Трка околу Баскија 2017
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 57. Трка околу Баскија | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2017 2.UWT | ||
Етапи | 6 | ||
Датуми | 3 – 8 април | ||
Растојание | 828,8 км | ||
Држава | Шпанија | ||
Поаѓалиште | Памплона | ||
Одредиште | Ејбар | ||
Екипи | 20 | ||
Возачи на почеток | 160 | ||
Возачи на крај | 129 | ||
Просечна брзина | 40,057 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Алехандро Валверде (Мовистар) | ||
Второпласиран | Алберто Контадор (Трек-Сегафредо) | ||
Третопласиран | Јон Исагире (Бахреин Викториус) | ||
Бодовен | Алехандро Валверде (Мовистар) | ||
Планински | Алекс Хаус (ЕФ Едукејшн-ИзиПост) | ||
Спринтерски | Љуис Мас (Каха Рурал-Сегурос РГА) | ||
Екипен | Бахреин Викториус | ||
◀2016 | 2018▶ | ||
Документација |
Трка околу Баскија 2017 — 57. издание на велосипедската етапна Трка околу Баскија, која се одржала помеѓу 3 и 8 април како четиринаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
Трката била освоена по првпат од Алехандро Валверде од Мовистар Тим,[3] кој го презел водството на трката на претпоследниот ден по победата на кралската етапа во Ејбар, пред да го продлабочи своето водство завршувајќи втор на завршниот поединечен хронометар; со овие завршница, Валверде го презел и бодовниот пласман од возачот на Тим Санвеб, Мајкл Метјус. Валверде завршил 17 секунди пред четирикратниот победник Алберто Контадор (Трек-Сегафредо) додека сешпанскиот подиум бил заокружен со националниот хронометарски првак, Јон Изагире, уште четири секунди зад Контадор од екипата Бахреин-Мерида.
Во другите пласмани на трката, возачот на Канондејл-Драпак, Алекс Хаус, ја освоил точкестата маичка како победник на планинскиот пласман, Љуис Мас (Каха Рурал-Сегурос РГА) бил победник на пласманот на средните спринтови, додека Бахреин-Мерида го освоил екипниот пласман.
Рута
уредиЦелата рута на Трката околу Баскија 2017 била објавена на 23 март 2017 година.[4]
Етапа | Датум | Тек | type | Растојание (км) | Победник | Cевкупен лидер |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 3 апр | Памплона – Егуес | 153,3 | Мајкл Метјус | Мајкл Метјус | |
2 | 4 апр | Памплона – Елсиего | 173,4 | Михаел Албасини | Мајкл Метјус | |
3 | 5 апр | Виторија – Доностија/Сан Себастијан | 160,5 | Давид де ла Крус | Давид де ла Крус | |
4 | 6 апр | Доностија/Сан Себастијан – Билбао | 174,1 | Примож Роглич | Давид де ла Крус | |
5 | 7 апр | Билбао – Ејбар | 139,8 | Алехандро Валверде | Алехандро Валверде | |
6 | 8 апр | Ејбар – Ејбар | 27,7 | Примож Роглич | Алехандро Валверде |
Екипи
уредиБидејќи Трката околу Баскија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Две професионални континентални екипи — Кофидис и Каха Рурал-Сегурос РГА — биле поканети, со што била заокружена главната група од 20 екипи.[6] Бидејќи секоја екипа имала осум возачи, се очекувале вкупно 160 возачи на почетокот на првата етапа.
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
| |
Етапи
уредиЕтапа 1
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Етапа 2
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Етапа 3
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Етапа 4
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Етапа 5
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Етапа 6
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Завршен пласман
уреди
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Поредок
уредиНа Трка околу Баскија 2017 се доделувале четири различни маички. На генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка.[7] Овој пласман бил сметан за најважен на Трката околу Баскија 2017 и победникот на пласманот бил победник на трката. Немало бонус секунди.
Место | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 |
---|---|---|---|---|---|---|
Бодови за категорија 1 | 10 | 8 | 6 | 4 | 2 | 1 |
Бодови за категорија 2 | 6 | 4 | 2 | 1 | 0 | |
Бодови за категорија 3 | 3 | 2 | 1 | 0 |
Дополнително, постоел бодовен пласман, на кој се доделувала белата маичка.[7] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите 15 места на етапата. За победа на етапа, возачот добивал 25 бода, второто место добивало 20 бода, третото место 16 бода, четвртото 12 бода, петтото 12, шестото 10 и по еден бод помалку до еден бод за 15. место. Постоел и спринтерски пласман, обележан со сината маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите три места на средните спринтови во текот на етапите, со исклучок на завршниот поединечен хронометар.[7]
Четвртата маичка го претставувала планинскиот пласман, каде водството во пласманот било обележано со црвена маичка со бели точки.[7] Во планинскиот пласман, бодовите биле освојувани доколку велосипедистите стигнат на некое искачување пред останатите велосипедисти и повеќе бодови биле достапни на повисоките категоризирани искачувања.[7] Постоел и екипен пласман, во кој времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа биле собирани заедно; водечката екипа на крајот на трката била екипата со најниско вкупно време.[7]
Етапа | Победник | Генерален пласман |
Бодовен пласман |
Планински пласман |
Спринтерски пласман |
Екипен пласман |
---|---|---|---|---|---|---|
1[8] | Мајкл Метјус | Мајкл Метјус | Мајкл Метјус | Јоан Баго | Љуис Мас | Бора-Хансгрое |
2[9] | Михаел Албасини | |||||
3[10] | Давид де ла Круз | Давид де ла Круз | Алекс Хаус | |||
4[11] | Примож Роглич | Јонатан Ластра | Бахреин-Мерида | |||
5[12] | Алехандро Валверде | Алехандро Валверде | Љуис Мас | |||
6[3] | Примож Роглич | Алехандро Валверде | ||||
На крај | Алехандро Валверде | Алехандро Валверде | Алекс Хаус | Љуис Мас | Бахреин-Мерида |
Наводи
уреди- ↑ „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. Посетено на 2 октомври 2016.
- ↑ 3,0 3,1 „Valverde wins the Vuelta al Pais Vasco“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 8 април 2017. Посетено на 8 април 2017.
- ↑ „Tour of the Basque Country: Stages and profiles“. Ciclo21 (шпански). CiclismoDigital S.L. 23 март 2017. Посетено на 27 март 2017.
- ↑ „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ Brochure 2017, стр. 73.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 Brochure 2017, стр. 9.
- ↑ „Vuelta al Pais Vasco: Matthews claims first stage victory“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 3 април 2017. Посетено на 3 април 2017.
- ↑ „Pais Vasco: Albasini wins stage 2“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 4 април 2017. Посетено на 4 април 2017.
- ↑ Cash, Dane (5 април 2017). „De la Cruz solos to stage 3 victory in Vuelta al Pais Vasco“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 6 април 2017.
- ↑ „Pais Vasco: Primoz Roglic wins stage 4“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 6 април 2017. Посетено на 6 април 2017.
- ↑ „Valverde wins queen stage of Vuelta al Pais Vasco“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 7 април 2017. Посетено на 7 април 2017.
Извори
уреди- Official brochure 2017 (Portable Document Format). Трка околу БаАскија. Organizaciones Ciclistas Euskadi. 2017. Посетено на 1 април 2017.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Достигнувања на Cycling Archives
- „Трка околу Баскија 2017“. ProCycling.