Христо Петрески
Христо Петрески (4 февруари 1957, Крушево) — македонски писател и директор на издавачката куќа „Феникс“.
Христо Петрески | |
---|---|
![]() | |
Занимање | поет |
Државјанство | македонско |
Образование | Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје |
Животопис Уреди
Петрески е роден на 4 февруари 1957 година во Крушево. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.[1] Тој е основач е и директор на издавачката куќа "Феникс" и Фондацијата "Македонија презент" - Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1985 година. Исто така, тој е еден од основачите на списанието "Стожер" на манифестацијата "Празник на липите" и главен и одговорен уредник на списанието "Книжевна академија".
Творештво Уреди
Поетски книги за возрасни:
- "Огледало" ("Современост" - Скопје, 1979)
- "Вулканска потреба" ("Култура" - Скопје, 1981)
- "Разговор со ѕидовите" (Разговор са зидовима) ("Омладинска искра" - Сплит, 1981)
- "Во јагодата црв" (У јагоди црв) ("Студентски збор" - Скопје, 1982)
- "Врв" (Врх) ("Мисирков" - Битола, 1983)
- "Штит" ("Мисла" - Скопје, 1985)
- "Туѓо тело" (Туѓе тело) ("Македонска книга" - Скопје, 1990)
- "Патник на враќање" (Путник у повратку) ("Мацуо Башо" - Оџаци, 1991)
- "Забел" (Забел) (избор, "Мисла" - Скопје, 1991)
- "Камен јазик" (Камени језик) ("Феникс" - Скопје, 1996)
- "Стаклен клуч" (Стаклени кључ) ("Феникс" - Скопје, 2003).
Поетски книги за деца и млади:
- "Бонсаи" ("Детска радост" - Скопје, 1991)
- "Бел петел врн ветер" (Бели петао црни ветар) (брзозоборки, "Детска радост" - Скопје, 1992)
Проза за возрасни:
- "Продавница на чист воздух" (Продавница чистог ваздуха) ("Мисла" - Скопје, 1988)
- "Добриот ѓавол" (Добри ѓаво) ("Феникс" - Скопје, 1996)
Проза за деца и млади:
- "Скопскиот трамвај" (Скопски трамвај) ("Феникс" - Скопје, 1996)
- "Најголемата тајна" (Највеќа тајна) ("Феникс" - Скопје, 2004)
Критики:
- "Споени садови" (Спојени судови) ("Наша книга" - Скопје, 1986)
Публицистика:
- "Дванаесет горостаси" (Дванаест горостаса) ("Млад борец" - Скопје, 1983)
- "Собеседници" (Сабеседници) ("Наша книга" - Скопје, 1989)
Антологии и избори:
- "Вишнеења" (Узвисивања) (родољубива поезија, "Млад борец" - Скопје, 1980)
- "Визија на целината" (Визија целине) (светски краток расказ, "Мисла" - Скопје, 1992)
- "Белиот фустан" (Бела хаљина) (светска куса проза, "Феникс" - Скопје - 2001)
- "Во стварноста е реалноста сосема поинаква" (У стварности је реалност сасвим другачија) (светски графити, "Феникс" - Скопје, 2002)
- "Подарок од срцето" (Дар од срца) (љубовни песни и писма, "Феникс" - Скопје, 2003)
Во октомври 2014 година, во Здружението на писателите на Србија била промовирани две збирки поезија на Петрески: „Погрешен човек“ и „Под потковицата на коњот“, објавени двојазично, на македонски и на српски јазик. „Погрешен човек“ е објавена од Националниот совет на Македонците во Србија, додека втората збирка е издание на Клубот на љубителите на книгата „Мајдан“. Исто така, на меѓународниот саем на книгата во Белград била претставена и збирка раскази на Петрески (на српски јазик), во издание на „Арте“ од Белград.[2]
Награди Уреди
Христо Петрески е добитник на повеќе награди:
- за стихозбирката „Камен јазик“ ја добил наградата „Ацо Шопов“;
- за новинарската дејност ја добил наградата „Крсте Петков Мисирков“;
- за книгата за деца „Скопскиот трамвај“ ја добил наградата „Васил Куноски“;
- за хаику поезија добил награда на Книжевната општина Вршац;
- добитник е на наградата на ДПМ „Празник на липите“ за најдобра песна и есеј;
- добитник е на награда на Културно-просветната заедница на Македонија;
- добитник е на награда на Републичката конференција на младината на Македонија;
- за збирката поезија „Погрешен човек“ ги добил наградите „Иво Андриќ„ и „Македон“.
- 2012 - „Рациновото признание“ за „Лифтот (не) е за двајца“[3]
Наводи Уреди
- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 198 - 199.
- ↑ „Промоција на две книги од Христо Петрески во Белград“, Дневник, година XVIII, број 5601, понеделник, 27 октомври 2014, стр. 19.
- ↑ „Христо Петрески е добитникот на наградата „Рациново признание" за 2012 година“. Идивиди. Посетено на 8 јуни 2020.