол прво во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ каде се замонашил, а потоа и на Света Гора, каде го поминал најголемиот дел од животот[1] и како игумен го реновирал рускиот манастир „Свети Пантелејмон“.

На Света Гора, по Битката кај Марица во 1371 година, тој превел на словенски Псевдо-Дионисиј Ареопагит[1] (Небесна хиерархија, црковна хиерархија, мистична теологија и божествени имиња), неизбежни дела за византиската теологија и христијанската култура по VI век. На крајот од преводот дал опширен поговор во којшто ги излага своите сфаќања за преведувачката уметност и го опишува навлегувањето на Турците на Балканот и освојувањето на Македонија.[1] Овој поговор не е само значаен историски извор, туку и вредно литературно дело во кое се илустрира мајсторско владеење со литературната техника. Како дипломат одиграл клуча улога во помирувањето на Српската и Цариградската патријаршија, чии односи биле нарушени по прогласувањето на Српската архиепископија за патријаршија на соборот од 1346 година).[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 203. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)