Димитар Миладинов

македонски писател и фолклорист

Димитар Миладинов (Струга, 1810 - Цариград, денешен Истанбул, 1862) — македонски народен преродбеник, поет, учител, публицист, собирач на народни умотворби, основач на македонската етнографија. Неговата поезија е со изразит лирски темперамент, а неговото творештво се состои од неколку лирски целини. Заедно со својот помлад брат Константин водел организирана борба против денационализаторството, пенхелизмот и политиката на грчката влада на македонските подрачја.

Димитар Миладинов
Роден/а1810
Струга, Македонија)
Починат/а23 јануари 1862
Цариград, Отоманско Царство
Занимањеславист, публицист и учител
Образованиеосновно училиште во Струга, а подоцна гимназија во Јанина, Грција.
Период19 век
ЖанрПреродба
Предметпреродбеник и собирач на народни умотворби
Книжевно движењеРомантизам
Значајни делаЗборникот на Миладиновци

Димитар Миладинов имал важна улога во борбата против грчката пропаганда во Македонија, иако самиот бил човек со висока грчка култура и образование. Во својата антихеленистичка пропаганда, Миладинов се служел со сите достапни средства, со образованието, воведувањето народни говори во наставната практика, со едукацијата на домашниот млад учителски кадар, со обемна кореспонденција во која настојувал да објасни и да извести важни луѓе на своето време за она што се случувало во моментот на македонски терен и што треба да се направи[1]. Димитар Миладинов добивал финансиска поддршка од монасите во светогорскиот манастир Зограф за неговата борба против хелинизмот. Познато е неговото пријателство со монасите Анатолиј и Партенија Зографски, кои исто така со лично залагање придонесувале во борбата против хеленизмот, како и игуменот Иларион, Натанаил Кучевишки и други угледни монаси.

Животопис

Роден е во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга Султана Миладинова. Основно училиште завршил во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина, Грција (1833 - 1836).

Во периодот помеѓу 1836 - 1839 година, работи како учител во Охрид, но поради грчкиот владика е принуден да го напушти училиштето. Потоа учителствува и во Струга (1839 - 1840), Кукуш (1840 - 1842) и повторно во Охрид (1842 - 1845) и Струга во 1846 година. Подоцна доаѓа и како учител во селото Магарево, Битолско (1849 - 1852) и во грчко училиште во Битола (1852 - 1854).

Во училиштето во Охрид, Димитар Миладинов се сретнал со познатиот руски научник, славистот Виктор Иванович Григорович. Оваа средба била пресудна Миладиновци да почнат да се занимаваат и со собирачката дејност-собирање и запишување на македонски народни песни и други умотворби, кои подоцна ги отпечатиле во еден голем Зборник (наречен "„Бугарски народни песни“", затоа што имало песни и од Бугарија). Во таа дејност се вклучил и средниот брат Наум Миладинов. Тој ја завршил Духовната академија на патријаршискиот универзитет "Халки" во Цариград и дипломирал на отсекот музика и граматика. Во 1843 година напишал учебник по музика, прв од таков вид во Македонија, додека при собирањето на народните песни истите ги запишувал со нотни записи, ги мелографирал, па така тој е нашиот прв музичар и мелограф.

Димитар Миладинов, кој бил целосно прословенски ориентиран, често доаѓал во судир со гркоманите во Битола, а по еден таков судир со битолскиот митрополит Венедикт, тој ја напуштил Битола и Македонија. Во Сремски Карловци и Нови Сад имал прилика да се запознае со животот на Србите под австроунгарска власт, каде уживале потполна културна автономија. Подоцна заминал во Белград. При престојот во овие краишта, тој се запознал со идеите на панславизмот и Илирското движење, кои во потполност ги прифатил како свои.

При крајот на 1856 година, Димитар Миладинов се вратил во Струга и го испратил братот Константин во Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва.

На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци, насловен како "Бѫлгарски народни песни", дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот фолклорист Васили Д. Чолаков).

Обвинети како шпиони против кои, според изјавата на официјалните турски власти, се подготвува судски процес, браќата Миладиновци умреле во цариградските затвори, во 1862 година, под досега неразјаснети околности.

Генеалогија

 
 
 
 
 
 
Ристе Миладинов
 
Султана Миладинова
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Димитрија Миладинов
 
Тане Миладинов
 
Наум Миладинов
 
Мате Миладинов
 
Апостол Миладинов
 
Константин Миладинов
 
Ана Миладинова
 
Крстана Миладинова

Галерија

Надворешни врски


  1. Македонскиот 19 век. Скопје: Македоника. 2014. стр. 78. ISBN 978-608-4614-59-3. На |first= му недостасува |last= (help)