За другите значења на поимот видете ја страницата за појаснување.

Битолскиот триод, познат и како Кичевски — македонски средновековен ракопис, кој според записите што стојат на него, ракописот го пишувал Георги Граматик од с.Вапа-Дебарско во с.С'лп-Кичевско[1]. Пишуван е на пергамент во втората половина на XII век, со уставно писмо, на 101л. (275?195мм) и е пронајден во 1907 година.[2] Текстот е кирилски со тоа што на 56 места се вметнувани цели изрази со глаголско писмо. Тука, заедно со трипеснеците на византиските химнографи стојат и оригиналните трипеснеци на Константин Преславски. Интресно е и тоа што на повеќе места има екфонетски знаци. Сите овие и другите писмени траги зборуваат дека ги носи јазичните особености на Охридската книжевна школа. Битолскиот триод се наоѓа во ракописниот оддел на Бугарската академија на науките во Софија. под бр.38. Она што е посебно значајно за триодните текстови е фактот во нив да се откриваат и оригинални стихови од нашите познати средновековни творци (Климент Охридски, Наум Охридски и др.). Тоа се најсигурните сведоци дека и на овие битолски простори многу долго се задржале кирилометодиевската глаголска традиција. Во многу од нив сретнуваме и глаголско и кирилско писмо. Иако кирилицата сè повеќе се користела, глаголицата и натаму се практикувала, после неколку векови по Климента, на нашиве терени.[1]

Битолски триод
Бугарска академија на науките
Фрагмент од ракописот
Година на изработкаВтората половина на XII век
Материјалпергамент
Големина101 лист
Писмоглаголица, кирилица

Во овој натпис се зачувани знаци од живиот запаномакедонски говор од втората половина на 12 век.[2]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Видоески, Божо (1988). Јазичните појави во Битола и Битолско денеска и во минатото: реферати од научниот собир одржан од 7 до 9 септември 1984 г. во Битола. Македонска академија на науките и уметностите.
  2. 2,0 2,1 д-р Стојан Киселиновски и д-р (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 78. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)