Дилан Груневеген
Дилан Груневеген (холандски: Dylan Groenewegen; р. 21 јуни 1993 во Амстердам) — холандски професионален друмски велосипедизам, кој вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[3]
Груневеген на Трката околу Келн 2017 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Дилан Груневеген | ||
Роден | 21 јуни 1993 Амстердам, Холандија | ||
Висина | 1,77 м[1] | ||
Маса | 70 кг[2] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Џамбо-Висма | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | спринтер | ||
Професионални клубови | |||
2012–2014 2015 2016- | Велосипедски тим Де Ријке Ромпот Лото НЛ-Џамбо | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 7 март 2020 |
Ран живот
уредиГруневеген е роден во работничко семејство во Амстердам. Неговиот дедо, Ко Зилеман, склопувал рамки за велосипеди, па така Груневеген го добил својот прв велосипед на 7 години. Зилеман поседувал продавница за рамки за велосипеди, која ја започнал неговиот татко во 1928 година, додека таткото на Груневеген, Гери, ја продолжил. На 17 години, Груневеген се запишал на стручно училиште за да ја продолжи традицијата во семејството.[4]
Кариера
уредиПред 2015
уредиГруневеген има изјавено во интервју дека морал да бира помеѓу Ромпот или Ванти-Груп Гобер во 2014 година. Ја одбрал првата екипа, бидејќи тие му дале „многу доверба“.[5]
2015
уредиВо октомври 2015 година било објавено дека потпишал тригодишен договор со Лото НЛ-Џамбо, почнувајќи од 2016 година.[6]
2016
уредиВо јуни, Груневеген станал национален друмски првак откако го претекнал Ваутер Виперт.[7] При оценување на неговиот велосипед бјанки олтре ХР4, Сајмон Ричардсон од Global Cycling Network изјавил дека е „многу лесен возач за соработка“ во поглед на механиката.[8] Груневеген ја освоил четвртата етапа на Трката околу Британија.[9][10]
Бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2016.[11]
2017
уредиНа Трката Дубаи, која се одржала од крајот на јануари до почетокот на февруари, Груневеген завршил втор во генералниот пласман,[12] завршувајќи втор на првите две етапи.[13][14] И покрај тоа што ја испуштил победата за малку, го освоил пласманот за млад возач.[15] На 28 април, Груневеген ја освоил првата етапа на Тур де Јоркшир. Етапата, која била во должина од 174 километри, се решила со фото-завршница, каде тој бил пред австралискиот спринтер Кејлеб Јуан.[16] Завршил четврти на втората етапа.[17] Го продолжил успехот во мај, кога освоил две етапи на Трката околу Норвешка.[18][19]
Тур де Франс започнал добро за Груневеген, кога завршил петти на втората етапа, првата рамна етапа.[б 1][21] Имал уште две завршници меѓу првите десет во првата седмица, кога завршил шести на етапите 6 и 7.[22][23] По две планински етапи и денот за одмор,[24] завршил трет на десеттата етапа.[25][26] Груневеген ја освоил завршната етапа на Тур на Шанзелизе во Париз.[27][28][29]
2018
уредиВо февруари, Груневеген настапил на Трката Дубаи и ја освоил првата етапа.[30] Груневеген го држел водството во генералниот пласман до третата етапа, кога добил казна од 20 секунди откако нелегално возел зад екипното возило откако имал механички дефект. Сината маичка, доделувана на предводникот на трката, ја изгубил од Елија Вивијани, кој го започнал денот со две секунди зад Груневеген, кој пак излегол од првите десет.[31][32] Ја изразил својата лутина, изјавувајќи „Ја имав проблеми со мојот велосипед, механичарите ме заебаа. Јас всушност мислам дека е добра одлука од судиите, но ме заеба мене“, пред да ја пренесе вината на неговите механичари, изјавувајќи „тоа е вина на моите механичари“.[31]
На Тур де Франс, Груневеген ја освоил седмата етапа откако ги поразил Фернандо Гавирија и Петер Саган, обајцата веќе имале по две победи на трката дотогаш.[33] Етапата била најдолга на трката со 231 километар.[34] Груневеген ја освоил и осмата етапа, поразувајќи ги Саган и Џон Дегенколб.[35][36] Во интервју, Груневеген рекол дека спринтот бил „малку хаотичен“, но изјавил дека тој „избил напред“ и ја искористил предноста од „добра шанса“.[35]
2019
уредиГруневеген ја освоил седмата етапа на Тур де Франс, најдолгата етапа на трката со 230 километри. Ги поразил Кејлеб Јуан и Саган, со што стигнал до четврта етапна победа на Тур де Франс.[37][38]
Груневеген ги освоил етапите 1, 3 и 5 на Трката околу Британија, поразувајќи ги Давиде Чимолаи, Матје ван дер Пул и Метју Волс на соодветните етапи.[39][40][41]
Личен живот
уредиДо 2017 година, Груневеген живеел во Ривиренбурт, населба во Амстердам.[4]
Достигнувања
уреди- 2012
- Вуелта Сиклиста а Леон
- 3. Минстерланд Џиро
- 4. Национале Слејтингспрејс
- 9. Класик Дач Фуд Вали
- 9. Омлоп ван хет Хутланд
- 2013
- 1. Кернен Омлоп Ехт-Сустерен
- 1. Трка околу Северна Холандија
- 2. Трка околу Фландрија за младинци
- 5. Краен пласман Трка Олимпија
- 6. Национале Слејтингспрејс
- 9. Антверпсе Хавенпејл
- 2014
- 1. Трка околу Фландрија за младинци
- 1. Етапа 2 Тур де Норманди
- 3. Трофео Палма
- 10. Гојксе Пејл
- 2015
- 1. Класик Арнем-Венендал
- 1. Бриселски велосипедски класик
- 5. Класик Хандзаме
- 7. ГП Стад Зотегем
- 2016
- 1. Национално друмско првенство
- Тур де Јоркшир
- Стер ЗЛМ Тур
- 1. Трка околу Келн
- 1. Хејстсе Пејл
- 1. Тур де л’Еурометропол
- 1. Класик Арнем-Венендал
- 1. Етапа 1 Енеко Тур
- 1. Етапа 4 Трка околу Британија
- 1. Етапа 1 Три дена Западна Фландрија
- 1. Етапа 3 Волта а ла Комунитата Валенсијана
- 3. Нокере Курсе
- 4. Курне-Брисел-Курне
- 6. Јуроајс Класик
- 6. Ле Самин
- 9. Схелдепрејс
- 2017
- 1. Етапа 21 Тур де Франс
- Стер ЗЛМ Тур
- Трка околу Норвешка
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 5 Трка околу Гуангси
- 1. Етапа 1 Тур де Јоркшир
- 1. Етапа 7 Трка околу Британија
- 2. Краен пласман Трка Дубаи
- 2. Фландриско првенство
- 3. Национално друмско првенство
- 3. Јуроајс Класик
- 3. Про Класик Такс
- 5. Дварс дор Вландерен
- 5. Минстерланд Џиро
- 2018
- 1. Курне-Брисел-Курне
- 1. Класик Арнем-Венендал
- 1. Фландриско првенство
- Тур де Франс
- 1. Етапа 7
- 1. Етапа 8
- Трка околу Норвешка
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 4
- Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 2 Париз-Ница
- 1. Етапа 1 Трка околу Гуангси
- 1. Етапа 1 Трка Дубаи
- 1. Етапа Трка околу Словенија
- 7. Гојксе Пејл
- 2019
- 1. Три дена Брухе-Де Пане
- 1. Класик Такс Про
- Четири дена Динкерк
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- Трка околу Британија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 5
- Тур де Франс
- 1. Етапа 2 (ТТТ)
- 1. Етапа 7
- Париз-Ница
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 4 Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 5 Волта а ла Комунитат Валенсијана
- 3. Фландриско првенство
- 4. Курне-Брисел-Курне
- 4. Класик Примус
- 7. Краен пласман Трка ЗЛМ
- 2020
- Волта а ла Комунитат Валенсијана
- 1. Етапа 4 Трка ОАЕ
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | DNF | — | — |
Тур | 160 | 156 | СО | 145 | — | — | 117 |
Вуелта а Еспања | — | — | — | — | — | — | — |
Распоред на резултатите на класиците
уредиМонумент | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | — | — | — | — | — | — | 78 |
Трка околу Фландрија | СО | — | — | — | — | — | — | — |
Париз-Рубе | — | — | 47 | 44 | — | — | 81 | — |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | — | — | — | — | — | — | — | — |
Џиро ди Ломбардија | — | — | — | — | — | — | — | |
Класици | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
Омлоп Хет Ниусблад | — | — | 25 | — | — | — | — | — |
Курне-Брисел-Курне | СО | 4 | 18 | 1 | 4 | — | — | — |
Дварс дор Вландерен | 32 | 58 | 5 | 81 | — | — | — | 107 |
Гент-Вевелгем | СО | — | 80 | 93 | — | — | — | CO |
Схелдепрејс | 119 | 9 | 58 | СО | — | — | — | СО |
Класик Хамбург | — | 6 | 3 | — | — | — | — | |
Класик Бретања | — | — | — | — | — | — | — | |
Париз-Тур | — | — | 19 | — | — | — | 25 |
Распоред на резултатите на првенствата
уредиТрка | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | |
---|---|---|---|---|---|
Олимписки игри | Хронометар | не се одржал | — | не се одржал | |
Друмска трка | — | ||||
Светски првенства | Хронометар | — | — | — | — |
Друмска трка | — | 37 | — | — | |
Национални првенства | Хронометар | — | — | — | — |
Друмска трка | 4 | 1 | 3 | 31 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Белешки
уредиНаводи
уреди- ↑ „Team Jumbo-Visma - Dylan Groenewegen“. Архивирано од изворникот на 2021-12-17. Посетено на 15 јули 2019.
- ↑ „Dylan Groenwegen“. ProCyclingStats. Посетено на 15 јули 2019.
- ↑ „Team Jumbo-Visma 2020 roster presented in Amsterdam“. Бјанки. F.I.V. Edoardo Bianchi S.p.A. 20 декември 2019. Посетено на 2 јануари 2020.
- ↑ 4,0 4,1 Рашке, Ерик (31 мај 2017). „Dylan Groenewegen: Charging through the chaos while holding tightly to the past“. Архивирано од изворникот на 2021-12-17. Посетено на 7 октомври 2019.
- ↑ „Dylan Groenewegen: Focused on the Classics in 2015“. caferoubaix.com. 22 јануари 2015. Посетено на 5 март 2020.
- ↑ „Transfer news: Rowney signs for Orica-AIS“. cyclingnews.com. 6 октомври 2015. Посетено на 8 октомври 2015.
- ↑ „Groenewegen sprints to Dutch national road title“. cyclingnews.com. 25 јуни 2016. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ „Dylan Groenewegen's NEW Bianchi Oltre XR4 Tour De France 2016“. Global Cycling Network. 23 јули 2016. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ Хенрис, Колин (7 септември 2016). „Tour of Britain 2016: Dylan Groenewegen outsprints Dan McLay to win stage four“. roadcyclinguk.com. Архивирано од изворникот на 2021-12-17. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ Фотерингем, Вилијам (7 септември 2016). „Dylan Groenewegen confirms progress with Tour of Britain stage win“. theguardian.com. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ „2016 > 103rd Tour de France > Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 30 јуни 2016.
- ↑ Робертшо, Хенри (4 февруари 2017). „Marcel Kittel wins final stage and overall of Dubai Tour as mechanical costs Mark Cavendish“. cyclingweekly.com. Посетено на 20 јануари 2020.
- ↑ Робертшо, Хенри (31 јануари 2017). „Marcel Kittel powers to Dubai Tour stage one win with Mark Cavendish third“. Cycling Weekly. Time Inc. UK. Посетено на 20 јануари 2020.
- ↑ „Kittel sprints to opening Dubai Tour win — on disc brakes“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 31 јануари 2017. Посетено на 20 јануари 2020.
- ↑ „2017 Dubai Tour Final Classification Results“. 4 февруари 2017. Архивирано од изворникот на 2020-09-20. Посетено на 20 јануари 2020.
- ↑ „Dylan Groenewegen sprints to victory on stage one of Tour de Yorkshire“. theguardian.com. 28 април 2017. Посетено на 20 јануари 2020.
- ↑ Дејл, Тим (29 април 2017). „Tour de Yorkshire 2017: Stage two updates“. bbc.co.uk. Посетено на 20 јануари 2020.
- ↑ „Groenewegen bags sprint win in Tour of Norway“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 18 мај 2017. Посетено на 20 јануари 2020.
- ↑ „Tour of Norway: Groenewegen sprints to stage 4 victory“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 20 мај 2017. Посетено на 20 јануари 2020.
- ↑ „Valverde crashes out of Tour de France“. cyclingnews.com. 1 јули 2017. Посетено на 22 јануари 2020.
- ↑ Барнтон, Сајмон (21 февруари 2018). „Tour de France 2017: Marcel Kittel wins stage two, Thomas stays in yellow – as it happened“. theguardian.com. Посетено на 22 јануари 2020.
- ↑ Рајан, Бери (6 јули 2017). „Tour de France: Kittel wins sprint in Troyes“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 22 јануари 2020.
- ↑ Вестермајер, Сузан; Вајсло, Лора (7 јули 2017). „Tour de France: Kittel makes it three in Nuits-Saint-Georges“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 22 јануари 2020.
- ↑ „Tour de France 2017: Route and Stages“. Посетено на 22 јануари 2020.
- ↑ Кери, Том (11 јули 2017). „Tour de France 2017, stage 10: Marcel Kittel blows field away while Chris Froome ties with Jacques Anquetil on 50 yellow jerseys“. telegraph.co.uk. Посетено на 22 јануари 2020.
- ↑ „Tour de France 2017: Germany's Marcel Kittel sprints to stage 10 win“. bbc.co.uk. 11 јули 2017. Посетено на 22 јануари 2020.
- ↑ Вилијам Фотерингем (23 јули 2017). „Chris Froome wins fourth Tour de France after Champs Elysées procession“. The Guardian. Посетено на 23 јули 2017.
- ↑ Кери, Том (11 јули 2017). „Tour de France 2017, stage 10: Marcel Kittel blows field away while Chris Froome ties with Jacques Anquetil on 50 yellow jerseys“. telegraph.co.uk. Посетено на 20 јануари 2020.
- ↑ Кеш, Ден (6 февруари 2018). „Groenewegen making his case as rising sprint star“. velonews.com. Посетено на 20 јануари 2020.
- ↑ Ли, Арон (6 февруари 2018). „Tour of Dubai: Dylan Groenewegen upsets stellar sprint field to claim Dubai Tour opener“. Eurosport. Посетено на 10 октомври 2019.
- ↑ 31,0 31,1 Пит, Верн (8 февруари 2018). „Dylan Groenewegen blasts team mechanics after losing Dubai Tour lead through time penalty“. Cycling Weekly. Посетено на 10 октомври 2019.
- ↑ О’Ши, Садб (8 февруари 2018). „Cavendish wins Dubai Tour stage 3“. Cyclingnews.com. Посетено на 10 октомври 2019.
- ↑ Пол Дојл и Џон Фотерингем (13 јули 2018). „Tour de France 2018: Dylan Groenewegen wins stage seven – as it happened“. The Guardian. Посетено на 13 јули 2018.
- ↑ Фотерингем, Вилијам (5 јули 2018). „Tour de France 2018: stage-by-stage guide“. TheGuardian.com. Guardian Media Group. Архивирано од изворникот 17 јануари 2019. Посетено на 8 октомври 2019.
- ↑ 35,0 35,1 Skelton, Jack (14 јули 2018). „Tour de France 2018: Dylan Groenewegen takes stage eight for second straight win“. bbc.co.uk. Посетено на 8 октомври 2019.
- ↑ Џон Меклири (14 јули 2018). „Tour de France 2018, stage eight: Dylan Groenewegen claims second successive win as Fernando Gaviria and Andre Greipel are relegated“. The Telegraph. Посетено на 14 јули 2018.
- ↑ „Tour de France: Dylan Groenewegen wins stage seven as Giulio Ciccone retains yellow jersey“. bbc.co.uk. 12 јули 2019. Посетено на 7 октомври 2019.
- ↑ Паркер, Ијан (12 јули 2019). „Tour de France 2019: Dylan Groenewegen wins stage seven as Giulio Ciccone retains yellow jersey“. independent.co.uk. Посетено на 7 октомври 2019.
- ↑ „Tour of Britain: Dutchman Dylan Groenewegen wins stage one“. bbc.co.uk. 7 септември 2019. Посетено на 7 октомври 2019.
- ↑ „Tour of Britain: Dylan Groenewegen wins stage three from Mathieu van der Poel“. bbc.co.uk. 9 септември 2019. Посетено на 7 октомври 2019.
- ↑ Фаранд, Стивен (11 септември 2019). „Tour of Britain: Groenewegen wins stage 5“. cyclingnews.com. Посетено на 7 октомври 2019.
Награди | ||
---|---|---|
Спортски позиции | ||
Претходник Ники Терпстра |
Национален друмски првак 2016 |
Наследник Рамон Синкелдам |
Надворешни врски
уреди„Дилан Груневеген“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Дилан Груневеген“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Дилан Груневеген“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Дилан Груневеген“. ProCycling.