Јован Стрезовски
Јован Стрезовски (с. Подгорци, Струшко, 26 април 1931) — македонски поет, раскажувач и романописец.
ЖивотописУреди
Стрезовски бил долгогодишен директор на Струшките вечери на поезијата.[1]
ТворештвоУреди
Автор е на книгите поезија: „Свет во свет“, „Орфеј на бескрајот“ и „Блик“; на книгите поезија за деца: „Светулки“, „Шарени песни“, „Шарено огледало“, „Од Северен до Јужен Пол“ и други; на романите „Вода“, „Свето проклето“, „Зарек“, „Злодобро“, „Еретик“, „Животраг“, „Последно прибежиште“ и на романите за деца „Патот до зората“, „Братско стебло“, „Синови“, „Саатот кукавица“, а ги објавил и книгите раскази за деца „Последниот фишек“, „Зелени очила“, како и повеќе книги раскази за возрасни.
Книгите „Тајни„ (1989) и „Сили“ (1992) содржат над сто кратки раскази од кои три се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[2] [3]
НаградиУреди
- Награда „11 Октомври“ Државна награда за култура и уметност
- Награда „Стале Попов“
- Наградата на МТВ Скопје [4]
- 2009: наградата „Ацо Шопов“ за Слоеви[5]
- 2016: наградата „Державин“ за стихозбирката „Времено и трајно“;[6]
Значење и влијаниеУреди
Својата песна „Волкот“ македонскиот поет Анте Поповски му ја посветил на Јован Стрезовски.[7]
НаводиУреди
- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 250 - 251.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 45-48.
- ↑ „Белешки за автор(к)ите“, во: Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 355.
- ↑ Британика Енциклопедиски Речник. Топер, МПМ, 2005, Книга 9, стр. 95
- ↑ Wurth, Kiene Brillenburg (2009-03-02). Musically Sublime. Fordham University Press. стр. 72–103. ISBN 9780823230631.
- ↑ Прв добитник на наградата „Державин“ е поетот Јован Стрезовски[мртва врска]
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 41.
Надворешна врскаУреди
- Интервју[мртва врска] со Јован Стрезовски по повод доделувањено на наградата "Ацо Шопов"