Македонско евангелие на поп Јован
Македонско евангелие на поп Јован — средмомакедонски кирилски ракопис од крајот на XII – почеток на XIII век. Се чува во Архивот на ХАЗУ, Загреб, сигн. III c 1. Ракописот и припаѓа на Михановиќевата збирка (бр. 33). Има 133 пергаментни листови. Името на ракописот е по приписката на поп Јован. Јазичните особености на ракописот укажуваат на неговото западномакедонско потекло. Морфолошките особености го приближуваат кон Добромировото евангелие од почетокот на XII век. Орнаментиката носи белези на архаичност, а иницијалите во геометриско-флорален стил се од ист тип како во Вукановото евангелие. По својата структура кодексот е краток апракос, со редовно означување на седмиците, што е карактеристично за постарите текстови. Како краток апракос, може да се заклучи дека ракописот не бил наменет за манастир, туку за парохиска црква.[1]
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Македонско евангелие“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 881. Text "series " ignored (help)