Симон Дракул
Симон Дракул — македонски раскажувач, романописец, драмски автор, сценарист, историчар и преведувач.
Симон Дракул | |
---|---|
Роден/а | 24 септември 1930 Лазарополе, Македонија |
Починат/а | 11 јануари 1999 Скопје, Македонија | (возр. 68)
Занимање | писател, историчар, преведувач |
Животопис
уредиРоден е во Лазарополе на 24 септември 1930 година. Поради италијанската окупација, се школувал со прекини[1] при што учел во учел во Охрид и во Скопје. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филозофски науки. Работел во весниците „Млад борец“ и „Нова Македонија“, бил уредник во издавачката куќа „Кочо Рацин“ и директор на драмата во Македонскиот народен театар во Скопје. Исто така, бил член на редакцијата на списанието „Современост“, научен советник во Институтот за национална историја на Македонија и претседател на ДПМ чиј член бил од 1953 година. Починал во Скопје на 11 јануари 1999 година.[2]
Творештво
уредиДракул најчесто обработува теми и мотиви од селскиот живот, а неговите дела се одликуваат со прекрасни пејзажи кои речиси секогаш се спротивставени на мачниот живот на луѓето.[3]
Библиографија
уреди- Планините и далечините (раскази, 1953)
- Витли во поројот (раскази, 1956)
- И ѕвездите паѓаат сами (роман, 1957)
- Белата Долина (роман, 1962)
- Буни (триптих: повест, роман, драма, 1980)
- Распаќа (раскази, 1985)
- Архимандрит Анатолиј Зографски (монографија, 1988)
- Или смрт, (тетралогија): Глужд, Јас Георги Николов Делчев, Полноќна чета, Кобно место (1989),
- Жедна месечина (роман, 1997),
- Апостол војводата (монодрама, 1998)
Награди
уреди- „Кирил Пејчиновиќ“
- „Рациново признание“[4]
Наводи
уреди- ↑ Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 113.
- ↑ Симон Дракул – биографија
- ↑ Георги Сталев (приредувач), Современи македонски раскажувачи, избор. Скопје: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша книга, 1990, стр. 113.
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 81.
Надворешни врски
уреди- Симон Дракул на Ризницата ?