Тоде Богдановски (Никифорово, Гостиварско, 1922 - Караорман, 1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија.[1]

Тоде Богдановски
Роден 1922 година
Никифорово, Кралство СХС
Починал мај-јуни, 1944 година
Караорман
Народност Македонец

Животопис

уреди

Потекнувал од селско сиромашно печалбарско семејство. Уште како млад, од почетокот на април 1937 rодина, заминал на печалба со својот татко во Белград и работел како ѕидарски работник.

Втора светска војна

уреди
 
Споменик на НОБ во Никифорово, на кој се наоѓа и името на Тоде Богдановски.

По капитулацијата на стара Југославија (6 април 1941 година), се вратил во своето село и повремено работел на одржување на патот Маврови Анови - Влајница како општ работник. Во почетокот на 1942 година бил примен во една од воспитните, а потоа и во една од скоевските групи во Никифорово. Како младинец и член на СКОЈ бил доста активен во прибирање на оружје, храна, доброволна помош во пари, како и чување и придружување на другари - илегалци - членови на Окружниот и Реонскиот комитет. Во август 1942 година бил примен за член на КПЈ. Како член на КПЈ станал уште поактивен и сите партиски задолженија ги извршувал навреме. Во заднинската работа во селото се наоѓал се до јуни 1943 година, односно се до неговото доброволно одење во партизани. Во прво време бил борец во партизанските одреди, а потоа во Македонско-косовската бригада. Како во партизанските одреди, исто така и во Македонско-косовската бригада, бил запаметен како добар и пожртвуван борец. Во една борба против Германскиот окупатор близу Караорман во мај-јуни 1944 година храбро загинал и не го дочекал конечното ослободување на Македонија.[1]

Една улица во Гостивар, го носи неговото име.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Синадиновски, Јаким; Груевски, Зоге (1976). Трите мавровски села. Скопје: Заедница на научните дејности. стр. 261.
  2. „Гостиварка касната од куче скитник“. Гостивар Прес. 1 јуни 2022. Посетено на 1 јануари 2023.