Стефан Марковски (Гевгелија, 1 декември 1990) — македонски писател, поет, сценарист и филозоф.

Стефан Марковски
Роден Стефан Марковски
1 декември 1990
Гевгелија, Македонија Македонија
Занимање писател, поет и филозоф

Животопис

уреди

Стефан Марковски е роден во Гевгелија, каде завршил основно и средно образование. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“, како и на Институтот за Филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Магистрирал Филмско и ТВ сценарио на Факултетот за Драмски Уметности.

Пишува уште од основноучилишните денови, кога ги завршил и своите први книги.

За романот „Еднонасочно“ во 2009-та ја добил наградата „Петре М. Андреевски“ за роман на републичко ниво од Фондацијата „Рамковски“.[1]

Во 2014-та му е врачено признанието на Општина Гевгелија – „7 ноември“ [2] за достигнувања во културата и придонес во културната афирмација на градот.

Добитник е на „Гран При“ на поетскиот фестивал „Литературни Искри“ – Гостивар, како и на наградата „Македонска книжевна авангарда“ за збирката раскази „Продавачот на ветар и магла и други приказни“.

За поетската збирка „Сиво сјаат вселените“ во 2016-та ја добил наградата Бели мугри[1] Архивирано на 4 декември 2016 г., а следната година и наградите Крсте Чачански и Книжевно перо од Хрватското книжевно друштво за збирката кратки раскази „Смртта долетува насмевната“, Книжевен круг за „Фауст го трча плебејскиот круг“.[3]

Ја добил и наградата „Празник на липите“ од Друштвото на писателите на Македонија во 2022 година за најдобра песна напишана по повод истоимената манифестација.

Добитник е и на неколку домашни и странски награди за есеи, филмско сценарио, како и на книжевни резиденции.

Застапен е во повеќе меѓународни антологии. Објавува студии и статии во различни списанија за литература, уметност, наука и филозофија од земјата и странство.

Извадоци од неговото творештво и книги се преведени и објавени на повеќе јазици.

Марковски е главен и одговорен уредник на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ и е член на редакцијата на ревијата „Стожер“ во издание на Друштвото на писателите на Македонија.

Уредник е и на поетските збирки вклучени во проектот „Метрички карван“.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија, платформата Версополис[4], Македонскиот центар на Меѓународниот театарски институт (ИТИ) и други меѓународни асоцијации.

Во 2023 г. бил иницијатор за зачленувањето на Друштвото на писателите на Македонија во Европскиот писателски совет.

 
Настап и предавање на Марковски во библиотеката Сан Херонимо во Сан Себастијан, Шпанија

Творештво

уреди

Марковски е автор на дела од повеќе области и жанрови, вклучувајќи прозни, поетски, драмски и теориски книги.

  • Романи: Еднонасочно, 2009; Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено, 2018; Анатомија на бумбарот, 2021.
  • Новели: До_адната книга, 2024.
  • Раскази: Продавачот на ветар и магла и други приказни, 2015; Смртта долетува насмевната, 2017, Фауст го трча плебејскиот круг, 2020.
  • Поезија: За некои спомени од онаа некогашност, 2010; Апеирон, 2010; In Nomine, 2016; Сиво сјаат вселените, 2016; По трагата на белиот грифон; 2018, Хипербог, 2019; Алгоритмеа: Евлогија за дигиталните богови, 2022; Светлината во нашите вени, 2024.
  • Психолошки и филозофски дела: Хиерархиска еволуција на свеста, 2012; Мета(де)конструкција и општа филозофија, 2012; Среќата е глагол, 2013; Среќата е глагол: второ издание, 2023.
  • Драма: Мајстори за огледала, 2019.
  • Теорија: Потенцијалите на жанрот крими-драма преку сценариото за игран филм „Се викам Слобода“, 2019.

Во 2019-та бил објавен и поетски избор од Марковски на македонски и англиски јазик насловен Promised Land[5].

Неговите романи „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ и „Анатомија на бумбарот“, како и збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ се исто така објавени на англиски јазик и достапни на голем број меѓународни книжевни платформи[6].

Покрај своето книжевно творештво, Марковски е автор на трудови, меѓу кои и на прегледен труд од областа на неврофилозофијата, насловен „Улогата и влијанието на неврофилозофијата врз современите когнитивистички и физиолошки парадигми за свеста“, објавен во 2018 година, како и „Вештачката интелигенција и можноста за програма-генератор на текстови на македонски литературен јазик“, студија која ги анализира можностите за развивање оперативна вештачка интелигенција на македонски јазик.

Наводи

уреди
  1. Романот „Еднонасочно“, добитник на наградта Петре М. Андреевски за 2009, промовиран во Гевгелија
  2. Објавени добитниците на Седмоноемвриската награда на Гевгелија
  3. „Стефан Марковски со збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг" победник на конкурсот „Книжевен круг за проза". Нова Македонија. 26.10.2020. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „Stefan Markovski“. Versopolis poetry.
  5. Markovski, Stefan (28 март 2019). „Promised Land Kindle Edition“. Amazon.
  6. „Романот „Еретички писма" на Стефан Марковски објавен на англиски јазик“. МКД.мк. 10.08.2020. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

уреди