Трка околу Франкфурт 2017
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 56. Ешборн-Франкфурт | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2017 1.UWT | ||
Датум | 1 мај 2017 | ||
Растојание | 215,7 км | ||
Држава | Германија | ||
Поаѓалиште | Ешборн | ||
Одредиште | Франкфурт на Мајна | ||
Екипи | 20 | ||
Возачи на почеток | 158 | ||
Возачи на крај | 67 | ||
Просечна брзина | 39,82 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Александер Кристоф (Катјуша-Алпесин) | ||
Второпласиран | Рик Цабел (Катјуша-Алпесин) | ||
Третопласиран | Џон Дегенколб (Трек-Сегафредо) | ||
◀ 2016 | 2018▶ | ||
Документација |
Трка околу Франкфурт 2017 (службено: Ешборн-Франкфурт — Околу Финанцплац 2017) — 55. издание на велосипедската еднодневна трка Трка околу Франкфурт, која се одржала на 1 мај како дваесетти настан во сезоната на Светската турнеја. Ова било прво издание на трката во календарот на Светската турнеја.[1][2]
Трката била освоена од возачот на Катјуша-Алпесин, Александер Кристоф, по силното влечење и помош од колегата Рик Цабел; Кристоф завршил неколку должини на тркалото пред најблискиот соперник, освојувајќи ја трката по третпат,[3] изедначувајќи го рекордот на Ерик Цабел, татко му на Рик. Рик Цабел успеал да заврши како втор, додека подиумот бил заокружен од уште еден германски возач, Џон Дегенколб од екипата Трек-Сегафредо.
Рута
уредиТрката започнала во Ешборн и завршила во Франкфурт на Мајна,[4] минувајќи низ нискиот планински венец Таунус северозападно од Франкфурт. Главни потешкотии биле искачувањата на Фелдберг, Руперсхајн и Мамолсхајн. Трката завршувала со три круга од 4,5 километри во средиштето на Франкфурт, а целта била пред Старата опера. Целата должина на трката била 215,7 километри.[5][6]
Екипи
уредиКако нов настан на Светската турнеја, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат. Со тоа, единаесет од осумнаесетте екипи избрале да учестуваат.[7] Дополнително биле поканети и осум професионални континентални екипи, како и германската национална екипа, со што на трката настапиле вкупно 20 екипи.[8]
Екипи од Светската турнеја на UCI (11)
| |
Поредок
уредиЗавршен пласман
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Наводи
уреди- ↑ „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ 3,0 3,1 „Kristoff wins Eschborn-Frankfurt“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 1 мај 2017. Посетено на 1 мај 2017.
- ↑ „Route Elite“. Трка околу Франкфурт. Gesellschaft zur Förderung des Radsports mbH; Amaury Sport Organisation. Архивирано од изворникот на 2017-10-31. Посетено на 30 април 2017.
- ↑ „Strecke Elite“. eschborn-frankfurt.de. Архивирано од изворникот на 2017-04-08. Посетено на 7 април 2017.
- ↑ TG 2017, стр. 11.
- ↑ „Team selection“. Трка околу Франкфурт. Gesellschaft zur Förderung des Radsports mbH; Amaury Sport Organisation. 6 април 2017. Посетено на 30 април 2017.[мртва врска]
- ↑ TG 2017, стр. 7.
- ↑ „Трка околу Франкфурт 2017“. ProCycling.
Извори
уреди- Technical Guide (PDF). Трка околу Франкфурт. Gesellschaft zur Förderung des Radsports mbH; Amaury Sport Organisation. 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-06-27. Посетено на 30 април 2017.
Надворешни врски
уреди- Достигнувања на Cycling Archives
- „Трка околу Франкфурт 2017“. ProCycling.