Радио е безжичен пренос на сигнали по пат на модулација на електромагнетни бранови, со честота под видливата светлина.

Електромагнетно зрачење патува по пат на осцилација на електромагнетните полиња, преку воздухот, во вакуум и во вселената. Информацијата која се носи на амплитудата на честотата. Кога радиобрановите ќе поминат низ проводник, осцилациските полиња индуцираат наизменична струја во проводникот. Ова може да биде детектирано и пренесено во звук.

Етмологијата на зборот

уреди

Оригинално, радио или радиотелеграфијата била наречена „безжична телефрафија“, која подоцна била скратена само во безжична. Претставката радио- во светот на безжичниот пренос за првпат бил забележан во зборот радиопроводник кој го искажал францускиот физичар Едвард Бранли во 1987. Радио како именка е искажана од експертот по маркетинг, Валдо Варен во 1944. Исто така тој термин се појавува во еден текст на Ли Де Форест, кој подоцна беше прифатен од страна на американската морнарица во 1912 и стана вообичаен термин по време за првото комерциално пренесување на сигнали во 1920. Терминот подоцна беше прифатен и другите јазици во Европа и Азија, иако Велика Британија терминот безжичен го прифатила дури во XX век. Во Јапонија терминот „безжичен“ е основа за терминот „радиобран“, иако терминот на уредот за слушање на радиобрановите е литературно „уред за прием на звуци“.

Во последните години терминот „безжичен“ доби голема популарност преку огромниот растеж на т.н. краткиот достап на мрежа пр. WLAN ('Wireless Local Area Network'), WiFi и Bluetooth исто така и мобилната телефонија, пр. GSM и UMTS. Денес многу често терминот „радио“ се користи при уредите за прием, каде се претпочита на системот и методот искористен за пренос на радиосигналите.

Историја

уреди
 

Во текот на многу години откако пронајдокот се нашол во лабораторен макет па сè до комерцијалниот уред, бил развиван од повеќе и различни луѓе кои имаат многу големи заслуги:

Во 1887, Дејвид Хјуџис пренел сигнали преку радио користејќи Spark предавател, на растојание од приближно 500 метри.

Во 1888, Хајнрих Херц ги произвел и измерил UHF сигналите.

Во 1891, Никола Тесла започнал истражување за безжичните сигнали. Развил мислење за создавање на радио честоти, кој ќе ги демонстрирал принципите на радиото и преносот на долгите сигнали.

Во 1893, во Сент Луис, Мисури, Никола Тесла направил направа за експериментирање со струјата. Тој се обратил кон Franklin Institute во Philadelphia и The National Electric Light Association за да го претстави својот пронајдок и да ги демонстрира принципите на неговата рабора на темата на безжична комуникација. Објаснувањето ги содржеше сите елементи кои подоцна беа вовдени во сите радио системи пред појавувањето на вакумните ламби. Тој експеримнтирал со магнетни приемници, различни од живините приемници (направи за детектирање кои содржеа цевки изполнети со железни полнежи кои беа пројандок на Temistocle Calzecchi-Onesti во Италија во 1884.) употребувани од страна на Гуљелмо Маркони и за други експерименти.

Помеѓу 1893 и 1894, Роберто Ладел де Мура, бразилски поп и физичар, направил експерименти, кој во прво време не ги објавил, сè до 1900 кога добија бразилски патент. Kolkata (Calcutta), Сер Јагдиш Чандра Бозе (J. C. Bose) го открија живиниот детектор на сигнали, заедно со телефонскиот приемник.

Александар Степановиќ Попов, во 1894, го направил првиот радиоприемник, кој го содржел живиниот детектор на сигнали, за кој вистински пронаоѓач бил Едвард Бранли. Попов демонстрирал детектор на сигнали, во иднина попознат како детектор на светлина на 7 мај 1895.

Првата јавна демонстрација за безжичната технологија се одржа во лекционата сала во музејот за национална историја на Оксфордскиот универзитет на 14 август 1894, одржана до страна на професорите Оливер Лоџ и Александар Муирхед. За време на демонстрацијата радио сигнал беше пуштен од соседната лабораторија и беше реистриран од апаратите кои се наоѓале во лекционата сала

Во 1894, Гуљелмо Маркони, прочитал за работата на Херц и Тесла во областа ма безжичната телеграфија и започнал негови експерименти.

Во декември 1901, Гуљелмо Маркони ги искористил пронајдиците на J.C. Bose за да прими радиосигнал на поголемо растојание, преку 3.200 км од Полдху, Велика Британија до Сент Џонс, Њуфаундленд. За ова откитие Маркони добил големи заслуги, кои резултираа со добивање на Нобеловата награда. Исто така му бил доделен и патент.

Следното откритие вакумниот детектор, откриен од страна на инженерите на Westinghouse. За време на новогодишната вечер, 1906, Реџиналд Фесенден искористил синхронизиран предавател за пренос на првата радиопрограма од Ocean Bluff-Brant Rock, Масачусетс. Бродовите во морето го примиле сигналот кој Фесенден го емитувал, песната O Holy Night и читајќи еден пасус од Библијата. Првата радиопрограма за вести била емитувана на 31 август 1920. од страна на 8MK од Детроит, Мичиген. Првото радио на еден колеџ е емитувано на 14 октомври 1920 од Union College, Schenectady, Њујорк од страна на Вендел Кинг, африканско-американски студент. Тој месец 2ADD, подоцна преименовано во WRUC во 1940, изврши прво јавно емитување во САД, на концерт на полупречник од 160 км, а подоцна и на 1,600 км. Во ноември 1920, се емитуваше и првиот спортски настан. На 27 август 1920, во 21:00 Sociedad Radio Argentina емитуваше во живо изведбата на оперa од Рихард Вагнер, која можеа да ја слушаат 20 домови.

Во 1935, Едвин Х. Армстронг, ја открил честотната модулација, така што аудио сигналот се спречува од статиката која се создава од електилните елементи и атмосферата.

Во 1943, врховниот суд на САД, донесува одлука дека работата на Маркони не е оригинална, и патентот беше вратен на Никола Тесла. Како и да е, Тесла починал пред одлуката да биде објавена.

Едно од првите развитија во 20-от век (1900-1959) е тоа што авионите користеа комерциални AM радио станици за нивна навигација. Ова продолжува до раните 1960-ти години кога VOR системите конечно се разделија. Во раните 1930-ти години, директниот пренос и фрекфрентната модулација беа измислени од некои аматерски радио оператори. Радио беше употребувано за пренос на слики, односно телевизијата во раните 1920-ти години. Во 1954, Regency објавуваат џебно радио, моделот TR-1, кое имал „стандардна 22,5V батерија“.

Во 1960, Sony го претстави првото транзисторно радио, во многу мали размери, и со многу помали батерии. Следните дваесетина години, транзисторите ги заменија вакуумските цевки. Од 1963 телевизијата во боја се пренесуваше преку радио сигнали, и првиот радиот комуникационен сателит, TELSTAR, беше лансиран. Во доцните 1960-ти, долго дистанционата телефонска мрежа започна да се претвора во дигитална мрежа, бклчувајќи дигитални радија. Во 1970-та, LORAN стана прв радио навигателен систем. Наскоро американската армија експирементираше со сателитска навигација, и активиране на GPS системот во 1987. Во раните 1990-ти аматерските радио експерименталци започнаа да користат пресроналните компјутери со аудио карти за да ги обработуваат радио сигналите. Во 1994, американската армија и DARPA лансираат успешен прект за да изградат радио ретулирано од страна на некој софтвер, кој ќе може да се пограмира виртуелно да биди кое и да е радио со едноставна промена на софтверот.

На почетокот се користеле долгите, средните и кратките бранови кои ги користеле честотните подрачја од 150-270KHZ за долги бранови, 530-1602KHz за средни бранови и 3-26 MHz за кратки бранови кои користеле амплитудна модулација.Во денешно време се користи ФМ 88-108 MHz (честотна модулација) за пренос на радио.

Иднината на радиото е во DAB, дигитално радио.

Радиото како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Радиото на иднината“ — расказ на рускиот писател Велимир Хлебников.[1]
  • „Исклучи го радиото“ (англиски: Turn Off the Radio) - песна на американскиот рапер Ајс Кјуб (Ice Cube) од 1990 година.[2]
  • „Радио Девет“ (англиски: Radio Nine) - албум на британската панк група Базкокс (Buzzcocks) од 1979 година.[3]
  • „Расипано радио“ (англиски: Broken Radio) - песна на американската рок-група Green on Red од 1988 година.[4]
  • „Поморско радио“ (англиски: Marine Radio) — песна на дуото Ено / Вобл (Eno / Wobble) од 1995 година.[5]
  • „Радио, радио“ (англиски: Radio Radio) - песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1978 година.[6]
  • „Не можам да живеам без моето радио“ (англиски: I Can't Live Without My Radio) - песна на американскиот рапер LL Cool J.[7]
  • „Радио Љубојна“ — музички албум на македонската група Љубојна од 2017 година.[8]
  • „Моето радио“ (англиски: My Radio) — песна на американската рок-група Пејвмент (Pavement) од 1993 година.[9]
  • „Радио 4“ (англиски: Radio 4) — песна на британската рок-група ПИЛ (Public Image Ltd.) од 1979 година.[10]
  • „Инцидент на 66,6 ФМ“ (англиски: Incident At 66.6 FM) — песна на американската рап-група Паблик енеми (Public Enemy) од 1990 година.[11]
  • „Како да убиеш радиски консултант“ (англиски: How To Kill A Radio Consultant) - песна на американската рап-група Паблик енеми од 1991 година.[12]
  • „Радио Слободно Скопје“ — песна на македонската група ПМГ Колектив од 2011 година.[13]
  • „Герилско радио“ (англиски: Guerilla Radio) — песна на американската рок-група Rage Against the Machine од 1999 година.[14]
  • „Радио Слободна Европа“ (англиски: Radio Free Europe) - песна на американската рок-група Р. Е. М. (R.E.M.) од 1983 година.[15]
  • „Песна на радио“ (англиски: Radio Song) — песна на Р. Е. М. од 1991 година.[16]
  • „Радио шизо“ (англиски: Radio Schizo) — песна на британската панк-рок група Рудиментари пени (Rudimentary Peni) од 1983 година.[17]
  • „Радио Љубов“ (хрватски: Radio Ljubav) — песна на хрватската рок-група Филм од 1981 година.[18]
  • „Радио“ — песна на хрватската рок-група Хаустор од 1981 година.[19]
  • „Подвижни радија“ (англиски: Radios In Motion) — песна на американската рок-група XTC од 1978 година.[20]

Наводи

уреди
  1. Велимир Хлебњиков, Краљ времена Велимир I. Просвета: Београд, 1964, стр. 309-313.
  2. YouTube, 07. Ice Cube - Turn Off the Radio (пристапено на 2.3.2017)
  3. YouTube, Buzzcocks - A Different Kind of a Tension (1979) (Full Album) (пристапено на 9.2.2017)
  4. DISCOGS, Green On Red ‎– Here Comes The Snakes (пристапено на 8.10.2018)
  5. [ttps://www.discogs.com/master/14101-Eno-Wobble-Spinner Eno* / Wobble* – Spinner (пристапено на 31.1.2024)]
  6. YouTube, Elvis Costello & The Attractions - Radio, Radio (пристапено на 25.12.2017)
  7. YouTube, I Can't Live Without My Radio - LL Cool J ( Lyrics ) (пристапено на 12.10.2017)
  8. Соња Алексоска Неделковска, „Со енергијата ќе ги дигнеме сите на нозе“, Дневник, година XXI, број 6288, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 19.
  9. Pavement – Westing (By Musket And Sextant) (пристапено на 10.11.2024)
  10. YouTube, Public Image Ltd. – Metal Box (FULL ALBUM | HQ SOUND) (пристапено на 29.5.2017)
  11. DISCOGS, Public Enemy ‎– Fear Of A Black Planet (пристапено на 25.8.2019)
  12. DISCOGS, Public Enemy ‎– Apocalypse 91... The Enemy Strikes Black (пристапено на 25.8.2019)
  13. www.pmgrecordings.com (пристапено на 3.12.2017)
  14. YouTube, Rage Against the Machine The Battle Of Los Angeles Full Album (пристапено на 15.5.2017)
  15. R.E.M. – Murmur (пристапено на 28.10.2023)[мртва врска]
  16. DISCOGS, R.E.M. – Out Of Time (пристапено на 11.2.2021)
  17. Rudimentary Peni – Death Church (пристапено на 16.2.2024)
  18. Discogs, Film ‎– Novo! Novo! Novo! Još Jučer Samo Na Filmu A Sada I U Vašoj Glavi (пристапено на 21.5.2021)
  19. Discogs, Haustor – Haustor (пристапено на 24.12.2022)
  20. XTC – White Music (пристапено на 15.12.2023)