Генади Болиновски

Генади Болиновски (3 јули 1930, Галичник, Кралство Југославија) — македонски поет и раскажувач.

Животопис

уреди

Генади Болиновски е роден во Галичник на 3 јули 1930 година. Се школувал во родното место за гимназијата ја завршил во Скопје, каде и дипломирал на Филолошкиот факултет.[1] Потоа работел како новинар и бил уредник во Македонската радио-телевизија. Тој бил член на ДПМ од 1957 година.

Творештво

уреди

Болиновски е автор на книгите:[1]

  • Лирски трепети (поезија, 1954),
  • Јас и песната (поезија, 1957),
  • Гостинчиња (раскази за деца, 1958),
  • Огледалца (раскази за деца, 1959),
  • Мите сонува (роман за деца, 1961),
  • Дете и птица (раскази за деца, 1964),
  • Триптихон (сонетен венец, 1971),
  • Акрослов (поезија, 1982),
  • Растење (поезија, 1984),
  • Лузни на заборавот (раскази за деца, 1986),
  • Игра на прозорец (1990)
  • Геболини (поезија, 1995).

Во 1985 година, за стихозбирката „Растење“ ја добил наградата на Струшките вечери на поезијата за најдобра книга за деца.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Драган Мишкоски, „Разговор за делото „Игра на прозорецот“ од Генади Болиновски“, во: Генади Болиновски, Игра на прозорец, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1990, стр. 79.