Михо Атанасовски (10 април 1934 - 13 јули 2008) — поет и писател за деца и млади, и драмски автор.

Животопис

уреди

Роден е во Скопје, каде завршил основно и средно образование. Бил уредник на радиодрамата за возрасни во Македонското радио. Бил член на ДПМ од 1957 година.[1] [2]

Книжевно творештво

уреди

Атанасовски претежно пишувал поезија за деца и за возрасни. Негови поважни дела се:

  • Очите и измаглините (поезија, 1955)
  • Никогаш не сум сам (поезија, 1957)
  • Минуваат пролети (поезија, 1959)
  • Од лав до страв (басни, 1962)
  • Божурика (поезија, 1963)
  • Еден лав плаче од страв (басни, 1964)
  • Марко новинарко (раскази за деца, 1969)
  • Во дворецот на сказните (римувани сказни, 1971)
  • Марко новинарко (нови раскази, 1972)
  • Река (поезија, 1975)
  • Големиот јунак (новела за деца, 1975)
  • Песни (1976)
  • Тајната на едно писмо (пиеска, 1976)
  • Има еден прозорец (поезија, 1979)
  • Отаде реката (поезија, 1985)
  • Куќичката со бела шамија(роман за деца, 1987)
  • Кога се сакавме со Тинка (роман за деца, 1989)
  • Зад де-вет гори зелени (поезија, 1990)
  • Бамбила од другиот свет (роман за деца, 1992)
  • Тутуле бале (поезија за деца, 1994)
  • Цветот што носи среќа (поема 1994)
  • Уличето со обетки од цреши (поезија за деца, 1995)
  • Пуземаже и Цинцилин (поезија за деца, 1996)
  • Љубовниот живот на Симсиле (новели за деца, 1998)
  • Уличето со обетки од цреши (нова книга, поезија за деца, 1998),
  • Вечери кај шардаванот (поезија за деца, 2000)[3]

Наводи

уреди
  1. Котевска, Милка; Лидиjа Мирчевска. Повоените македонски писатели. Битола: Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. стр. 32.
  2. Петка — грб: пиески. Детска радост, Скопје, 1984, стр. 6.
  3. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 31.

Извори

уреди