Марина Мијаковска
Марина Мијаковска (8 јули 1984, Скопје, Македонија) — македонска поетеса, есеист, прозаист и книжевен критичар.
Марина Мијаковска | ||
Родена | 8 јули 1984 Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | поетеса, есеист и книжевен критичар. |
Животопис
уредиВо 2007 година Мијаковска дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Истата година, таа ги посетувала предавањата од областа на родовите студии во истражувачкиот центар за родови студии „Евро-балкан“ од Скопје[1]. Во 2008 година ја завршила обуката за административно работење и се стекнала со психолошка, педагошка и методиска доквалификација на Филозофскиот факултет. Во јуни 2010 година била интервјуер на фокус групи на проектот „Индекс на социјална инклузија на локално ниво“, организиран од институтот „Евро-балкан“. Во 2011 година, Мијаковска ја одбранила својата магистерска теза на тема: феминизам и женската сексуалност. Во 2017 година ја одбранила докторската дисертација со наслов „Écriture féminine и романот: Прилог кон феминистичката теорија на жанрот“. Од 2022 година таа е член на Управниот одбор на Друштво на писателите на Македонија. Мијаковска од број 154 (3 број во 2024) станува уредник и член на редакцијата на „Стожер: ревија за литература, култура и уметност“ што го издава Друштво на писателите на Македонија.
Творештво
уредиМијаковска пишува поезија, есеи, проза и книжевни критики,[2] а текстовите ги објавувала во „Наше писмо“, „Мираж“, „Репер“ и други списанија. Мијаковска учествувала на „Струшките вечери на поезијата“ во 2010 година, во „Ноќ без интерпункција“ - поетски вечери на млади поети. Истата година ја објавила својата прва поетската збирка „Номадска душа“, во издание на „Антолог“.[3] Истата година, за нејзината поезија, Мијаковска добила награда на поетските средби во Корча, Албанија.[1] Во 2013 година била добитник на наградата „Караманов“ и Македонска книжевна авангарда за стихозбирката „Психоаналитичка алхемија од страсти“ (2013).[4]. Во 2014 година ја добила наградата Крсте Чачански (награда) за новелата „Куќички“. Во 2015 година ја добила наградата „Бели мугри“ на ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“ од Скопје.
Во 2019 година ја добила наградата „Даница Ручигај (награда)“ при ДПМ за стихозбирката „Коскена“. Во 2023 година ја добила наградата „Goran Bujić (награда)“ при Друштвото на писателите на Хрватска (огранок Задар) за нејзините достигнувања во културатa.
Дела
уредиМарина Мијаковска е авторка на неколку стихозбирки, прозни книги, научни монографии и книги со есеи, а вклучувајќи ги следниве дела:
- „Номадска душа“, објавена во 2010 година, а во издание на „Антолог“;
- „Куфери“, стихозбирка објавена во 2012 година, а во издание на „Матица македонска“;[5]
- „Психоаналитичка алхемија од страсти“, стихозбирка објавена во 2013, а издание на Дом на култура „Ацо Караманов“ во Радовиш;[4]
- „Куќички“, новела објавена во 2014 година, а е наградена со наградата „Крсте Чачански“;
- „Тиркиз во лето“, хаику поезија објавена во 2015 година;
- „Жанровски полимер: сандаче од ракописи во обид“, книга со есеи објавена во 2016 година, а во издание на „Дијалог“;
- „Новогодишни детски песни“, книга за деца објавена во 2017 година;
- „Модели на родовата индентификација“, научна монографија објавена во 2018 година од „Сигмапрес“;
- „Коскена“, стихозбирка објавена во 2019 година во издание на „Дијалог“;
- „Oqueani i grave“, стихозбирка (избор од поезијата) во превод на албански јазик објавена во 2020 година;
- „Литературно шаренило на Балканот“ (зборник со поезија, уреднички Марина Мијаковска и Алмира Папиќ) во 2020 година во издание на „Шадрван“.
- „Écriture féminine и романот: прилог кон феминистичката теорија на жанрот“, докторска дисертација објавена во 2020 година во издание на ЦКС од Скопје;
- „Приказни од Пајко Маало“, новела објавена во 2021 година ;
- „Свилени времиња“, стихозбирка објавена во 2024 година.
Извори
уреди- ↑ 1,0 1,1 „www.think.mk“. Архивирано од изворникот на 2013-11-23. Посетено на 2013-12-09.
- ↑ [1][мртва врска]
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-11-23. Посетено на 2013-12-09.
- ↑ 4,0 4,1 www.denesen.mk[мртва врска]
- ↑ www.vecer.com.mk[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Настап на поетесата Мијаковска на поетскиот фестивал „Песнило“ 2010
- Дигитална изложба „Жените во ретката периодика“ 2024
- Промоција на „Приказни од Пајко Маало“ на Скопско лето 2022 година
- Интервју за „Модели на родовата идентификација“
- Интервју за „Новогодишни детски песни“
- Интервју за „Коскена“ - награда „Даница Ручигај за 2019 година
- Интервју за наградата „Бели мугри“ за 2015 година
- Емисија посветена на македонската книжевност, 2015 година
- Интервју за „Куфери“ на МТМ телевизија, 2013 година
- Интервју за Слободен печат - „Женското писмо и романот“
- Дигитална изложба „Фондот на НУБ- доказ за сестраноста на Конески“ во 2021 година
- Промоција на „Свилени времиња
- Нова книга „Свилени времиња“
- Нова книга „Свилени времиња“
- „Свилени времиња“ - промоција