Петар Андоновски
Петар Андоновски — македонски писател.
Петар Андоновски | |
---|---|
Петар Андоновски на првиот Фестивал на проза, Куманово, мај 2022 година | |
Занимање | писател |
Националност | Македонец |
Државјанство | македонско |
Образование | Филолишки факултет Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
Животопис
уредиПетар Андоновски е роден на 27 јануари 1987 година во Куманово. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. За романот Телото во кое треба да се живее ја добил наградата Роман на годината на Утрински весник за 2015 г. А за романот Страв од варвари ја добил Европската награда за литература за 2020. Андоновски преведува од грчки јазик.
Творештво
уредиАндоновски дебитирал на книжевната сцена со делото „Очи со боја на чевли“ со кое влегол во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ на Утрински весник.[1] Во 2015 година, во издание на „Или-или“ излегло неговото второ дело, романот „Телото во кое треба да се живее: токсични цветови на деликатниот морал“.[2] За овој роман Андоновски ја добил наградата „Роман на годината“ на Утрински весник за 2015 година.
Дела
уреди- Ментален простор (2008, поезија),
- Очи со боја на чевли (2013, роман),
- Телото во кое треба да се живее (2015, роман),
- Страв од варвари (2018, роман),
- Лето во кое те нема (2020, роман).
- Не кажувам (2023, роман).
Награди
уреди- Роман на годината за романот Телото во кое треба да се живее 2015 година[3];
- Европската награда за литература за романот Страв од варвари, 2020[4].
Наводи
уреди- ↑ Лектира.мк http://lektira.mk/avtor/petar-andonovski/
- ↑ Роберт Алаѓозовски, „Надежни, а неподдржани“, Економија и бизнис, година 18, број 207, 11 септември 2015, стр. 101-103.
- ↑ https://kanal5.com.mk/petar-andonovski-dobitnik-na-nagradata-roman-na-godinata/a256893
- ↑ https://www.slobodnaevropa.mk/a/30620632.html