Отвори го главното мени


Стивен Џеј Гулд (англиски: Stephen Jay Gould; 10 септември 1941 во Њујорк - 20 мај 2002 во Њујорк) бил познат американски палеонтолог, еволуционист и историчар на науката. Тој е еден од најистакнатите и нашироко читани писатели на научно-популарен жанр во својата генерација. Поголем дел од својата кариера Гулд поминал предавајќи на Харвардскиот универзитет и работејќи во Американскиот природонаучен музеј.

Научни истражувањаУреди

На самиот почеток од неговата кариера, во 1972, Гулд заедно со Нилс Елдреџ ја развил теоријата за точкест еквилибриум, според која поголемиот дел од еволуциските промени се случуваат во мали временски интервали во споредба со подолгите периоди на еволуциона стабилност. Според Гулд, теоријата на точкестиот еквилибриум фрлила ново светло на централната догма на еволуционата теорија. Мислењата на теоретичарите на еволуцијата по ова прашање се разликувале. Едни сметале дека дека ,,иако оваа теорија е од голем интерес‘‘, таа ,,само ја изменува теоријата на неодарвинизмот со целосно соодветство на тоа што било познато од порано‘‘. Други ја нагласувале нејзината теоретска новина, која се состоела во тоа што еволуцискиот стазис бил ,,неочекувано откритие за поголемиот дел теоретичари на еволуцијата‘‘ и дека тој ,,силно влијаел на современата палеонтологија и еволуциона биологија‘‘.

Други истражувачки активности на Гулд биле насочени кон идентификување на биолошките ограничувања и другите неселективни сили кои ја определуваат насоката на еволуција на живите суштества. Во 1979 година, заедно со Ричард Левонтин, ја објавил статијата со наслов ,,Пазувите на сводовите од базиликата Св. Марко и парадигмата на Панглосот‘‘ во која тие го вовеле новиот еволуциски поим ,,пазува на свод‘‘, земен од архитектурата. Гулд и Левонтин ги определиле ,,пазувите на сводовите‘‘ како оние карактеристики на организмот кои се јавуваат како неизбежен спореден ефект од други карактеристики и кои не биле сами по себе изложени на дејството на селекцијата во текот на еволуцијата.

Како пример може да се наведат маскулинизирањето на гениталиите кај женските хиени, раменските ,,грби‘‘ кај џиновскиот елен (Megaloceros giganteus) и некои клучни карактеристики на човековата менталност. Прашањето за релативната количина на ,,пазуви на сводови‘‘ во однос на адаптивните карактеристики на организмите во природата денес останува отворено.

ДелаУреди

Стручни трудовиУреди

Популарни книгиУреди

  • The Mismeasure of Man (W.W. Norton, 1981; prerađeno 1996), ISBN 0-393-03972-2; преведено како Човек по мерка (Jesenski & Turk, 2003), ISBN 953-222-140-9
  • Time's Arrow, Time's Cycle (Harvard University Press, 1987), ISBN 0-674-89198-8
  • Wonderful Life: The Burgess Shale and the Nature of History (W.W. Norton, 1989), ISBN 0-393-02705-8
  • Full House: The Spread of Excellence From Plato to Darwin (Harmony Books, 1996), ISBN 0-517-70394-7 (надвор од Северна Америка објавена е како Life's Grandeur: The Spread of Excellence From Plato to Darwin (Jonathan Cape Ltd, 1996), ISBN 0-09-989360-6)
  • Questioning the Millennium: A Rationalist's Guide to a Precisely Arbitrary Countdown (Harmony, 1997); исто така објавена во значително проширено второ издание (Harmony, 1999), ISBN 0-609-60541-0
  • Rocks of Ages: Science and Religion in the Fullness of Life (Ballantine Books, 1999), ISBN 0-345-43009-3
  • The Hedgehog, the Fox, and the Magister's Pox: Mending the Gap Between Science and the Humanities (Harmony, 2003), ISBN 0-609-60140-7

Збирки есеи од журналот Natural HistoryУреди

Останати збирки есеиУреди