Димитар Солев (Скопје, 24 мај 1930 - Скопје, 24 септември 2003) — македонски раскажувач, романописец, драмски автор, есеист, книжевен критичар и преведувач.[1]

Димитар Солев
Роден/а24 мај 1930
Скопје, Кралство Југославија
Починат/а24 септември 2003(2003-09-24) (возр. 73)
Скопје, Македонија

Животопис

уреди

Солев студирал на Филозофскиот факултет, при што дипломирал на групата по историја на југословенските литератури. Тој работел како уредник во Телевизија Скопје, директор на Македонската телевизија, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ (1978-1987),[2] и како главен и одговорен уредник на списанието „Разгледи“.[3] Солев бил член на Македонскиот ПЕН центар. Во 1956 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија, а одреден период бил и негов претседател.[4]

Творештво

уреди

Солев пишувал проза и есеи, а се занимавал и со преведување и со книжевна критика. Истовремено, за неговите дела пишувале повеќе критичари од поранешна СФРЈ, а неговите книги се преведени на повеќе јазици.

Тој е припадник на средната генерација македонски писатели кои се појавиле по Втората светска војна. На книжевната сцена се појавил во 1956 година, со збирката раскази „Окопнети снегови“, а веќе следната година го објавил романот „Под усвитеност“. Во 1960 година се појавила неговата втора збирка раскази „По реката и спроти неа“, додека вториот роман „Кратката пролет на Моно Самоников“ излегол од печат во 1964 година.[5] Во македонската книжевност, тој е познат како голем поборник за употребата на модерниот книжевен израз.[6] Исто така, Солев е еден од првите македонски писатели кој пишувал кратки прозни творби.[7]

Библиографија

уреди

Најпознати дела на Солев се:[8]

Збирки раскази:

Романи:

Есеи:

  • Кво вадис скриптор (1970)

Радио-драми:

  • Пушка в езеро

Сценарија:[11]

  • 1959: По врвиците на слободата (сценарио)
  • 1962: Граница (сценарио)
  • 1964: Школски распуст (сценарио)
  • 1965: Денови на искушение (сценарио)
  • 1966: Патем (сценарио)
  • 1972: Истрел (сценарио)

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[12]

Награди

уреди

За романсираната биографија на Васил Антевски - Дрен, која беше објавена во 1980, Димитар Солев ја доби Рациновата награда.

Добитник е на наградата „11 Октомври“.

Наводи

уреди
  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 234.
  2. НУБСК - Историја
  3. Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970.
  4. Aldo Kliman (1973). Makedonskata kniževnost vo kniževnata kritika: Umetničko tvoreštvo. Misla.
  5. Александар Спасов, „Димитар Солев или Достоинство на авангардниот реализам“, во Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970, стр. 5.
  6. Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 103.
  7. „Белешки за автор(к)ите“, во: Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 354.
  8. Димитар Солев, Одбрани раскази. Скопје: Мисла, 1970.
  9. „Посмртно објавена книга од Солев“ Архивирано на 21 април 2016 г., Утрински весник, 14.11.2006.
  10. Димитар Солев, „Дрен“
  11. Сценарија на Димитар Солев
  12. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 33-39.

Надворешни врски

уреди