Црква „Св. Талалеј“ - Арачиново
Црква „Св. Талалеј“ - Арачиново — единствена православна селска црква во скопското село Арачиново.
Свети Талалеј
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Скопска |
Архијерејско намесништво | Северноскопско |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 42°1′30″N 21°33′55″E / 42.02500° СГШ; 21.56528° ИГД |
Место | Арачиново |
Општина | Арачиново |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Талалеј |
Изградба | 1994 |
Архитектонски опис |
Состојба на црквата
уредиСостојбата на црквата започнала да се влошува по протерувањето на Македонците од селото, по завршувањето на воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Црквата била подложна на кражби и била оставена потполно незаштитена, поради немањето Македонци во селото. Жителите на селото се собираат во црквата само за време на поголемите верски празници. Во најлоша состојба се наоѓаат црковните гробишта со искршени надгробни плочи, додека поранешната крстилница, кујната и трпезаријата се целосно демолирани и опустошени.[1]
Вандализам од 2016 година
уредиВо јануари 2016 година бил извршен голем вандализам во црквата, најголем од терористичките активности од 2001 година.[2] По фреските и иконите биле видливи длабоки бразди, направени со нож, вулгарни цртежи на полни органи. Била демолирана внатрешноста на црквата и расфрлани биле свеќите, малите икони, песокот за положување свеќи и сл.
Најмногу биле оштетени фреските на двете светителки, Света Петка и Света Недела, кои се насликани на левиот ѕид од влезот и се подарок од семејствата на Атанас Анчевски и на Трпе Јакимовски во 1997 година. Траги од нож биле пронајдени и на фреската на Свети Ѓорѓи, како и на иконите на Свети Атанасиј, на Пресвета Богородица, како и на фреската на Свети Никола, на која покрај оштетувања со нож, имало и недостојни цртежи.[2]
Најверојатно, овие оштетувања настанале пред верскиот празник Духови.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Црквата во Арачиново ќе се спасува од пропаѓање“. Дневник. МПМ. 4 февруари 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 4 февруари 2014.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Ѓ., Б. (27 јануари 2016). „Фреските и иконите во црквата во Арачиново уништени со нож“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 28 јануари 2016.[мртва врска]