Милан Ѓурчинов (р. 28 јуни 1928 во Белград - п. 24 јули 2018 во Скопје) — македонски есеист, критичар, книжевен историчар и теоретичар, антологичар[1].

Милан Ѓурчинов
Роден/а28 јуни 1928
Србија Белград, Србија
Починат/а24 јули 2018
Македонија Скопје, Македонија
ЗанимањеПисател,есеист, критичар, книжевен историчар и теоретичар

Животопис

уреди

Роден е во Белград, но потекнува од струшкото село Јабланица. Негов брат е режисерот Александар Ѓурчинов. Завршил Филолошки факултет во Белград[1]. Доктор по филолошки науки. Бил професор на Филолошкиот факултет во Скопје, бил шеф на катедрата за славистика и покренувач и раководител на катедрата за компаративна книжевност. Бил член на редакцијата на списанието „Разгледи“. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Член е на Македонската академија на науките и уметностите од 1988 година[1]. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1956 година. Бил и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Член е и на Македонскиот ПЕН центар.[2]

Творештво

уреди

Автор е на книгите:

  • Време и израз (1956),
  • Присутности (1963),
  • Македонски писатели (1969),
  • Живо и мртво (1974),
  • Критички сведоштва (1976),
  • Достоевски (1981),
  • Современа македонска книжевност (1984),
  • Проникнувања (1986),
  • Пастернак (1987),
  • Марксизам творештво вредности (19
  • Пред прагот на иднината (1991),
  • Заговорници на човечноста (1992),
  • Нова македонска книжевност (1996),
  • Сребрени соништа - Ацо Караманов (1997),
  • Компаративни студии (1998),
  • Освојување на реалноста (2000).

Составувач е на антологии на македонската проза и поезија на италијански, француски, српски, турски и други јазици. Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „Димитар Митрев“, „Златен прстен“.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Гилевски, Паскал (2009). Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 509.
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 88.