Илнур Закарин

руски велосипедист

Илнур Азатович Закарин (руски: Ильнур Азатович Закарин; р. 15 септември 1989) — руски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Интермарше-Сиркус-Ванти.[1]

Илнур Закарин
Лични податоци
Цело имеИлнур Азатович Закарин
Роден15 септември 1989(1989-09-15)(35 г.)
Набережње Челни, СССР СССР
Висина1,87 м
Маса68 кг
Податоци за клубот
Мом. клубИнтермарше-Сиркус-Ванти
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Професионални клубови
2012
2013-2014
2015-2019
2020-
Итера-Катјуша
РусВело
Катјуша
Сиркус-Ванти Гобер
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
2 поединечни етапи (2015, 2019)
Тур де Франс
1 поединечна етапа (2016)

Етапни трки

Тур де Романди (2015)
Трка околу Азербејџан (2014)

Еднодневни трки и класици

Национален хронометарски првак (2013, 2017)
Последна промена
21 март 2020

Рана кариера

уреди

Во 2007 година, на 17 години, го освоил Европското јуниорско хронометарско првенство.[2]

Допинг

уреди

Во јули 2009 година, руската велосипедска федерација објавила дека Закарин бил суспендиран на две години откако се покажал позитивен на анаболички стероид метандиенон.[3]

Враќање

уреди

Се вратил по забраната во 2011 година, а во 2012 година потпишал договор со континенталната екипа Итера-Катјуша. Есента 2012 година возел како стажант за Катјуша, но не бил избран од екипата и наместо тоа потпишал за професионалната континентална екипа РусВело, со која возел во 2013-2014.

 
Закарин на Тур де Франс 2016

Во септември 2014 година, Катјуша објавил дека потпишале со Закарин двегодишен договор почнувајќи од 2015 година.[4] Во април 2015 година завршил деветти на Трката околу Баскија. На почетокот на мај 2015, Закарин освоил престижна победа; генералниот пласман на Тур де Романди. Го остварил овој подвиг благодарение на добриот резултат во планините, завршувајќи втор на петтата етапа,[5] и многу добар хронометар на завршната етапа, каде завршил седми и покрај што го сменил велосипедот на средина на патеката поради механички проблеми.[6] Закарин го имал својот прв на настап на некоја голема трка на Џиро д’Италија 2015, каде ја освоил единаесеттата етапа откако нападнал од бегство при силен дожд.[7]

Во 2016 година, Закарин ја освоил шестата етапа на Париз-Ница пред Герајнт Томас (Тим Скај) и Алберто Контадор (Тинкоф).[8] На трката завршил на четвртото место.[9] Закарин ја предводел Катјуша на Џиро д’Италија 2016. На деветнаесеттата етапа, додека бил пласиран петти, имал тежок пад на спустот, здобивајќи се со фрактури на неговата лева клучна коска и рамото и морал да се откаже.[10] Закрепнал од неговите повреди и бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2016.[11] Закарин ја освоил седумнаесеттата етапа на трката откако дошол до Рафал Мајка (Тинкоф) и Харлинсон Пантано (ИАМ Сајклинг) на подножјето на завршното искачување и нападнал на шест километри пред крајот за етапна победа.[12]

На 10 јули 2017 година, Закарин го обновил неговиот договор со Катјуша-Алпесин за две години.[13] Закарин завршил на третото место на Вуелта а Еспања; последен пат Русин да биде на подиум било во 2007 година, кога Денис Мењшов ја освоил трката.[14] Закарин станал руски првак во поединечен хронометар во сезоната[15] и ја завршил својата претставувајќи ја Русија на Светското првенство.

Ја освоил наградата „спортист на годината“ во 2017 година во Татарстан.[16]

Ја започнал сезоната 2018 на Трка Абу Даби.[17]

Личен живот

уреди

Закарин потекнува од Набережње Челни во областа Татарстан, Русија, но живее на Кипар.[18] Оженет е со Викторија, нутриционистка.[19] Првото дете на двојката, ќерката Кристина, се родила во 2016 година.[20] Неговиот брат Ајдар Закарин е исто така велосипедист.[19] Не е посветен муслиман, носи полумесечина, оди во џамија во текот на годината и слуша татарска музика за да го потсети на домот. Вљубеник е во книги.[21]

Достигнувања

уреди
2011
10. Краен пласман Џиро дела Реџоне Фриули Венеција Џулија
2012
1. ГП Донецк
1. Краен пласман ГП Адигеја
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 4
4. Краен пласман Тур Алзас
1. Етапа 5 (ITT)
8. Дуо Норманд
9. Краен пласман Џиробио
1. Етапа 5
1.   Бодовен пласман
10. Краен пласман ГП Сочи
2013
1.   Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман ГП Адигеја
1. Етапа 1 (ITT)
5. Дуо Норманд
2014
1. Краен пласман ГП Сочи
1. Краен пласман ГП Адигеја
1. Етапа 1 (ITT)
1. Краен пласман Трка околу Азербејџан
2. Краен пласман Трка околу Словенија
3. ГП Бруно Бегели
2015
1.   Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 11 Џиро д’Италија
3. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
4. Краен пласман Трка околу Полска
9. Краен пласман Трка околу Баскија
10. Краен пласман Тур де Сан Луис
2016
1. Етапа 17 Тур де Франс
3. Вуелта а Мурсија
4. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 6
4. Краен пласман Тур де Романди
5. Лиеж-Бастон-Лиеж
7. Краен пласман Волта а Каталуња
7. Краен пласман Волта ао Алгарве
2017
1.   Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Трка Абу Даби
3. Краен пласман Вуелта а Еспања
5. Краен пласман Џиро д’Италија
6. Краен пласман Париз-Ница
2018
7. ГП Мигел Индураин
9. Краен пласман Тур де Франс
10. Краен пласман Критериум ди Дофине
2019
8. Краен пласман Тур де Романди
10. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 13
10. Краен пласман Париз-Ница
2020
7. Краен пласман Трка ОАЕ

Распоред на резултатите

уреди
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 44 СО 5 10
  Тур 25 9 51
  Вуелта 3 20
Распоред на резултатите на поголемите етапни трки
Трка 2015 2016 2017 2018 2019
  Париз-Ница 4 6 16 10
  Тирено-Адријатико
  Волта а Каталуња 7 СО 17
  Трка околу Баскија 9 21
  Тур де Романди 1 4 15 8
  Критериум ди Дофине 10
  Тур де Свис

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. „Valter completes CCC Team's 2020 roster“. Cyclingnews.com. Future plc. 25 ноември 2019. Посетено на 1 јануари 2020.
  2. „Results Road Men Junior 2007“. Европски велосипедистички сојуз. 13 октомври 2009. Архивирано од изворникот на 2013-02-13. Посетено на 2015-04-26.
  3. Сузан Вестемајер (28 јануари 2009). „Русија суспендираше тројца млади возачи“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 3 мај 2015.
  4. Тим Катјуша (30 септември 2014). "Тим Катјуша потпиша со Илнур Закарин и Сергеј Лагутин". Соопштение за печат.  посет. 26 јануари 2015 г Архивирано на 9 октомври 2014 г. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-10-09. Посетено на 2015-04-26.
  5. Садб О’Ши (2 мај 2015). „Пино ја освои победата на петтата етапа на Тур де Романди“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 2 мај 2015.
  6. Садб О’Ши (3 мај 2015). „Закарин победи на Тур де Романди“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 3 мај 2015.
  7. „Ilnur Zakarin takes solo win in rainy Imola on stage 11 of Giro d'Italia“. 20 мај 2015. Посетено на 24 јули 2016.
  8. „Zakarin soars to Paris-Nice Queen Stage win“. Посетено на 24 јули 2016.
  9. „Thomas survives thrilling finale to win Paris-Nice“. 13 март 2016. Архивирано од изворникот на 2016-10-13. Посетено на 24 јули 2016.
  10. „Zakarin crashes out of Giro d'Italia with fractured collarbone and shoulder blade“. Посетено на 24 јули 2016.
  11. „2016 > 103rd Tour de France > Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 30 јуни 2016.
  12. „Tour de France: Chris Froome extends lead with four stages remaining“. BBC Sport. Посетено на 20 јули 2016.
  13. „Ilnue Zakarin signs 2-year deal with Team KATUSHA ALPECIN - Teamkatushaalpecin.com/news/ilnur-zakarin-signs-2-year-deal-team-katusha-alpecin“. Посетено на 10 јули 2017.[мртва врска]
  14. Фрум выиграл «Вуэльту Испании», Закарин — на подиуме гонки Гранд-тура
  15. „National Championships Russia - ITT 2017“. www.procyclingstats.com. Посетено на 2018-02-21.
  16. „To slice the cake fairly – but swimmers weren't given enough“. m.realnoevremya.com (англиски). Посетено на 2018-02-21.
  17. „Abu Dhabi Tour 2018“. www.procyclingstats.com. Посетено на 2018-02-21.
  18. „Zakarin sees his way clear to first Tour de France stage win“. Посетено на 24 јули 2016.
  19. 19,0 19,1 Brunel, Philippe (16 мај 2016). „Le fabuleux régime d'Ilnur Zakarin“ [The fabulous diet of Ilnur Zakarin]. L'Equipe (француски). Посетено на 10 април 2018.
  20. Petrequin, Samuel (20 јули 2016). „Zakarin won't discuss Russian doping after Tour win“. USAToday.com. Посетено на 10 април 2018.
  21. „The Russian Riddle: Ilnur Zakarin“. Архивирано од изворникот на 2016-09-10. Посетено на 24 јули 2016.

Надворешни врски

уреди