Григори Хаџи Јорданов
Григори Хаџи Јорданов (прва половина на 19 век во Ваташа — ) — македонски свештеник, преведувач и автор на црковни книжевни дела и ракописи.[1][2][3][4]
Животопис
уредиБил поп или како што и самиот за себе велел свештеник во ваташката црква. Од крајот на 19 век или поточно во 1897 и 1898 година составил поголем број црковни ракописи. Неговите ракописи можат да се разгледуваат од два аспекта како дијалектолошки јазичен материјал и како книжевни дела, бидејќи покрај канонските текстови составил и свои лични творби за разни богослужбени потреби, како и коментари кон црковно канонските текстови. Тој и кога препишувал одбирал што ќе препише од богатата црковна литература и го прилагодувал за своите верници, преведувајќи го на разбирлив јазик.[2]
Меѓу другите материјали зачувани се:[2]
- Литургиски зборник 35 листа,
- Службеник 69 листа,
- Требник 244 листа.
- Богословски зборник со толкувања на светото писмо 11 листа.
- Празничен пентикостар 68 листа.
- Литургиски зборник 126 листа и други.
Неговите дела кои содржат десет одделни ракописи или 2000 страници преставуваат една мала црковна библиотека, од кои може да се види кои текстови го интересираат обичниот македонски човек и која била негова главна литературна преокупација при крајот на минатиот век. Овие ракописи денес се наоѓаат во трезорот на НУБ Св. „Климент Охридски”, а еден негов ракопис од Богословскиот зборник се чува во Филозофскиот факултет, при универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Овој ракопис бил познат уште од порано, но дури сега со споредувањето со новооткриените ракописи е утврдено дека е напишан од Григори Хаџи Јорданов.[2]
Една улица во Кавадарци е именувана со неговото име.[5]
Наводи
уреди- ↑ Ивић, Милка (1980-01-01). Јужнословенски филолог 36 (српски). Институт за српски језик САНУ.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 434–435. ISBN 978-608-4621-04-1.
- ↑ Макаријоска, Лилјана (2016). „ПРИЛОГ КОН КИРИЛОМЕТОДИЕВСКАТА БИБЛИОГРАФИЈА ВО МАКЕДОНИЈА“. КИРИЛОМЕТОДИЕВИСТИКА бр.10 (2016).
- ↑ „МАКЕДОНСКОТО ЈАЗИЧНО ПРАШАЊЕ ВО ЛИТЕРАТУРНИОТ 19 ВЕК | PDF“. Scribd (англиски). Посетено на 2024-07-07.
- ↑ „Службен гласник на Општина Кавадараци“ (PDF). kavadarci.gov.mk. 1 септември 2014.