Бранко Цветкоски
Бранко Цветкоски (Слатино, Охридско, 21 јуни 1954) — македонски поет, литературен критичар, есеист, преведувач, публицист и издавач.[1]
Бранко Цветкоски | |
---|---|
Роден/а | 21 јуни 1954 , Слатино, Охридско, Македонија |
Занимање | поет, литературен критичар, преведувач, новинар, публицист, издавач, менаџер во културата |
Животопис
уредиРоден е на 21 јуни 1954 година во с. Слатино, Дебрца. Завршил Филолошки факултет при универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје.[2]
Работел како новинар во весникот „Нова Македонија”, бил главен уредник на книгоиздателството „Култура“, секретар на Друштвото на писателите на Македонија, претседател на манифестацијата „Рацинови средби”, директор на Македонскиот народен театар, уредник и главен уредник на списанието „Стремеж“ од Прилеп, еден од основачите на Балканската книжевна фондација „Балканика“, основач, директор и главен уредник на издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје, уредник-продуцент во Македонската информативна агенција (МИА), член на уредувачкиот одбор на едицијата „Македонска книжевност во 130 тома“ и на едицијата „Превод на литературни дела што добиле Нобелова награда“, како и директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Цветкоски живее во Скопје. Цветкоски е член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија, почесен член на Сојузот на бугарските писатели, член на Словенската литературна и уметничка акдемија со седиште во Варна (Бугарија) и нејзин кординатор за Македонија, член на Академијата на убавите уметности - Вевчани. Учествувал на книжевни фестивали, книжевни средби и на собири на интелектуалци во: Бугарија, Турција, Грција, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Германија, Италија, Романија, Молдавија, Русија, Полска, Кина, Црна Гора, Словачка, Чешка, Азербејџан, Украина, Унгарија, Шведска итн.
Библиографија
уреди- „Свиок“ (поезија, 1981)
- „Високи ветрови“ (поезија, 1985)
- „Пластови и глас“ (критики, 1989)
- „Пресна пепел“ (поезија, 1990),
- „Возбудени македонски дијалози“ (интервјуа, 1990)
- „Подарена сол“ (избор поезија, 1991)
- „Обетки од ѕвезди“ (поезија за деца, 1991)
- „Дела и доблести“ (критики и есеи, 1992)
- „Молитвен веј“ (поезија, 1993)
- „Не отвора секогаш тој - зборот“ (тематски број на "Стремеж", 1993)
- „Небесни места“ (аудио касета, 1996)
- „Критички загледувања“ (критики и есеи, 1996)
- „Повисоко од животот“ (критики и есеи, 1997)
- „Синори“ (поезија, 1998)
- „Ноќник“ (избор поезија, 1998)
- „Ек и одек“ (критики и есеи, 1999)
- „Името. Родот. Имотот“ (поема, 2000)
- „Скрб“ (поезија, 2003)
- „Имиња и теми“ (критика и есеи, 2004)
- „Земја за зобање“ (поезија, 2006)
- „Вечноста и мигот“ (критика и есеи, 2008)
- „Стреа на ветровите“ (избор поезија, 2009)
- „Оган во обрачи“ (избор, во рамките на Едицијата 135 томови македонска книжевност“), 2013
- „Поезија“, заедничко издание со босанскиот поет Абдулах Сидран, како носители на Книжевниот жезол на ДПМ за 2014 година
- Избрани дела во шест тома, 2014;
1.(„Молитвен веј“ - поезија, предговор: Санде Стојчевски) 2.(„Оган во обрачи“ - поезија, предговор: акад. Георги Старделов) 3.(„Повисоко од животот“ - избор од есестиката на Цветкоски посветена на македонската поезија) 4.(„Поезија - пајажина“ - 38 есеи, огледи и критики за творештвото на Цветкоски) 5.(„Јазиците на песната“ - седум книги од Цветкоски објавени на азерски, албански, англиски, арапски, бугарски, грчки и монголски) 6.(„Јазиците на песната“ - осум книги од Цветкоски објавени на полски, романски, српски, руски, турски, украински, хрватски и шведски јазик.
- „Симеон Радев“ (публицистика), 2015;
- „Книжевни беседи“ (беседи, есеи, толкувања), 2016;
- „Од исто тесто“ стихови за смртта и надежта (поезија), 2020;
- Лирските музи на Бугарија, панорама на современи бугарски поетеси. (соавторство со Роза Бојанова), 2022;
- Лирските музи на Хрватска, панорама на современи хрватски поетеси. (соавторство со Ружица Циндори), 2023;
Препеви и преводи (селективен преглед)
- Далеку во нас, избор од поезијата на Васко Попа, 1994;
- Вечерен праг, избор од поезијата на Петар Караангов, 1999;
- Историја на Византија (од Г. Острогорски, соавтор), 1992.
- Историја на стариот Рим (од Н.А. Машкин, соавтор),1995;
- Пресудни настани, избор од поезијата на Анте Стамаќ, 2000;
- Метафизика на самракот, избор од поезијата на Радмила Лазиќ, 2001;
- Кога господ одеше по земјата, од Никола Радев, 2003;
- Балада за љубовта од Димитар Христов, 2004;
- Лажни времиња, од Васил Кинов, 2004;
- Страв, од Тошо Тошев, 2005;
- Цената, од Марко Семов, 2005;
- Остар зрак, од Иван Есенски, 2005;
- Провиденија, од Владимир Луков, 2006;
- Отворен круг, од Петар Андасаров, 2006;
- Молитва за Македонија, од Евтим Евтимов, 2007;
- Небесна и земна, од Иван Гранитски, 2009;
- Живи ѕвезди, од Николај Шопов, 2008;
- Голи Оток - остров на смртта, од Венко Марковски, 2009;
- Камен во погрешни раце, од Срба Игњатовиќ, 2009;
- Избор од поезијата на Љубомир Левчев, носител на "Златен венец" на Струшките вечери на поезијата, 2010;
- Каприциозната игра на времињата од Љубомир Левчев, 2011;
- Жестокиот прстен од Гео Милев, 2011;
- Линија на времето од Максим Замшев, соавтор, 2011;
- Разговор со молкот, поетски избор од Бојан Ангелов, 2014;
- Коработ, роман од Здарвка Евтимова, 2017;.
- Обратна гравитација, поезија од Роза Бојанова, 2020
- Виенска крв, поезија од Миле Стојиќ,2022
Книги од Цветкоски на други јазици:
- Heavenly places (поетски избор на англиски јазик),1993;
- Tagmeza songo (поетски избор на есперанто),1993;
- Toprak canaklar (поетски избор на турски јазик), 1994;
- Lutja puhize (на албански јазик),1993;
- Adiere de molitva (поетски избор на романски јазик), 1995;
- Небеска места (поетски избор на српски јазик), 1997;
- Пресна пепел (поетски избор на бугарски јазик), 1999;
- ΑΝΑΤΟΛΙΚΗ-ΝΥΗΤΑ (поетски избор на грчки јазик), 2001;
- Името. Родът. Имотът (на бугарски јазик), 2002;
- Молитвени дашак (поетски избор на српски јазик), 2002;
- Небесни места (поетски избор на арапски јазик), 2004,
- Стреха на ветровете (поетски избор на бугарски јазик) 2008.
- Прататковината на ветровите (поетски избор на азерски јазик), 2008,
- Obrazy v obłokach (поетски избор на полски јазик), 2010,
- Небесни места (поетски избор на арапски јазик), Надвах пресс, Каиро, 2010;
- Источна ноќ (поетски избор на украински јазик), 2010,
- Поворот (поетски избор избор на руски јазик), Москва,2010.
- Under the eaves of the vinds (поетски избор на англиски јазик) СВП, Струга, 2011;
- Ждребе (поетски избор на монголски јазик), Улан Батор, 2012;
- Тајни ветрови (Hemliga vindar),поетски избор на шведски јазик (заедничка книга со Славе Ѓ. Димоски и Братислав Ташковски), Скопје-Гетеборг, 2012.
- Molitveni dah (Молитвен веј), поетски избор на хрватски јазик, Загреб, 2013;
- Од сьщото тесто,(на бугарски јазик), изд. Захарий Стойанов, София, 2021;
Награди и признанија
уреди- „Млад Борец“, Награда на истоимениот весник, за дебитантската книга "Свиок", 1982;
- „Браќа Миладиновци“, Национална награда на Струшките вечери на поезијата, за стихозбирката "Молитвен веј", 1993;
- „Златно перо“, награда на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија, за препевот на поезијата на Васко Попа, 1994;
- „Григор Прличев“, Награда за најдобра поема, за текстот „Името.родот.имотот“, 1999;
- „Христо Ботев“, Највисока бугарска меѓународна книжевна награда, Враца - Софија, 2000.
- „Наџи Нааман“, Либанска меѓународна книжевна награда, за поетски опус од европски автор, 2004.
- „Орфеева лира“, Награда на истоимената Европска академија за култура од Бугарија, 2005.
- „Григор Прличев“ – Награда на Сојузот на литературните преведувачи за најдобро преведена книга во 2007 година, за препевот на збирката „Крстопат на ветровите“ од бугарскиот поет Николај Шопов, 2008.
- „Димитар Митрев“ - Награда за критика и есеистика на Друштвото на писателите на Македонија, 2009.
- „Шахмар Акперзаде“ - (Меѓународна литературна награда на Азербејџан), 2009.
- „Европски орден за заслуги во културата и уметноста“, (Совет за општествени награди на Обединетите Нации), Женева,2009.
- „Свети Климент Охридски“, највисока државна награда за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста од интерес за Република Македонија, 2009.
- Орден "Владимир Мајаковски", признание на Московската организација на Сојузот на писателите на Русија, 2011.
- Главна награда „Летачко перо“ на Петтиот поетски фестивал на словенските земји „Славјанска прегратка“, Варна, 2011.
- Орден „Златна есен - Сергеј Есенин“, признание на Сојузот на руските писатели (Московска организација), 2012.
- Орден „Михаил Ј. Лермонтов“, признание на Сојузот на руските писатели (Московска организација), 2012.
- „13 Ноември“ - Награда на градот Скопје, за долгогодишни остварувања во културата и уметноста, 2012.
- „Книжевен жезол“ - Награда за творечки опус на Друштвото на писателите на Македонија, 2013
- „Григорий Сковорода“ - Највисока награда на Меѓународната литературна и уметничка академија на Украина (Киев, 2021)
Наводи
уреди