Никола Маџиров
Никола Маџиров (роден на 27 мај 1973 год. во Струмица) — македонски поет, есеист и преведувач.
Никола Маџиров | ||
![]() | ||
Роден | Никола Маџиров 27 мај 1973 Струмица, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | македонски поет, есеист и преведувач. |
Книжевно творештво Уреди
Маџиров ги објавил следниве збирки поезија:
- Заклучени во градот (поезија, 1999)
- Некаде никаде (поезија, 1999)
- Асфалт, но небо (хаику поезија, 2003)
- Во градот, некаде (избор песни, 2004)
- Преместен камен (поезија, 2007)
Стиховите на Маџиров „Кога некој заминува, сè што е создадено се враќа“ биле дел од германската поставка на операта „Орфеј и Евридика“, чија премиера се одржала на 2 септември 2014 година, во Минхен, во режија на Андреас Видерман, а во изведба на ансамблот „Опера инкогнита“.[1]
Маџиров е добитник е наградите „Студентски збор“, „Ацо Караманов“, „Браќа Миладиновци“ и европската награда за млад поет „Хуберт Бурда“, која се доделува на автори родени во Централна и Источна Европа. Неговата поезија е преведена на повеќе јазици и објавувана е во неколку избори и антологии на македонската поезија.
Маџиров е координатор на меѓународната поетска мрежа „Lyrikline“ за Македонија. Бил учесник на повеќе меѓународни поетски фестивали и е добитник на неколку меѓународни признанија и стипендии, како: International Writing Program at University of Iowa; KulturKontakt in Vienna; Internationales Haus der Autoren Graz; LiteraturHause NÖ. Неговата поезија е објавена во над педесетина земји во светот, во Европа, Сад, Азија, Африка, Латинска Америка и во Австралија и преведена е на 41 светски јазик, меѓу кои и на: персиски, јапонски, хебрејски, шпански, галициски, каталонски, келтски, хрватски, германски, бурмански, бугарски, хинди, малајалски, тамилски, украински јазик [2]
Награди Уреди
- 2012 Награда за светска поезија „ДЈС“ („Поезија Исток-Запад“), Кина [3]
- 2015 Меѓународна награда ДААД, стипендија за автори и уметници [4]
- 2015 Меѓународна поетска награда „Левир литерер“ (Литературен квасец)[5]
- 2016 Национален уметник на Република Македонија [2]
На 26 септември 2016 година, претседателот Ѓорге Иванов го прогласил Маџиров за национален уметник на Република Македонија. Претходно, на 1 јули, комисијата во состав од Митко Маџунков, Вера Битракова-Грозданова, Тања Вуисиќ-Тодоровска, Петар Темелковски и Беди Ибраими го избрала Маџиров за национален уметник.[6]
Наводи Уреди
- ↑ „Поезијата на Маџиров во операта Орфеј и Евридика во Минхен“, Дневник, година XVIII, број 5559, петок, 5 септември 2014, стр. 19.
- ↑ 2,0 2,1 „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2016-08-07. Посетено на 2016-07-25.
- ↑ http://www.dw.com/mk/%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D1%9F%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%B2-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B0/a-16028407
- ↑ http://vesti.mk/news/6206287/poetot-madjirov-dobi-megjunarodna-nagrada[мртва врска]
- ↑ „Маџиров доби француска награда“, Дневник, година XIX, број 5691, петок, 13 февруари 2015, стр. 19.
- ↑ „Никола Маџиров стана национален уметник“, Дневник, година XX, број 6175, вторник, 27 септември 2016, стр. 20.
„Никола Маџиров“ на Ризницата ? |
Оваа статија македонски писател е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |