Жарко Кујунџиски
Жарко Кујунџиски (роден на 19 мај 1980 во Скопје) — македонски прозаист и драмски автор.
Жарко Кујунџиски | |
---|---|
Занимање | писател |
Животопис
уредиВо ноември 2009 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје ја одбранил магистерската теза „Аспекти на микрофикцијата - врз примери од американската и македонската книжевност“. Работел како уредник на електорнскиот магазин Репер (www.reper.net.mk), а бил и неделен колумнист во дневниот весник „Дневник“. Работи како главен уредник на издавачката куќа „Антолог“. Исто така, тој е основач на фестивалот на европската литература „Bookstar“.[1]
Творештво
уредиКујунџиски е автор на 13 книги од кои позначајни се: романите Spectator (2003), Америка (2006) и Најдено загубено (2008), збирката драми Ендрју, љубов и други непогоди (2004), збирката раскази 13 (2010), како и романот Свинга на гневот (2020).[2] Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[3] Неговите дела се преведени на неколку јазици. Неговиот расказ „Кога се губат очилата“ е дел од антологијата „The best European fiction 2013“.[1]
Spectator е првиот дебитантски роман во македонската книжевност со пет изданија. Во своите дела Кујунџиски се занимава со комплексните односи меѓу единките во современото општество, невозможноста да се воспостави целосна емотивна комуникација, поради личните преобликувања и преобразби на впечатливите ликови кои најчесто се хиперсензитивни и кршливи, како и со процесите на претворање на материјалното во метафизичко.
Од англиски јазик ги превел следниве дела: Појадок кај Тифани од Труман Капоти (2006) и Евтини приказни од Квентин Тарантино и Роџер Евари (2008).
Добитник е на петнаесеттина награди за најдобар краток расказ, драмски текст и есеј. Во 2003 година ја добил наградата „13 Ноември“.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 364.
- ↑ Republička zaednica na kulturata (2007). Sovremenost: literatura, umetnost, opštestveni prašanja (55. изд.). Kn-vo "Kočo Racin".
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 253-260.
Надворешни врски
уреди- Текстови на авторот во „Блесок“ Архивирано на 1 декември 2009 г.
- Жарко Кујунџиски на balkanwriters.com Архивирано на 17 мај 2008 г.