Матеја Матевски (Истанбул, 13 март 1929 - Скопје, 6 јуни 2018) — македонски поет, литературен и театарски критичар, есеист, преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел во Македонската радио-телевизија како новинар, уредник на културните и литературни програми, потоа како главен уредник и директор на Телевизија и генерален директор на Радиотелевизија Скопје.

Златен венец Матеја Матевски
Шести Претседател на МАНУ
На должноста
2001–2004
Претходник Ѓорѓи Евремов
Наследник Цветан Грозданов
Лични податоци
Роден(а) 13 март 1929
Истанбул, Турција
Починал(а) 6 јуни 2018
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Установа Филолошки факултет - Скопје
Професија поет
критичар
академик

Матевски е член на МАНУ и бил негов претседател во периодот 2001 - 2004 година. Тој починал на 89-годишна возраст.

Животопис

уреди

Матеја Матевски е роден 13 март 1929 година во Истанбул, Турција во печалбарско семејство. Своето детство го поминал во Гостивар од чија околина потекнувале неговите родители. Во Гостивар завршил основно учлилиште и два класа од училиште, тогаш познато како „Граѓанско училиште“. Неговото школување било прекинато за време на војната, но по завршување на војната своето школување го продолжил во гимназија во Тетово, а подоцна во гимназија во Скопје. Во 1949 година заминал за Белград каде своето школување го продолжил на Високата новинарско-дипломатска школа. По извесен прекин студиите ги продолжил во Скопје каде дипломирал на Филозофскиот факултет на групата македонски јазик и југословенска литература.

По завршување на студиите тој работел како средношколски проферсор, подоцна се вработил како новинар во Македонската радио-телевизија, бил продуцент на литературно културната програма а подоцна станува главен продуцент и директор на Радио телевизија Скопје, исто така ја извршувал функцијата претседател на комисијата за културна реализација, бил уредник на издавачката куќа „Кочо Рацин”. Како гимназијалец (1951-1958) бил уредник на списаснието “Млада литература”, а потоа повеќе година на “Разгледи”, бил професор по Драмска историја на Драмскиот факултет во Скопје.[1]

Матеја Матевски членувал во многу литературни друштва и различни литературни асоцијации. Тој бил претседател на Асоцијација на писатели на Македонија, претседател на “Струшките денови на поезијата”, ”Рацинови средби”, Македонската литературна фондација, член на Македонската академија на науките и уметностите, и вице претседател на МПЕН, член на Македонската асоцијација на писатели од 1956, исто така тој бил и дописнички член од Северна Америка на шпански јазик.

Матеја Матевски бил член на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија (од 1986 година).[2]

Матевски починал ноќта на 6 јуни 2018 година на 89-годишна возраст во Скопје.[3]

Дејноста на Mатеја Mатевски

уреди

Со пишување стихови почнува да се занимава уште во гимназијата. Првата своја песна ја објавува во 1959 година во списанието “Млада литература” , во 1956 година ја објавува својата прва стихозбирка.Некои негови стихозбирки се преведени и на други јазици (“Дождови”). Освен со поезија Матевски се занивама со театарски критики и преводна литература. Преведува претежно од албански , словенечки , српско-хрватски , француски јазик , ги преведе книгите “Приказна за шивачката и ножиците” од Драготин Кете 1961 година , “Очилата на тетка Бајаваја” во 1961 година од Ела Пероци , “Децата на Герника” од Херман Кестен од 1962 година , “Момина солза” од 1962-1965 година од Прежихов Воранц , Иван Минати “Се бега во облаците и со птиците” 1966 година и “Во мрачното стебло” 1970 година од Андре Френо.

Застапен е и во антологиите на Иван В. Лалиќ и Јосип Пупачиќ ”Вратата на времето. Повоените Југословенски поети”(Загреб 1958) , на Зоран Мишиќ “Современа Југословенска поезија” (на француски јазик, Париз, 1959), на Димитар Митрев “Повоени македонски поети” (Скопје, 1960), на Танасие Младеновиќ, Новак Симиќ и Драго Шега ”Југословенска лирика” (на полски јазик, Варшава, 1960), на Александар Спасов, Милан Ѓурчинов и Димитар Солев ”Современа македонска поезија и проза” (на српско-хрватски јазик, Белград, 1961), на Иван Ивањи ”Млада југословенска лирика” (на германски јазик, Франкфурт на Мајна, 1961-62), на Димитар Митрев, Фран Петре, Владимир Поповиќ и Шиме Вучетиќ “Понова југословенска поезија” (Загреб , 1962 , 1966) , на група автори на “Светска поезија” (на француски јазик, УНЕСКО, Париз, 1963), на Александар Спасов “Современа македонска поезија” (на словенечки јазик, Љубљана, 1963), на Херберт Готшалк ”Современа југословенска лирика” (на германски јазик, Гитерслоу, 1964), на Аурел Гаврилов и Раду Флора “Современа југословенска поезија” (на романски јазик, Панчево, 1964), на Јанко Лаврин ”Антологија на современата југословенска поезија” (на англиски јазик, Лондон, 1964), на Џакомо Скоти ”Антологија на македонската поезија” (на италијански јазик, Сиена, 1965), на Карољ Ач ”Песна на нашите денови. Антологија на модерната југословенска поезија” (на унгарски јазик, Нови Сад, 1965), на Лилјана Ацева и Николај Јанков ”Балкански писатели. Зборник со дела од учесниците во првата средба на балканските писатели” (на бугарски јазик, Софија, 1965), на Кирил Злобец, Славко Михалиќ и Александар Спасов ”Нова југословенска поезија” (на италијански јазик , Парма, 1966), на Влатко Павлетиќ ”100 дела од литературите на југословенските народи” (на српско-хрватски јазик, Загреб, 1966), на Ирена Венигова и Душан Карпатски ”Снимци на пејзажите на поезијата. Мал избор од југословенските поети од XX век” (на чешки јазик, Прага, 1966), на Александар Спасов ”Современа македонска поезија” (на српско-хрватски јазик, Белград, 1967), на Милан Ѓурчинов ”Антологија на македонската поезија” (на српско-хрватски јазик, Белград, 1968), на Никола Милечевиќ ”Антологија на светската љубовна поезија” (на српско-хрватски јазик , Загреб, 1968), на Илхан Берк ”Светска поезија. Од најстарите времиња до денес” (на турски јазик, Истанбул, 1969), на Золтан Чука ”Раѓање на зборот. Современи македонски поети” (на унгарски јазик, Будимпешта, 1969), на Неџати Зекерија ”Десет македонски поети”(на турски јазик, Истанбул, 1971) и на Костас Асимапокулос ”Современи југословенски поети. Мала антологија”(на грчки јазик, Атина, 1971).

Делата на Матеја Матевски

уреди

година жанр име на делото

1956 Поезија “Дождови”

1963 Поезија “Рамноденица”

1966 Поезија "Празнична романса"

1976 Поезија “Перуника”

1977 Поезија “Круг”

1980 Поезија “Липа”

1985 Поезија “Раѓање на трагедијата”

1987 критика и есеистика “Од традицијата кон иднината” 1987 театарска критика и есеистика “Драма и театар” 1990 поезија “Оддалечување”

1992 поезија “Црна кула”

1996 поезија “Завевање”

/ критика и есеистика “Светлината на зборот”

1999 поезија “Мртвица”

2000 поезија “Внатрешен предел”

Награди

уреди
  • Матеја Матевски има добиено повеќе награди меѓу кои националните:
    • наградата на Друштвото на писателите на Македонија за 1956 година, за стихозбирката „Дождови“,
    • наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 1963 година за стихозбирката „Рамноденица“
    • највисоката национална награда „11 Октомври“ за 1963 година
    • наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 1981 година за стихозбирката „Липа“
    • наградата на Друштвото на писателите на Македонија за 2001 година
    • награда „Кочо Рацин“
    • наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2011 година
  • Академик Матеја Матевски ја доби престижната меѓународна награда за поетски опус на Академијата „Мајкл Мадхуседан“ од Калкута - Индија. Наградата, како и Академијата го носи името на индискиот поет од 19 век кој пишувал на бенгалски и на англиски јазик, а се доделува 28 години за достигнувањата во областа на литературата, уметноста, науката и филантропијата.

Наградата, дипломата и златниот медал, на лауреатот му биле врачени во Калкута. Академик Матевски е поранешен добитник на уште едно индиско признание кое му било доделено по повод 40 години од смртта на нобеловецот Рабиндранат Тагоре.

  • Академик Матеја Матевски е единствениот добитник на највисокото признание за литература „Премио медитерано пер литература 2005“. Награда секоја година ја доделува Средоземната академија со седиште во Неапол - Италија која со своите активности ги поврзува земјите од Средоземјето. Ова високо признание го добиваат личности и институции за нивните особени заслуги во политичката и општествената активност и уметничкото и научно творештво. Добитници на наградата во другите области се: Претседателот на Владата на Турција- Реџеп Ердоган и министерот за надворешни работи на Шпанија- Мигел Анфел Моратинос. "Премио медитерано..." им беше доделена и посмртно на палестинскиот водач Јасер Арафат и шпанскиот писател Мануел Васкес Монталбан. Во Неапол беше претставено и италијанското издание на романот "Времето на козите" на академик Луан Старова. Доделувањето на наградата и промоцијата на романот беа дел од активностите посветени на средоземната култура и уметност, преземени од Галаксија Гутенберг и Културниот центар и саем во Неапол.

Литература

уреди

1. Стихозбирка “Рамноденица”

2. Стихозбирка “Дождови”

3. Утрински весник (Брoj 2253 четврток, 7 декември 2006) http://www.utrinskivesnik.com.mk/defaultmk.asp?ItemID=186EAB8A0B53394A9CE11A78D0CAA782&arc=1[мртва врска]

4. ДневенпечатВест( Година:5 Број:1282 Четврток 10/7/2004)http://www.vest.com.mk/default.asp?id=92789&rubrika=Kultura&idg=5&idb=1404 Архивирано на 29 септември 2007 г.

5. ДневенпечатВест( Година:5 Број:1404 Петок 3/4/2005) http://www.vest.com.mk/default.asp?id=84912&rubrika=Kultura&idg=5&idb=1282 Архивирано на 26 септември 2007 г.

6. http://www.blesok.com.mk/avtor.asp?lang=eng&id=135 Архивирано на 28 септември 2007 г.

7. http://www.e-books.com.mk/01poetry/matevski/hu/bio.asp?lang=mac Архивирано на 28 септември 2007 г.

8. http://www.kultura-struga.com.mk/tekst.asp?lang=mac&tekst=75[мртва врска]

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 155.
  2. Службен весник на Социјалистичка Република Македонија 18/1986, 1 стр.
  3. М., Н.. „[novamakedonija.com.mk/makedonija/почина-академик-матеја-матевски/ Почина академик Матеја Матевски]“. Нова Македонија. 7 јуни 2018