Кратовска книжевна школа

Во рамките на Кратовската книжевна школа, како книжевни центри се среќаваат македонските манастири Свети Прохор Пчињски, Свети Јоаким Осоговски и Свети Гаврил Лесновски. Во овие манастири поактивно писмената и книжевната традиција ќе започне меѓу XII и XIV век, а се разбира и до XIX век, зашто во овие манастири ќе се негува словенскиот збор и православието во периодот на турското владеење во Македонија.

Фрагмент од Лесновскиот паренезис

Како македонски дејци, припадници на оваа школа се јавуваат Димитар Кратовски кој е активен во XV век и Јован Кратовски кој својата дејност ја обавувал во XVI век. Кај препишувачите од Кратовската книжевна школа постоела јазична свест за почитување и за употреба на особеностите од Охридската книжевна школа. Тие спонтано внесувале јазични особености од северните и од источните македонски говори.[1] Од оваа школа потекнуваат ракописите како: Вранешничкиот апостол, Лесновски паренезис, Струмичкиот апостол, Хлудовиот триод, Радомирово евангелие, Карпинското евангелие и други.

Ракописите од Охридската и од Кратовската школа се совпаѓаат едни со други според повеќе правописни и јазични особености, и ја претставуваат македонската варијанта на црковнословенскиот јазик.

Наводи уреди

  1. Група автори: „Македонски јазик и литература“, Просветно дело, Скопје, 2006 година, стр. 32.