Георги Пирински е политичар во Бугарија[1] со потекло од Пиринска Македонија.

Георги Пирински

Роден е на 10 септември 1948 година, во градот Њујорк, САД. Од 1952 живее во Бугарија.

Георги Пирински е виш активист на Бугарската социјалистичка партија (поранешна комунистичка - БКП). Во Бугарија бил на различни политички функции, меѓу кои и министер за надворешни работи. Во текот на 1996 година бил кандидат за претседател на Бугарија, но не му било допуштено да учествува на изборите бидејќи е роден во странство. Пирински е бил претседател на бугарското народно собрание од 2005 до 2009 г.

Георги Пирински е син на македонскиот емигрантски активист во Северна Америка, Георги Пирински.

Извори

уреди
  1. Говор на Георги Пирински како претседател на бугарското Народно собрание во Санкт Петербург по повод 100 години од раѓането на рускиот научник Дмитри Лихачов, страница на бугарското Народно собрание Архивирано на 29 ноември 2010 г., 28 ноември 2006 г.: "За нас, българите, 100-годишнината на Дмитрий С. Лихачов е вълнуващ повод още веднъж дълбоко да се поклоним на човека и неговото дело, което и за България има непреходно, наистина историческо и съдбовно значение."

Надворешни врски

уреди