Тодор Чаловски
Тодор Чаловски (Гостивар, 23 август 1945 - Скопје, 15 јуни 2015) — македонски поет, литературен критичар, есеист и преведувач.[1]
Тодор Чаловски | ||
Роден | 23 август 1945 Гостивар, ДФ Македонија, ДФ Југославија | |
---|---|---|
Починал | 15 јуни 2015 Скопје, Македонија | (возр. 69)
Животопис
уредиЧаловски е роден е на 23 август 1945 година во Гостивар. Основно образование завршил во Галичник, гимназија во Скопје и Гостивар, а дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел како новинар во весниците „Студентски збор“, „Вечер“ и „Нова Македонија“, во Радио Скопје, како уредник на Културна редакција и на Сектор за култура, литература и уметност, а бил и заменик-одговорен уредник на Радио 2000. Потоа работел како уредник-коментатор во Македонското радио. Учествувал во уредувањето на списанијата „Белези“ и „Разгледи“, а бил главен уредник на ревијата на ДПМ „Стожер“. Бил секретар и претседател на Друштвото на писателите на Македонија и член на Советот на СВП. Основач е на Книжевната колонија во Галичник. Починал во Скопје на 15 јуни 2015 година.[2]
Книжевно творештво
уреди- Ноќ во која те нема (поезија, 1969)
- Ноќен часослов (поезија, 1971)
- Сердарски болести (поезија, 1975)
- Ѕвезда во човека (поезија, 1981)
- Јадро (поезија, 1984)
- Праг (поезија, 1988)
- Маѓосна меѓа (поезија, 1989)
- Прониз (поезија, 1994)
- Дарови (поезија, 1994)
- Галица (поезија, 1996)
- Будна куќа (поезија, 1998)
- Песни (1998)
- Критички видувања (есеи и критики, 1998)
- Глас крепител (поезија, 2000)
Награди
уредиДобитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“, „Млад борец“, „Студентски збор“, „Младост“ (Белград), БИД „Мисирков“, „Григор Прличев“ (за препев) и Награда за најдобра критика на годината во Македонија.
Наводи
уреди{{наводи}]
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр.2379 - 280.
- ↑ „Почина писателот Тодор Чаловски“. Архивирано од изворникот на 2015-06-17. Посетено на 2015-06-16.